Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Димитар Димитров таткото на овој копуков бугарофилски што се појавува во секој втор кадар на видеата на СКСШ ?
да бе основачи и идеолози на ВМРО ДПМНЕ
за нив имаш нешо?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Што се однесува до платформата Грујо требаше да го предложи тоа на Заев кога го имаше мандатот, а не да оди на баци рака кај Али. Сега е веќе касно оти никој не верува дека ќе го подржат СЈО и ќе ги гласаат законите на Заев, кој гарантира дека пратениците нема да се предомислат ? .
Па редот е помалиот (поразениот) да го предложи тоа. А тоа е СДСМ.
Најдобро е македонците од пратениците (плус оние кои имаат желба) да состават владино мнозинство и да формираат влада, премиер може да е некој трет. Значи,и од СДСМ, и од ВМРО ДПМНЕ. Тука се секако и пратениците од другите малцинства, од коалициите.[DOUBLEPOST=1488717661][/DOUBLEPOST]Лет, што има „компромитирачко“ во минатото во семејствата На Љ. Георгиевски и А. Милошоски? Агенти, функционери, „глаучи“...? Нивната јавна историја почнува од нив.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.727
Поени од реакции
29.393
Тоа што зборуваш е супер, ама не гледам како твојот став е решение за да се разбие тој кластер.
Ако го делиме твојот став и правиме маргина, во иднина, после 30 години со ваквата пропаганда што се тера, тие ќе оформат држава и кажи ми дали после 30 години со ваков начин на гледање на работите тие нема да сакат да се одделат и да си направат држава?

Еве ќе ти ги наведам најголемите грешки што владава изминативе 10 години правеше и иницираше маргини и поделби, поправи ме ако грешам.

1.Иницираше Скопје да постане држава, голем број Македонци од западна и источна Македонија на работ на егзистенцијата беа принудени да се преселат во Скопје.
Отиди во некој помал град надвор од Скопје и види каква е ситуацијата со Македонците.

2.Кажи ми дека воинот на коњ, бродовите, сета таа архитектура и уметност во Скопје 2014 не е иницијатор на поделба и конфликти и дали по целиот криминал што се направи таму, за малку не иницира етнички конфликти?

3. Македонија се иселува. Бугарски пасоши, сите пријатели и студенти кои заминаа на студии во странство не се враќаат. Но затоа пензионерите се таа таргет група која е најбитна за владата да опстои.. Не е битно што младите заминуваат и ти очекуваш утре со ваквата политика да имаш држава на Македонците?

4. Поделбата меѓу Македонскиот народ на предавници и патриоти.
Уште една грешка која створи маргини и кластер измеѓу самиот Македонски народ. Кон едните има секојдневно омаловажување, инспекции од илјадници евра и казни, принудени да се иселат од државата. Другите, шлајмот, се ранат од придонесите на приватњаците, парите не одат таму како што треба за некои буџетарски и пензионерски лебарки да добијат повеќе пари.

5. Постоење пазар и криминал со ДУИ кое траеше твеќе 8 години. Кажи ми дали тензиите што се ствараа по автобусите, додавање различен термин за одење на училиште, амнестија на Хашките случаи, плашењето и заплашувањето, Монструм, не беа последица на пазари меѓу ВМРО и ДУИ.

6. Погубните меѓународни политики
Бевме блиски до НАТО, ЕУ но сега сме далеку од вистината. После сиот терор што го направи оваа влада, ние сме далеку од меѓународната заедница.
НАТО е фактор кој може да гарантира за стабилност на нашата држава и зацврстени граници, но побитен беше криминалот отколку зајакната странска контрола.

- Дали мислиш дека вака како што тера Македонија би опстанала како држава и Албанците утре не би се свестиле дека можеби си оформиле добар кластер, доволен да си основаат држава.
И дали единствениот спас и излез да не дојде до поделби е влегување во НАТО и изнаоѓање решенија на некакво зближување на овие 2 нации во оваа наша држава?
Мојот став е солидно решение.
Во мојот живот сум учела со босанци, торбеши, роми, турци, со сите освен албанци. Затоа што албанците си имаат посебни школи, паралелки и така натаму. Тука се прави раздорот. Дете не разбира национализам. Ама дете секогаш се плаши од непознатото.
Мислам дека треба да имаме заеднички училишта и заеднички паралелки.
Инаку, не сум од Скопје, ми смета тоа што сум присилена да работам во Скопје.
И не ме сфаќај погрешно, верувам дека може да се казни криминалот и без да имаме двојазична Македонија.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
825
Поени од реакции
839
Го прочитав и те сфатив. И пак те прашувам уште еднаш: Дали пастирот откога ќе го затвориме, пошто он не делел до сега цело време, пред тоа тензии не постоеле, ќе се решат сите проблеми на Македонците? Македонците нема да се иселуваат од места кај што живеат Албанци? Децата нема да им бидат тепани и убивани? Албанците само ради тоа шо се Албанци нема да добиваат вработувања и други бенефиции во државава? Ќе престанат да се градат џамии и Македонија нема да се претвора во калифат? Нема да може да прават што сакаат без да одговараат кривично? Нема да истакнуваат карти на Голема Албанија и да го палат знамето?
Дали мислиш дека ако не излегоа криминалите на ВМРО дпмне, овие прашања ќе се отвореа овој период. Главен повод и тригер на овие разговори што се осетливи за нашава нација се директива доказот за криминали на ВМРО ДПМНЕ.

Допрва, значи допрва ќе ги осеќаме последиците на сето тоа што се направи овие 11 години. Данокот ќе го плаќаме затоа што наштиот народ не е доволно свестен сеуште на кој се довери да го владее и манипулира.
Признавам дека Заев игра опасна политика, но мое мислење е дека тоа не го прави затоа што сака, туку затоа што е приморан и не изнајде друг начин за да се исчисти оваа багра.
Се додека не го крши уставот, за мене лично е во ред политичар да се бори за да симне криминална власт.
За сите негови грешки откако ќе ги има функција како премиер, јавно ќе го критикувам на форумот.
Не сум семка како "jamajka" па да оправдувам криминали на оние што се на власт, од проста причина што никогаш некој од мојата фамилија некогаш зависел или ќе зависи од некаква власт и не чекаме како лешинари да заграбиме некое парче.

ДПМНЕ самиот може да видиш дека денес не бира средства како да опстане на власт, кажи ми дали имаме шанса како држава да опстанеме со нивната политика?
И кажи ми дали е во ред да се даде шанса во рамките на уставот на некој кој претендира да ги исчисти криминалите и ветува подобар живот за Македонија?

После 11 години, факт е дека сеуште народот не е свестен да делува самостојно и да ги превземе работите во свои раце?
Факт е дека имаш ВМРОВСКА војска која може да делува во секој миг, лично таа војска повеќе ме плаши и носи штета на државата од Албанците.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.890
Поени од реакции
18.605

Се слагам со се што си пишал. Правната држава мора да профункционира ако сакаме воопшто да се нарекуваме држава и мора од некаде да се почне. Проблемот е што покрај сите проблеми кои што постојат некој пробува да ги дозакомплицира работите со нови ултиматуми кога ситуацијата може да стане нестабилна. И тоа што ти не му ги прифаќаш тие ултиматуми некој ти вика дека ти сакаш да ја втурнеш Македонија во војна. Е нече мочи тако, постојат граници на се.
 
G

Goldie

Гостин
Димитар Димитров таткото на овој копуков бугарофилски што се појавува во секој втор кадар на видеата на СКСШ ?
Супер ви беше истиот Никола додека беше Дпмне и го праќаа како амбасадор во Холандија па после дури и во братската Москва го пративте од каде што напушти самиот.
Ама тоа е ве боли вистината што ја кажа дека овие сегашните го грдат името Вмро, ги узурпираа сите државни институции и уште еден куп други работи..

Живти мајка не пробувај да мешаш баби и жаби. Значи за меѓуетничко прашање, одговараш со цела страна пост кај што збориш за криминалите на ДПМНЕ. Прашањето е едноставно: Дали Македонците и Албанците може да живеат заедно? Дали ти твоите деца слободно би ги пуштил да шетаат и играат во Сарај, Кондово, Чаир и така натаму? Дали таму би купил стан кај што сите комшии би ти биле Албанци? Излезете бе од тој трип на купен мир и тишина, колку побрзо се реши прашањето со нив, па макар и со поделби, толку подобро за Македонците. Не сме ние ниту УСА, и Заев не е Обама, он сака да се вози на тој воз али делува смешно кога малце пообјективно ќе ја изанализираш ситуацијата.
Па Заев постави основа за граѓански партии а не само национални како до сега
Верувам дека има повеќе шанси да се искоренат сите овие негативности со политичар како него отколку со националисти и криминалци како Грујо
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Член од
26 јануари 2007
Мислења
825
Поени од реакции
839
Мојот став е солидно решение.
Во мојот живот сум учела со босанци, торбеши, роми, турци, со сите освен албанци. Затоа што албанците си имаат посебни школи, паралелки и така натаму. Тука се прави раздорот. Дете не разбира национализам. Ама дете секогаш се плаши од непознатото.
Мислам дека треба да имаме заеднички училишта и заеднички паралелки.
Инаку, не сум од Скопје, ми смета тоа што сум присилена да работам во Скопје.
И не ме сфаќај погрешно, верувам дека може да се казни криминалот и без да имаме двојазична Македонија.

- Морам да признаам, една од ретките разумни дискусии која сум ја начекал на форумот.

Морам и да кажам дека мислам дека погрешно го толкуваш ставот за двојазичноста кон кој што цели Заев.

Првин да го причитаме членот уставот кој е недвосмислен :

Член 7
Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон.

Во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите, под услови и на начин утврдени со закон.

Замисли ја Македонија со темиња (локални единици) и врски кон сите останати подрачни единици.
Носење на закон кој што Заев го предлага не е зборување на два јазика во подрачни единици каде живее главно Македонско население (пример : Струмица - Берово)
Туку шанса да се оформи врска помеѓу (Тетово - Струмица) доколку службеникот од Тетово сака да зборува на Албански јазик и службеникот од Струмица сака да зборува на Албански јазик.
Обратната врска би се реализирала исто како што е и до ден денес.
Во 99% од случаите Албанците од Тетово ќе бидат приморани да зборуваат на Македонски затоа што знаат дека со службениците од Струмица не би можеле да се разберат, но ќе го имаат тоа право некогаш и некаде, да може да се изјаснат на Албански.
Jaс не гледам како ваква врска би можела да фатална за Македонија, затоа што и не е против-уставна.
Доколку ние како Македонци сме ја направиле грешката во 2002 година и сме го подржале менувањето тој член од уставот, тогаш требало да излеземе со пушка во раце и сите самостојно да ја браниме Македонија пред многу години, а не денеска да тагуваме зошто би можело да се донесе таков закон.
Ваков закон кој не го задира уставот се носи со цел да се дојде на власт, точно, но во исто време да се исчисти една гнасна багра која доведе се биде приморан да се донесе таков закон.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Тоа што зборуваш е супер, ама не гледам како твојот став е решение за да се разбие тој кластер.
Ако го делиме твојот став и правиме маргина, во иднина, после 30 години со ваквата пропаганда што се тера, тие ќе оформат држава и кажи ми дали после 30 години со ваков начин на гледање на работите тие нема да сакат да се одделат и да си направат држава?

Еве ќе ти ги наведам најголемите грешки што владава изминативе 10 години правеше и иницираше маргини и поделби, поправи ме ако грешам.

1.Иницираше Скопје да постане држава, голем број Македонци од западна и источна Македонија на работ на егзистенцијата беа принудени да се преселат во Скопје.
Отиди во некој помал град надвор од Скопје и види каква е ситуацијата со Македонците.

2.Кажи ми дека воинот на коњ, бродовите, сета таа архитектура и уметност во Скопје 2014 не е иницијатор на поделба и конфликти и дали по целиот криминал што се направи таму, за малку не иницира етнички конфликти?

3. Македонија се иселува. Бугарски пасоши, сите пријатели и студенти кои заминаа на студии во странство не се враќаат. Но затоа пензионерите се таа таргет група која е најбитна за владата да опстои.. Не е битно што младите заминуваат и ти очекуваш утре со ваквата политика да имаш држава на Македонците?

4. Поделбата меѓу Македонскиот народ на предавници и патриоти.
Уште една грешка која створи маргини и кластер измеѓу самиот Македонски народ. Кон едните има секојдневно омаловажување, инспекции од илјадници евра и казни, принудени да се иселат од државата. Другите, шлајмот, се ранат од придонесите на приватњаците, парите не одат таму како што треба за некои буџетарски и пензионерски лебарки да добијат повеќе пари.

5. Постоење пазар и криминал со ДУИ кое траеше твеќе 8 години. Кажи ми дали тензиите што се ствараа по автобусите, додавање различен термин за одење на училиште, амнестија на Хашките случаи, плашењето и заплашувањето, Монструм, не беа последица на пазари меѓу ВМРО и ДУИ.

6. Погубните меѓународни политики
Бевме блиски до НАТО, ЕУ но сега сме далеку од вистината. После сиот терор што го направи оваа влада, ние сме далеку од меѓународната заедница.
НАТО е фактор кој може да гарантира за стабилност на нашата држава и зацврстени граници, но побитен беше криминалот отколку зајакната странска контрола.

- Дали мислиш дека вака како што тера Македонија би опстанала како држава и Албанците утре не би се свестиле дека можеби си оформиле добар кластер, доволен да си основаат држава.
И дали единствениот спас и излез да не дојде до поделби е влегување во НАТО и изнаоѓање решенија на некакво зближување на овие 2 нации во оваа наша држава?
Број:
1. НЕ..Тоа не е процес од пред 10 години туку инициран уште со првата ЈУ петолетка, врвот го досегна после земјотресот 63 и траеше до распадот на Југославија.., таа политика ама ништо нема со ВМРО , баш напротив...
2.За архитектурата на проектот Скопје 2014 можеш да дискутираш како секој слободен човек според своите критериуми за архитектура, но судот ќе го каже времето , како за сите такви проекти од времето на Перикле во Атина , до ден денешен на овие простори.., а и секаде..
3.Сите се иселуваат не само од Македонија. Македонците можеби со бугарски пасоши бидејќи тоа е политика на Европа.., Таа бара закачки една мала земја да биде дискриминирана, на основа : а немаш капа говедо едно...
4.Поделбата еве ти ја правиш во точка 4...на шљам и аристократи, приватници и работници, пензионери и багабонти..., терај така, ќе видиме каде ќе стигнеш..
5.Со ДУИ или со кој било од шипатаресите нема пазар..тие се заштитени свети крави и пљачкаат според сопствен избор.За тоа кој ги штити види во Википедија и Викиликс. Интересно е дека е тоа така уште од појавата на тие изроди на овие простори од турско навака...изгледа се погодни за таа намена...
7.Ние како Македонци никогаш не сме биле близу до НАТО и ЕУ, ако си мислел така ти или било кој, тоа било можеби заради младешката наивност, погрешните информации или си едноставно глуп..
Криминал во онаков вид за каков алудираш нема во Македонија. Има гебеловистичка пропаганда со цел за разнебитување на Македонија на Македонскиот народ...еве веќе и усулот исчезнува ..тоа отворено се заговара и сили дури и од оние љигавци кои ни се правеа големи пријатели...така да и курва избрана во тиранскиот парламент се осмелува да лае на нас како е време да бидеме прегазени и уништени заради шипатарскиот Lebensraum....
Другите видови криминал , па и оној финансискиот не верувам дека е во проценти и за јота поголем од оној вообичаен еве во Европа. Дури напротив, сигурно е помал.
Ако зборуваме за гаранциите на НАТО за нашата безбедност како држава , не гледам за што зборуваме..?? НАТО е чврсто околу нас во дебел слој од барем 2500 км. Ако некој може да ја наруши нашата безбедност, па и физичката тоа е НАТО и никој друг.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
825
Поени од реакции
839
Се слагам со се што си пишал. Правната држава мора да профункционира ако сакаме воопшто да се нарекуваме држава и мора од некаде да се почне. Проблемот е што покрај сите проблеми кои што постојат некој пробува да ги дозакомплицира работите со нови ултиматуми кога ситуацијата може да стане нестабилна. И тоа што ти не му ги прифаќаш тие ултиматуми некој ти вика дека ти сакаш да ја втурнеш Македонија во војна. Е нече мочи тако, постојат граници на се.
Границите се уставот, се додека уставот не е скршен, јас можам мирно да спијам.
Уставот е скршен од страна на претседателот подржувајќи криминал отварајќи шанса да избие граѓанска војна. Тоа е поголем превид од оној на Заев.
Менување на уставот е редефинирање на државата, не е редифинирање предлог закон кој воопшто не се ни знае дали во практична смисла може да се реалзира и сигурен сум дека ќе треба огромно време да помине разни дискусии пред да се донесе и да се оформи како што треба.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Мислам дека имаме јавен обвинител во државата.
Да функционираа институциите, и да немаше интервенција од странство, ништо од ова немаше да се случува.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Znaci slovenite se Anticki Makedonci?[DOUBLEPOST=1488713508][/DOUBLEPOST]I ziti se adminite neka proverat kolku novi akaunti glasale na anketata posto MKD_Made i kompanija nemaat oset, ke serat akaunti do dodeka ne stignat do 450 000
...не бе јагненце... Словените се група на народи на кои Македонците им дале вера, писмо и јазик на кој се служи верата. Основниот судир на световите во Европа дооолго беше по таа линија на православието и католицизмот на светото римско царство . Додека не се појавија исламските орди..... :) :)[DOUBLEPOST=1488719652][/DOUBLEPOST]
Според дпмнеовската кампања, сдсм во исто време се србоманска партија, грчка партија и сдсш. Како ли постигнуваат :D
ко секоја ефтина курва , имаат по 20 клиента.., овие се дури и чедни...:) :)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
825
Поени од реакции
839
Другите видови криминал , па и оној финансискиот не верувам дека е во проценти и за јота поголем од оној вообичаен еве во Европа. Дури напротив, сигурно е помал.

Браво бе душичка заблудена, нема голем криминал, мал е во споредба со оној во Европа.:vozbud::vozbud::vozbud:
Непристрасен пост кој е еден од најдобрите во последно време што го имам прочитано на форумот (y)
Да живее Македонија со таквите како тебе. :oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom