Секако дека ова нема никаква логика.
Ајде, сите што се „против“ нека излезат да гласаат. (вклучувајќи ме и мене) Или да оставам да искажам тоа што мислам по социјални медиуми и на Кајгана форум?!
Јас иам кажано, за надворешна употреба сФе е боље од ФИРОМ, така да мање више.
АМА, некоја друга држава да ми налага мене како ќе се викам дома, јок бате. Тоа нема да прифатам, па и да значи дека нема да влеземе во ЕУ/НАТО. Зошто? Заради принципиелен став. Правник сум и тоа меѓународно право учам, знам што е суверенитет (а дополнително што јас сум на став дека суверенитетот произлегува од граѓаните).
Kонечно и некој правник на темата да може малку понормално да се дискутира.
Колега, веројатно не си, или можеби сеуште не си се запознал дека за членството во ЕУ потребен е еден голем дел од суверенитетот да се отстапи кон Унијата. Затоа и се овие популистички и радикални движења низ Европа последнава деценија кои бараат поголемиот дел од суверенитетот да бидат вратени на државите, тоа беше и една од причините за Брегзит впрочем. Затоа и се предлагаат реформи во однос на зголемување на улогата на Европскиот Парламент.
Според договорот што излезе вечерва не гледам дека се нарушува ниту едно човеково
индивидуално право (т.е. во конкретниот случај слободно изразување на националната припадност). Е сега што се однесува за името на државата, тоа не е индивидуално право, и како колективно право или одлучува Собранието со 2/3 мнозинство или уште поубаво им се дава на граѓаните директно да се произнесат на референдум. А во текот на преговорите Унијата речиси секогаш изрично бара Уставни измени.
Еве еден текст во
Нова Македонија во однос на уставните и законските можности на претседателот на Владата да го потпише договорот.



Претпоставувам го забележа бламот на оваа "пензионирана судијка" (се надевам дека не била никогаш уставна судијка). Прво самата си го наведе законскиот основ по кој владата, чл.3ст.2 (бидејќи во договорот се уредуваат и прашања од финансии и од култура и од образование и од дипломатско-конзуларни односи). Да не зборуваме пак дека според Деловникот на Собранието само владата е овластена да поднесе предлог за ратификација. Али овие бламови ми се поголем хит и од оние на Каракамишева и Апасиев. Сама го пронаоѓа правниот основ и потоа се прашува каде е истиот. Алооо жено па да не постоеше тој правен основ немаше 95% од меѓународните договори изминативе 27 години да ги склучува владата.
Инаку како промена на Устав без гласовите на дпмне?
Ако се исполни цензусот од 50% плус еден избирач, тогаш референдумот е облигаторен. Консултативен е доколку не се исполни цензусот. Е во случај на облигаторен референдум ДИК ги објавува резултатите во Службен Весник во рок од 15 дена, а истовремено извештајот од резултатите ги доставува на Собранието (чл.56 од ЗРДОНИГ)
Потоа согласно чл. 30 од истиот закон доколку како што спомнав цензусот е остварен, одлуката е ЗАДОЛЖИТЕЛНА и Собранието е
ДОЛЖНО (значи нема сакам неќам, ДОЛЖНО Е) во рок од 60 дена
да го уреди прашањето во согласност со резултатите од референдумот. И во случај ВМРО да имаше мнозинство во Собранието, истото е должно да го уреди согласно резултатите. Само што постои мала празнина во Деловникот и истото е испуштено да се уреди тоа прашање, но бидејќи деловникот се менува со 61 пратеник, истото во овој случај може да се уреди. А и да остане празнина во Деловникот, Собранието е должно да најде начин, дали со правен акт од страна на Спикерот или со негово писмо до Уставниот суд сеедно е.
И да за ако некој прашува дали може да се распише референдум кој директно или индиректно тангира Уставни прашања. Одговорот е секако дека може (во одредени земји Уставни измени дури одат и задолжително на референдум). Членот 28 од законот забранува распишување на референдум единствено за буџетски прашања, државни резерви, амнестија, избори и именувања, одбрана, воена и вонредна состојба, како и бадентерови прашања.
И после референдум ќе треба 2/3 во Собрание. Тој дел не може да се прескокне никако. Ама мислам дека тоа ќе го направат многу полесно отколку да извлечат 900.000 да гласаат на референдум.
Уставни промени се гласаат со 81 пратеник (или 82 ако беа 123), без разлика од исходот на референдумот.
Како што спомнав погоре членот 73 од Уставот има далеку поголема правна сила од членот 131, со тоа што одлуката на граѓаните при исполнет цензус на референдум е задолжителна и Собранието согласно Уставот и ЗРДОНИГ мора по секоја цена да го уреди прашањето како што налагаат резултатите. Само што во Деловникот при одредбите за процедура за промена на Устав тоа е изоставено, но во случајов може лесно да се уреди бидејќи не е потребно 2/3 мнозинство за измена на Деловник.