Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот.[DOUBLEPOST=1530030370][/DOUBLEPOST]Но, по неговото заминување министрите си дадоа уште една шанса да пробаат да се договорат за преговори за Македонија. Останатите земји членки се решени да ги убедат Париз и Хаг, но прашање е колку е можно да се омекнат овие две земји.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.862
Поени од реакции
36.897
Па секако дека поглавјата (ако се донесе одлука) ќе се отворат наредната година, дискусијата е дали тоа ќе биде пред или по Европските избори. Скрининг процесот трае минимум 6 до максимум 14 месеци. Досега не постои земја што скринингот го завршила за помалку од 6 месеци. Не е ваљда некој да мислел дека поглавјата можат да се отворат за помалку од 6 месеци .
Ако ни дадат сега датум за преговори ќе почнат преговорите идната година. Ако не ни дадат сега датум ќе треба да го чекаме самитот идната година да ни дадат датум. Тоа значи дека ако сега не добиеме датум а добиеме наредната година, преговорите ќе почнат за две години.

А дали ќе ни дадат наредна година датум за преговори нема никакви гаранции.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Мило ми е :icon_lol:



Па да напишеш дека е нешто смешно, патетично и очајно според мене треба да има сериозна причина или повод за такво нешто. Ако така лесно делиш квалификации од ракав, тогаш не гледам воопшто целта да се дискутира. Посебно кога станува збор за нешто шо воглавно наиде на позитивен прием во речиси целокупната меѓународна а дел и од домашната јавност.

Целта на Димитров сигурно не била да наштети на нашите интереси со твитот, ама ете тие шо патриотизмот не го вадат од уста плукаат на се со ред поради лични фрустрации пред се, без да земат во предвид дека потегот не нанесе никому никаква штета, напротив. Која и да била целта сега падна во вода со еден непотребен антагонизам кој се наметна преку нозалните секрети на центарот за лажги со опашки.

Лично не видов сарказам никаде освен во твитот, се друго шо следеше беше токму она шо ти го опиша, патетика и очај како резултат на фрустрации и ништо повеќе од тоа. Тука се гледа “патриотизмот“ и се прави јасна дистинкција меѓу лешинари и вистински политичари.



Чуден пристап искрено да наметнеш суштински прашања преку начнување на како самиот велиш банална дискусија, мене повеќе ми личи ова на обид за лична дискредитација и ништо друго. Посебно од Горе/Доле Република Македонија (Скопје) патриотите.

Ова веќе станува трагикомично. Јас паралелно начнав нешто шо може да се смета за суштинска дискусија преку индиферентноста кон одредени збиднувања на Косовоа индиректо поврзани со нас, арно ама очигледно тоа не е интересно како доматите.Кој наметнал суштинска дискусија а кој банална не знам, заклучи сам.
Како и да е, во десет години буквално владеење на претходната власт немаше вакво дипломатско раздвижување, која беше причината не знам, тие си знаат што им беше целта. Името не го даваме сигурно не, тоа барем слушнваме сите, никој не спомна тешко, предавнички или сл. туку само се постави прашање дали ќе пројде.Без да се чепне имиџот и рејтингот. Ама ако тие го понудеа ова тек тогаш ќе имаше јад и очај на сите страни.

Сите сега шо се дел од името не го даваме и македонија на македнците ако дојде пак на ДПМНЕ на власт кој знае какви не бедни изговори ќе даваат за своето лицемерие.

Грците освен на внатрешноплитички план не губат ништо во суштина дури и да не признаат под уставно име, па сепак кај нив се води сериозна суштинска далекусежна дебата за договорот.

А за интересите си потполно во право, е сега шо ние имаме да понудиме треба да се размисли. Пошто она шо некој кај нас го купува со релативно малку пари, во ЕУ го купува исто така само со многу повеќе пари. Двојни игри се, на две различни страни се купува различно влијание а со иста цел.



Ако не те читам верувај дека никогаш не би се впуштил во дискусија со тебе, а има многу текстови тука кои ги скокам чисто ради „авторот“ без разлика на содржината. Аналогијата се подразбираше чисто поради фактот шо тоа шо си пишал целосно се поклопи со нозалните секрети на центарот за лажги со опашки, еднставно инерцијата која ја создаде наративот става во контекст сакал или не. А нечие мислење дали е базирано на инертност или сопствен ум не е мое да ценам.[DOUBLEPOST=1530020662][/DOUBLEPOST]


Премногу импровизации прават затоа, немаат долгорочна стратегија а поради тоа не може да има синхронизација на ПР со збиднувањата, купи-ден-помини а сето тоа зачинето со лични и теснопартиски интереси. После една декада на братучедите да дозволиш да те стават во ист ќош со нив треба сериозен антиталент. Тие си знаат најдобро, големи се.
Овој твитот на Димитров, никој не вели оти е злонамерен туку е пишан во погрешен момент. Според мене не го личи еден министер за надворешни работи да објавува вакви несериозни твитови во време кога државата се соочува со една ваква деликатна ситуација. Твитов повеќе изгледа како објава на некој твитерџија која има за цел подбивање со моменталнава ситуација. Не го личи ни некој опозиционер да го објави, камоли пак висок функционер од власта.

Мене повеќе ми личи на несреќен обид за сарказам. Во смисол: "вие од Европа не знаете што пропуштате, ако не ни дадете датум за преговори нема да имате шанса да јадете од највкусните домати на светот" - ко демек не знам каква загуба е тоа. Звучи како хумор на сопствена сметка, кој што ненамерно ја отсликува нашата немоќ и очајна дипломатска позиција. Што впрочем се гледа и сега, немо гледаме од страна во исчекување на милоста на Франција и Холандија за тоа дали ќе се смилуваат да ни дадат датум за преговори в година.

Она што ја прави целата ситуација уште потрагична е и фактот што само пред месец дена Грција беше најавувана како единствената пречка на нашиот пат кон ЕУ. Намерно или не јавноста остана неинформирана за случувањата внатре во унијата. Каква е таа успешна дипломатија која навреме не дошла за сознанија за намерите на Франција и Холандија? И уште повеќе, зошто не презела никакви дипломатски мерки, туку фокусот единствено им беше насочен да го протнат договорот со Грција. И сега се наоѓаме во една ситуација каде што глумиме затечени, со спуштени гаќи што се вели ни се смее цел свет. Важно збираме симпатии преку комичните твитови на Димитров.
 
B

Bafra

Гостин
Аууу што дочекавме да читаме на форумов... Интелектуалната каста која се крстеше во ЕУ, почна да пљука по нејзе и по нејзините земји членки :pos:
Така не се доаѓа до европска цицка - фондови :D .

Ајде останува НАТО :P
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Ne dobivme usloven datum za pregovori za slednata godina?

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Ne dobivme usloven datum za pregovori za slednata godina?

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Не постои такво нешто. И следната година ќе има самит, и следната година ќе ни го разгледуваат напредокот и без да ни го нагласат тоа. Добивме тапкање по рамо.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
780
Поени од реакции
385
https://novatv.mk/han-otvorane-na-pristapnite-pregovori-za-makedonija-vo-juni-2019/
Хан: Отворање на пристапните преговори за Македонија во јуни 2019
Европскиот комесар за проширување на Европската Унија, на Твитер изрази задовоство што Албанија и Македонија сепак ќе започнат пристапни преговори за членство во ЕУ во јуни следната година.

-Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон прошитувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ – напиша Хан на неговиот Твитер профил.

 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
312
Поени од реакции
477
Шала на страна, господинот Зоки Заев ни го зајакна идентитетот. Пола другари што киснеа на шарена не можат да спијат ради промена на имево, пола сдсм е против договоров.

Не им проаѓа приказнава, од тука натака ќе биде спора и болна агонија на владеачкава партија.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Јaс немoжaм дa ве рaзберaм,зaр некoј нa темaвa верувa декa некoгaш у ЕУ ке не примaт.Абе пичкa му мaтеринa зaр си мислевте декa претхoдните мрднaти беa,декa незнaеa кaкo oвa лoвџискo куче дa пoтпишaт Севернa,Гoрнa ,Дoлнa?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Јaс немoжaм дa ве рaзберaм,зaр некoј нa темaвa верувa декa некoгaш у ЕУ ке не примaт.Абе пичкa му мaтеринa зaр си мислевте декa претхoдните мрднaти беa,декa незнaеa кaкo oвa лoвџискo куче дa пoтпишaт Севернa,Гoрнa ,Дoлнa?
ЕУ нема да не прими никогаш, заради 50% муслимани во бројот на новородени деца. Се друго се само тешења. Македонија, Албанија, Косово, Босна и Турција не гледаат ЕУ, па макар и станале технолошки, економски и воен лидер во универзумот.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
378
Поени од реакции
460
Ако ни дадат сега датум за преговори ќе почнат преговорите идната година. Ако не ни дадат сега датум ќе треба да го чекаме самитот идната година да ни дадат датум. Тоа значи дека ако сега не добиеме датум а добиеме наредната година, преговорите ќе почнат за две години.

А дали ќе ни дадат наредна година датум за преговори нема никакви гаранции.
Условени преговори за Македонија во јуни 2019 (ДПЛ)

Ако е ова точно значи дека ќе мора сите поглавја да ги затвориме до 2024 ако сакаме да го фатиме возот со Србија и Црна Гора за полноправно членство во 2025 (бидејќи сметајте ратификациите можат и да траат и до цела година). Што не е невозможно, ама треба да бидеме на ниво со балтичките земји и Полска чии преговори им траеа само 4 години.
Али ваков премиер да излезе на телевизија и да кажува додека он дишел воздух македонски, да се колне во жена, во деца, во претци дека немало да се менува уставот и после половина година да излезе на телевизија без грам срам да каже дека се менува Уставот и името за домашна употреба и да убедува дека тоа е најдобро решение не сум го видел до сега.
Мене не ми се јасни коментарите каде македонскиот Устав го третираат како некоја света книга. Па добро бе луѓе, секој просечен правник мора да знае дека секоја генерација има право на Уставни измени. Нашиот е веќе во повеќе наврати менуван, а допрва ќе треба уште минимум во 3 наврати да се менува. Е очигледно Фрчко, Китановски и Поповски пред некоја година му кажале на Заев дека нашиот Устав во тоа време бил еден од најлибералните (што и е точно), ама никој не му кажал дека треба уште многу измени да се направат за да се стигне до Устав каква што има секоја полноправна членка на ЕУ. Па премиерот дури пред месец дена го дозна тоа и даде слична изјава. Пример во текот на преговорите може да се случи да побараат и 2/3 од Уставот (просечен за денешни времиња да бидеме реални) да се смени. Е тогаш коментарите на форумот ќе бидат шоу.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Мене не ми се јасни коментарите каде македонскиот Устав го третираат како некоја света книга. Па добро бе луѓе, секој просечен правник мора да знае дека секоја генерација има право на Уставни измени. Нашиот е веќе во повеќе наврати менуван, а допрва ќе треба уште минимум во 3 наврати да се менува. Е очигледно Фрчко, Китановски и Поповски пред некоја година му кажале на Заев дека нашиот Устав во тоа време бил еден од најлибералните (што и е точно), ама никој не му кажал дека треба уште многу измени да се направат за да се стигне до Устав каква што има секоја полноправна членка на ЕУ. Па премиерот дури пред месец дена го дозна тоа и даде слична изјава. Пример во текот на преговорите може да се случи да побараат и 2/3 од Уставот (просечен за денешни времиња да бидеме реални) да се смени. Е тогаш коментарите на форумот ќе бидат шоу.
Нашиот Устав е срање. Сите проблеми во државава завршуваат со уставни измени. Што значи дека не го преживеа тестот на времето. А тие што учествувале во неговото донесување во 90тите не смее да им се дозволи ни домати да продаваат на пазар во име на државата, а не па да бидат консултирани како експерти.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom