Најдобар чувар на Македонското име не се Македонските политичари(ДПМНЕ/СДС) ниту пак Македонскиот "патриотски" народ туку токму Грците кои не сакаат воопшто терминот Македонија да биде вклучен во новото име на државава и тука пропаѓа целиот преговарачки процес во вода !
Според сите анкети во Грција две-третини од Грците не се согласуваат со тоа името Македонија да е дел од новото име на нашава држава значи нема ниту Илинденска, ниту Вардарска Македонија, ниту Горна, ниту Северна, ниту Нова Македонија, преговорите се како и секогаш неуспешни и повторно се нели како и секогаш на "почеток" !
Македонските политичари дури и да прифатат име со географска одредница за севкупна употреба (ерга-омнес) пак Грците ќе мрчат и нема да бидат задоволни поради тоа што сепак терминот Македонија би бил дел дури и од новото име !