Американската амбасада го осуди назначувањето на Хоџа и на Бошковски, ако не сум грешка, ако сум грешка нека ме исправи некој, друга е поентата на постот.
Францускиот амбасадор пред некоја недела ги осуди барањата за промена на законот за јазиците или нешто слично, точно не ми текнува.
Ако западот ги изнесува овие обвинувања, западот за кој викаме дека ја диктира политиката во Македонија, дали тогаш ова значи дека западот и нема контрола на тоа што сега се случува во државата?
Зошто би ги карале децата како си играат со државата ако тие им кажуваат што да прават?
Дали сепак оние кои се сега во власта се мафија, а не политичка партија? Кога зборам за мафија, зборам за права мафија. Да не излезе дека политичарите не се мафија...
И дали можеби оваа мафија игра на двете страни, помеѓу Бугарија и Албанија, во улога на медијатор, за да ја подели државата, ако не територијално, тогаш политички, законодавно, користете кој термин сакате слободно.
Зошто ми дојде оваа мисла - СДС не можеше да победи без албанските гласови, мораа да ветат многу и сега мораат и да го исполнат, бидејќи знаат што може да им се случи, додека од бугарската страна, Заев е роден и пораснат во место недалеку од бугарската граница. Ако водел трговија со бугарски фирми, морал да поминува низ бугарската политичка бирократија низ која поминуваат и најобичните посредувачи за бугарски државјанства, а во тие случаеви мора да си поврзан со градоначалник, полицајци, членови на комисии, партии...
Дали не е можно да се некако поврзани овие работи?
Политиката на власта е очигледно самоубиствена кон македонското гласачко тело кое е сеуште најодлучувачко. Како и да испадне одлуката со името или приемот во нато, ќе биде лошо за нив.
Прав македонски политичар ќе ветува се и сешто за да остане на власт што подолго, а овие тоа очигледно не им е прво на агенда. Овие прават многу неразбирливи потези кои немаат врска ни со мандат, ни со партија, ни со национализам.
Овде се оди кон некоја друга цел, а дали таа цел е само распад територијален или слично, останува да нагаѓаме.
Очигледно е дека што и да е, се прави за профитерство, лично вооружен конфликт не гледам дека би можело да има, судејќи по тоа како Заеви си вложуваат во бизниси, кои не би вределе ништо доколку има конфликт.
Ако сме реални, Македонија е премногу корумпирана за да не може да се диктира од партија.
И друго, ме чуди посетата на Меј. Што бара Меј во Македонија? Не ми се верува дека е нешто поврзано со можното зачленување во ЕУ кога Британците излегуваат. Не се тие од типот на демократија која би дошла да даде нешто.
Таа е дојдена да дава услеви за нешто што треба да се случи, за името не верувам дека Меј би се замарала да доаѓа до Македонија.
Да е за публицитет... кој публицитет Меј би го имала со посетата на Македонија?