Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.685
Поени од реакции
88.642
Па баш пошто пола ќе бојкотираат, излезноста, по мое скромно мислење, ќе биде помеѓу 50-55%. Ако морам да се кладам, негде 52%. Јасно ни е дека не сите кои се гласачи на ДПМНЕ ќе бојкотираат. Исто така сигурно дел кои гласале за СДСМ ќе бојкотираат. Значи би решавале тие што не излегле на тие парламентарни избори и секако, колку ќе се поднамести. :D 2-3% не би требало да е тешко да се намести/купи.
Ете не се доискажав убаво во мојот пост, мислев на пола од тие 1.100.000 што излегле на гласање во 2016 :icon_mrgr:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Ете не се доискажав убаво во мојот пост, мислев на пола од тие 1.100.000 што излегле на гласање во 2016 :icon_mrgr:
Хмм, мислам дека нема да биде баш така. Ајде ќе видиме на 30ти.

Исто како ти задено место заедно.
Берик напраил лапсус на форум, а некој испаднал неписмен со фотошопирање. :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Исто како ти задено место заедно.
Можеби не знаеш но има разлика помеѓу тоа дали е typo или е флагрантно незнаење на правопис.
Исто така има разлика дали напишаното е погрешно кога ја лично пишувам на форум, или кога некоја организација (на пример најголемата партија) прави пропаганден материјал.

Ако така глеаш, тогаш ни пишуе не ми е правилно, а ни реченицата не ми е почната со голема буква. Само зарем јас би се споредувал со моќна организација како ДПМНЕ. Па јас сум платен од Сосрос и имам вошки и спијам на таван, нормално е да грешам, а ВМРО ДПМНЕ е сосема друг калибар.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Можеби не знаеш но има разлика помеѓу тоа дали е typo или е флагрантно незнаење на правопис.
Исто така има разлика дали напишаното е погрешно кога ја лично пишувам на форум, или кога некоја организација (на пример најголемата партија) прави пропаганден материјал.

Ако така глеаш, тогаш ни пишуе не ми е правилно, а ни реченицата не ми е почната со голема буква. Само зарем јас би се споредувал со моќна организација како ДПМНЕ. Па јас сум платен од Сосрос и имам вошки и спијам на таван, нормално е да грешам, а ВМРО ДПМНЕ е сосема друг калибар.
Кој си признава пола му се простува за вошките :icon_lol:, и ти сериозно мислиш дека се замарам шо како, па да ме прашаш сега не можам линкот да ти го најдам од кај е фотографијава, само копирај залепи правам :icon_lol:.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Затоа што не е до Груевски само. Треба и во Грција да се појави некој кој ќе има услови да прифати договор. Не ме чуди да не знаеш, бидејќи очигледно дека си флагрантно неинформиран, дека во минативе четврт век, имаше погодни услови за прифаќање на некаков договор, од едната страна, a истовремено непогодни услови, за прифаќање од другата.
Името Македонија Скопје, кое го прифати Груевски е полошо решение за Македонците од Северна Македонија.

Тоа нешто може да се слушне, лично од устата на Груевски, во разговорите презентрани на јавноста, од следење на случувањата, изјавите во тоа време и од документите излезени од Викиликс.
Греота да знаеш основни работи од дневна политка (кога веќе се впушташ во такви дискусии).
Денес е нова ера - информатичка и жалосно е да се следи на форумов, некој старец кој не знае да ги искористи, барем малку, придобивките од неа.
Јас сум флагрантно информиран, ама ти некако си бараш „алиби“ за за промена на името.[DOUBLEPOST=1536757138][/DOUBLEPOST]
Секој глас против Договорот е глас против политиките на САД и Европа.
Зошто германската канцеларка не отиде во Собрание на РМ или во Седиштето на партијата ВМРО ДПМНЕ да ја одржи средбата?
Наместо тоа замина на нејзино германско тло во Германска амбасада и Мицкоски како потчинет вазал си се нацрта внатре. Тоа мислам доволно говори за јачината која ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и македонските политичари.
Убаво, значи политиките на САД и ЕУ се за промена на нашето уставно име. А ерес е да си против тоа. Колку недостоинствено. Знам дека не сме никаква сила, ама сепак некое достоинство може да се има.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.955
Па баш пошто пола ќе бојкотираат, излезноста, по мое скромно мислење, ќе биде помеѓу 50-55%. Ако морам да се кладам, негде 52%. Јасно ни е дека не сите кои се гласачи на ДПМНЕ ќе бојкотираат. Исто така сигурно дел кои гласале за СДСМ ќе бојкотираат. Значи би решавале тие што не излегле на тие парламентарни избори и секако, колку ќе се поднамести. :D 2-3% не би требало да е тешко да се намести/купи.
900 илјади гласови на референдумот нема теорија да добијат. Ќе им фалат 200 илјади гласови и више.

После на диво ќе мењаат устав со притисоци и купувања на пратеници.

Катастрофално ќе биде ако го истуркаат договорот без подршка од мнозинство на етничките Македонци. А сигурен сум дека скоро во ниту една етнички Македонска општина нема да го надминат цензусот.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Лојалниот Бајрам за ВМРО-ДПМНЕ: Магарето мора малку да се подбуцне

https://fokus.mk/tsrvenkovski-ne-mislam-deka-prespanskiot-dogovor-e-golema-pobeda-i-uspeh-no-ke-glasam-za-na-referendumot/

АЛБАНЦИ НЕМА ДА ГЛАСААТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ: “Нема Албанци за да гласаат на референдумот, но таму се ДУИ со “експертите” за пополнување на кутии!”

https://infomax.mk/wp/албанци-нема-да-гласаат-на-референдум/
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Амди Бајрам се јави.
Ако човеков воопшто знае за што се работи чудо би било. Зборот „Референдум“ е сложена работа за него.
Како и да е, веројатно е убеден дека ќе успее референдумот со 102,5% излезност.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Во една далечна иднина (ако се нукираме и побрзо) планетава нема да постои и никој никогаш нема да дознае дека некогаш постоела Земја на која егзистирале луѓе што се групирале во народи и нации и дека државата наречена Македонија го променала името за да влезе во некакви пактови и унии. Така да.... нек си ебат векот овие приказниве за некакви историски вредности
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ѓорѓи Спасов: Договор за мир со Бугарија
А еве што пишувал Спасов кога ваков договор беше актуелен во времето на Љубчо Георгиевски
http://republika.mk/wp-content/uploads/2017/06/3520-520x398.jpg
Какви превртливци. Луѓе за секој систем и за сите актуелности. Вакво газење врз самиот не му доликува никому.
И сега кога Спасов во улога на експерт и интелектуалец со изградени ставови ќе се појави на медиум и ќе кажува нешто, кој би му верувал? Амди Бајрам сигурно, ама само ако е СДСМ на власт.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.955
Во една далечна иднина (ако се нукираме и побрзо) планетава нема да постои и никој никогаш нема да дознае дека некогаш постоела Земја на која егзистирале луѓе што се групирале во народи и нации и дека државата наречена Македонија го променала името за да влезе во некакви пактови и унии. Така да.... нек си ебат векот овие приказниве за некакви историски вредности
Не разбирам како тоа ние стално мора да бидеме citizens of the world а грците и бугарите да се проклетите националисти па мораме да голтаме што ќе ни сервираат оти нели ние сме космополити.

Баш убаво ќе беше светот да функционира така како што велиш ама не е се така розово.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А еве уште еден интелектуалец „пар екселанс“ од СДСМ кој ставовите ги менува според системот (комунизам, социјализам, капитализам...) и според актуелните потреби. Како гостин на ТВ Нова пред повеќе месеци се залагаше за промена само на надворешното име, а никако нема да прифати промена на уставот за таа цел.
Еве и негово интервју:

Ружин: Не е важно како ќе се викаме, важно е да не ни се осквернави идентитетот

Најдолу пишува:

„– Сигурен сум дека јазикот ќе остане да се вика македонски јазик, а меѓународната кратенка ќе остане „мкд“, но сè друго ќе зависи од договрот помеѓу двете држави. Уставот на Македонија сигурно нема да се менува, бидејќи и самата Влада на Заев нема толкаво мнозинство за да ги направи тие измени. Во секој случај, во овој значаен геополитички момент, нашата земја треба да си обезбеди место во НАТО и во ЕУ – вели Ружин.“

Ех, вечни интелектуалци, во секој систем со нови ставови.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871

Коментар за македонскиот превод на членот 3 б од Спогодбата.

ЧЛЕН 3 б.

Во англискиот оригинал, членот 3 б гласи: „The nationality of the Second Party shall be Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia, as it will be registered in all travel documents".

Извор: http://www.pappaspost.com/wp-content/uploads/2018/06/Athens-Skopje-English.pdf (пристапено 13 септември 2018)

Во македонскиот превод, објавен на страницата на Владата на Република Македонија, тој гласи: „Државјанството на Втората Страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи“.

Извор: http://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/konechna_spogodba_makedonija_grcija.pdf (пристапено 13 септември 2018)


ОБЈАСНУВАЊЕ


Членот 3 б се однесува на патните исправи.

1.
Во англиската верзија членот 3 б јасно нотира две категории: националност и државјанство, и тие соодветствуваат на патните исправи на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство во ЕУ. Па така, во македонските пасоши стои: државјанство/ националност: македонско, во хрватските пасоши: državljanstvo/nationality: hrvatsko; со преводно решение тие се јавуваат на германските, шведските пасоши, итн.

Во англискиот член кај националност е наведен зборот „македонска“, а кај државјанство синтагмата „граѓанин на Република Северна Македонија“.

Македонскиот превод нотира само една категорија. Во него е испуштена категоријата националност, а зачувано е само државјанството (граѓанин).


2.
Националноста не ги опфаќа сите значења на државјанството, и обратно, државјанството не ги опфаќа сите значења на националноста.


НАЦИОНАЛНОСТА се дефинира како правна врска помеѓу лицето и државата, и не се однесува на етничкото потекло.

I. Членот 2а од „Европската конвенција за националности“ гласи: „Националноста подразбира правна врска помеѓу лицето и државата и не укажува на етничкото потекло на лицето.“
II. Националноста се стекнува со раѓање, посвојување, брак или потекло (спецификите варираат од една до друга земја).
III. Да се има националност е клучно за стекнување целосно признавање според меѓународното право. Така, во член 15 (1 и 2) од „Универзалната декларација за правата на човекот“ на Обединетите Нации стои: „Секој има право на националност“; „Никој не смее самоволно да биде лишен од својата националност, ниту од правото да ја промени националноста“.
IV. Интересно, но „Универзалната декларација за правата на човекот” на ОН во ниеден член не го спомнува државјанство!


ДРЖАВЈАНСТВОТО се дефинира на следниот начин.

I. Државјанството е потесен концепт од националноста.
II. Државјанството се однесува на специфичен правен однос помеѓу лицето и државата, во смисла дека ги регулира правата и обврските што лицето ги има кон државата. (Националноста е дефинирана како пошироката правна врска помеѓу двете).
III. Државјанството не мора да биде придружувано од националноста (на пример, во некои држави, лицето ја стекнува националноста со раѓање, но државјанството го стекнува дури со наполнети 18 години).
IV. Ова разлика е евидентна и во членот 20 (1) од „Договорот за функционирање на Европската Унија“, каде стои дека: „Секоe лице со државјанство на земја-членка е државјанин на Унијата. Државјанството во Унијата е дополнето и не го заменува националното државјанство“.
Со овој член се валидира дека националноста е фундаментална категорија за врската помеѓу лицето и државата што станала членка на ЕУ, додека пак државјанството на ЕУ се додава, но не ја заменува националноста/државноста како правна припадност кон државата.

3.
Испуштањето на националноста во преводот на членот 3 б остава можност за разни толкувања, особено кај граѓаните кои не го зборуваат англискиот. Еве некои:

I.
Во македонскиот превод е задржано државјанството, а испуштена е националноста, што може да имплицира дека националноста е подредена пред државјанството, или евентуално е „апсорбирана“ (или ќе биде) од него. Историски пример, националност: југословенска во СФРЈ. Или во случајов, државјанството на Република Северна Македонија би станало примарно пред македонската националност (можна импликација).

II.
Бидејќи во преводот е задржана државноста, а не и националноста, едно толкување е дека статусот на македонската националност е (ќе биде) променет во однос на државјанството. Националноста и државјанството во РМ досега се именуваа според македонската етничка група. Новото државјанство можно би сугерирало дека македонската националност го губи државотворниот капацитет (state building capacity). Во ова толкување би значело дека по 74 години, прво како Социјалистичка Република Македонија (според политичкото уредување), а потоа како независна држава, а по Спогодбата, националноста останува македонска, но таа ја губи државотворната функција, бидејќи името на државјанство повеќе не соодветствува на името на националноста. Дел од етничките групи што живеат во Република Македонија имаат остварен државотворен капацитет, меѓу нив Албанците, Србите, Турците, за разлика од други етнички групи кои немаат државотворен капацитет како Ромите, Власите, итн. Ова толкување би значело дека македонска етничка група останува мнозинска и ја задржува националноста, но таа националност повеќе не е идентична со државјанството.

III.
Или пак, сосема обратно. Во оригиналот се наведува дека постои една националност: македонската, и едно државјанство: граѓанин на Република Северна Македонија.
Според ова толкување, а заради оригиналниот член, граѓаните од другите етнички групи што живеат во Република Македонија (албанската, турската, ромската, српската, влашката, итн.) би можеле да бараат промена на националноста во патните исправи (кои сега се водат како македонска националност заради тоа што името на националноста и државјанството се идентични). Бидејќи тоа повеќе нема да биде случај, другите етнички групи би можеле да побараат дополнителни внатредржавни договори по повод Спогодбата со Грција (две партии веќе најавија ваква можност).


4.
Случајно забележав дека преводот на македонски (и на албански јазик) не соодветствува на оригиналниот текст на Спогодбата, а по повод поканата за средба со ЕУ делегацијата.

Под точен превод во филологијата го сметаме оној што материјално одговара на оригиналот. За термините националност и државјанство овде се употребени последните толкувањата од 2017, околу правното разграничување на двете, а по повод Брегзит. Коментарот е мој и без консултација со правно, дипломатско, филолошко или друго стручно лице, политичка партија, невладина организација, или друг чинител во или надвор од РМ, па сите евентуалните погрешни толкувања се мои.

Со коментарот се апелира во кампањата за референдумот, граѓаните да се информираат за оригиналниот текст на Спогодбата, бидејќи станува збор за документ од историски карактер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom