Мицкоски рипна да го брани својот шеф Никола Груевски, фрустриран од безидејноста ги легитимираше дури и насилствата од 27-ми април
Кога се изнесуваат соопштенија, за фактичките работи треба да се пишува онака како што е. На пример, се пишува
„осудениот криминалец и бегалец Никола Груевски“. Груевски е осуден (како и зошто да не навлегуваме, посебна комедија е), но не за криминал, туку дека сакал да се повозува со Мерцедесот, пежоративно.
Понатаму:
„Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски.“
Кој бил тој напад на уставниот поредок? Немало вакво нешто. Имало напад врз пратеници и слично, но не и на уставниот поредок, тоа е насилно преземање на институции. За кој криминал на Никола Груевски станува збор? Нема дури ни обвинение такво од СЈО, а СЈО има главна цел прогон на вмровци, на Груевски и соработниците. А од ОЈО никако да видиме постапка за човевето што пукаше во Собранието по налог на Заев. Оружје в Собрание не смее да се носи, според Законите.
„Еве ги претседателските избори Мицкоски и нема бегање, те чека пораз, твоите нервозни реакции нема да се спасат. Можеш да размислуваш за оставка во сопствената партија.“
Веројатно мислат на оставка каква што даде Заев кога изгуби на многу поважни избори, собраниските, кога народот не му даде поддршка.[DOUBLEPOST=1550745774][/DOUBLEPOST]
Кои се ефектите од тоа, што ти многу добро ги знаеш?
Ефектот е затворен Казандол заради политичко додворување од еден „сељак“. Рудници секаде има и мора да има. Суровини за индустријата мора да има, сем ако не сакаме да се вратиме во првобитното „опшесво“.