Вакви бодрења меѓу членството имаше и пред референдумот, ама на крајот референдумот се сведе на 200К албанци, 50К наполнети кутии, уште 50К останати малцинства и не повеќе од 310К македонски гласа.
Да не прајме муабет што од овие дел беа сончоглед администрација извадена под притисок, а сиротите за да стигнат до оваа мизерна бројка мораа да лажат дека се гласа за ЕУ, во прашањето да не го стават договореното име, како и да претат со војна доколку не поминел референдумов. Исто пола западен свет го мобилизираа, фрлаа пари за снимање реклами на секој кој барем еднаш излегол на ТВ, самопрогласен уметник. Ова беше од прилика сваки дан цео дан месец дена пред референдумот, кампања за која и власта на С.Кореја би подзавидела. За на крајот да извадат мизерни 300К македонци. И ти после 1-2 месеци од ваков дебакл сметаш дека магично ќе изгази СДС на избори кои ги закажува за да ја истера истата агенда? Океј верувајте си, ама размислете малку за после да не бидете со зинати усти после уште едно фијаско.
А и точно е дека жмицко има 2% рејтинг, ама заборави да спомнеш дека Заев после толку глупости и лажења во овие година ипол има -50% рејтинг.
Нема да изгазат, ќе освојат повеќе пратеници од вмро, односно, ситуацијата ќе остане status quo, до некаде, зашто 81 пратеник нема да имаат.
Ти се водиш по емоција после референдумов, и тераш на логика, а забораваш дека живееш во зоната на самракот каде Нормалното поинаку се перцепира, и каде сме бајаги скарани со Логиката. По незнам кој пат се преценува македонскиот народ a преку ноќ се заборави дека грујо на избори доби над 400 000 гласови после сите извадени муабети за него и неговите сопартијци, криминал до криминал до криминал, и после низа срања што направија ко амнестијата на хашките случаји.
Ја после парламентарните избори 2016 кренав раце од народов, нит сме кадарни протест асален да направиме, нит сме кадарни да размислуваме со своја глава, а за да оваа власт падне, а и било која друга, опозицијата треба да е силна, да има џокери у ракав, мицко и дпмне ништо од тоа немаат, референдумов им е ветер у грб, ама нема да го искористат асално, нит се обидуваат да го искористат, ќе се шлепаат само на него без нешто друго да понудат. Од друга страна сдсм покрај фактот што ги имаат 90% од медиумите под нивна контрола, покрај фактот што ја имаат и власта под нивна контрола а со тоа и цела администрација, го имаат и сјо и бомбите, кои на дугме ќе ги активираат за да фрлаат тон кал врз дпмне и да ги онеспособат драстично да го бројот на своето гласачко тело.
Дпмне после амнестирањето на терористи, без проблем повторно добиваше избори, коалицираше со истите, го пуштија јохан со едно бедно соопштение од хаг као тоа било ок,да го заборавиме минатото и слично, и ситуацијата у земјата си беше она народното, кучињата лаат, а караванот си врви.
Уште еднаш ќе ти кажам, гадно се лажете со тоа што терате на паралели од референдум и избори, каде многу повеќе пари ќе се фрлат и многу повеќе напор ќе се потроши за да истите ги добијат, милом или силом. Референдумот од старт знаеа дека нема да им успее, па на форумов од ден број 1 тоа го исцртаа доста членови со аргументи и факти, oдма ја видоа големата слика, аналогно на тоа, и напорите на сдс истиот да е успешен беа смешни, иако тебе ти делува дека кампањата била нешто воув.
Не можеш една кампања да ја наречеш добра, или дека иделе all in на истата, а имаш изјава од директен потписник на договорот кој дури и директно би рекол, ти кажува дека цензусот нема да биде исполнет, и тоа недела две пред референдумот.
Мислите дека ако референдумов не успеал, готово е, победникот на следните избори е однапред познат, а не го зимате у предвид капацитетот на мицко, и капацитетот на овој нов тим на дпмне кој буквално ништо не нуди, каде дел од раководството моментално се чисти бидејќи излезе на референдумот и јавно повика да се гласа. Ти очекуваш дека ваков распар од партија, каде поранешен лидер веќе е осуден за затворска казна за еден случај, а ги има 100, каде доста членови ќе им завршат у затвор, која има тродупло помалце пари за кампања од минатото, ќе победи на следни избори само поради референдумов и името ...
А истовремено знаеш дека истата таа партија, со 200 скандали позади нив, со помината амнестија, зимаше над 400 000 на избори, ради добро разработената формула за билдање и одржување на гласачкото тело, а уз пут и ради очајна опозиција, нешто што сега важи за дпмне. Потребен е подолг временски период за да се стабилизира опозицијата, вакви какви што се моментално, мртов пацоф не би бутнале од власт а ова упорно го игнорирате, се понашате ко мицко да е кенеди а у дпмне тече мед и млеко.