Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.500
Во Белгија, Холандија, Скандинавските земји итн. не е ништо необично со лоу буџет превоз да се служат владините претставници. Таму има верување меѓу народот дека сите што плаќаат данок се еднакви пред државата а тие што менаџираат со тие пари (власта) треба да стават прст на чело како ги трошат. Не само нискобуџетен лет, велосипед, метро, имаше нели и на форумов пиша некој член, ја видел некоја градоначалничка на германски град ли што беше во воз стоела и тоа.. До мајндсетот на народот е, за жал освен со неутронска бомба па да почнеме јово наново со еволуција од бактериите нагоре, кај нас со ништо не би се сменило.1. Во дворот кој ти коси .... ако сам си косиш можеш и надвор
2. дЕнари се нашите, не се дИнари
Ова Финциве многу сиромашни упм, немаат ли владин авион![]()
https://faktor.mk/finskiot-pretsedatel-od-hrvatska-si-zamina-so-norveshki-let-od-ekonomska-klasa-vreden-61-evro
Претседателот на Финска, Саули Нинист, ја воодушеви дури и скандинавската јавност откако по дводневна посета на Хрватска не му пречело да патува со low-budget авио-компанија. Тој по средбите во Загреб и Сплит со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и премиерот Андреј Пленковиќ се врати дома во економска класа.
Инаку за лет од Сплит до Хелсинки нема бизнис класа, Нинист со економска класа на авио-компанија Norwegian и замина за Осло, од каде што тој се префрли на летот за Хелсинки.
Веста за финските медиуми е потврдена од страна на шефот на комуникациите поврзани со работата и ингеренциите на финскиот претседател - Катри Маконен. Цената на летот Сплит - Хелсинки е 61 евра.
Богацов да ми е дете со дреновица би го тепала, жими се ви кажувам.