Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.393
Поени од реакции
24.116
.
Па кога ќе ми текне дека се рачунаат интелектуална каста а веруваат во дедо мраз :pos: :rolleyes:
Pa nemoj ti se molam so vakvi teski zborovi, posebno koga ne si informiran. Pa tie tocno znaele se pred vreme, meseci i godini sto i kako ke bidi. Nekoj uste i koga bile revolucioneri. Samo glumat iznenadeni i razocarani. Toa e nepobiten fakt deka bile , se i ke bidat intelektualna kasta.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.867
Поени од реакции
21.760
Министерството за одбрана како и целата влада секојдневно влегува од скандал во скандал. Имено неверојатни 187 илјади евра од буџетот на министерството за одбрана се пренаменети за набавка на луксузно моторно возило во кое ќе се вози министерката Радмила Шекеринска.

Додека условите во кои војската работи се мизерни, Шекеринска се луксузира и расфрла со парите на граѓаните. Припадниците на армијата во повеќе наврати протестираа и се жалеа на условите кои ги имаат во касарните. Шекеринска пред повеќе од 6 месеци најави целосна обнова на опремата на војниците, но и до ден денес војниците не добија никаква опрема.

Професионалните војници се жалеа на исхраната која воглавно се состои од конзервирана храна односно паштети, тие носат стари униформи и искинати чизми, а се жалат и на ниските дневници. Наместо овие пари да бидат пренаменети за подобрување на условите во кои армиските вработени работат тие ќе служат за набавка на луксузно возило.

Да се потсетиме дека ова не е единствен случај на распичничко работење на министерството за одбрана откако со него министерува Шекеринска. Јавноста се сеќава на набавката на морски плодови и апетисани во вредност од 80 илјади евра која наиде на жестоки критики во јавноста.

Скандали во министерството покрај во финансискиот дел имаше и во кадровските политики на министерството. Директорот на военото разузнавање Шекеринска назначи вработен во армијата на кој веќе еднаш му беше одземен безбедносниот сертификат, а повторно му беше доделен сертификат од највисоко ниво надвор од процедурите и временските рамки. Шекеринска унапреди во полковник офицер кој бил вратен од мисијата во Авганситан поради обид за силување на жена-војник дел од мисијата во оваа земја.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Министерството за одбрана како и целата влада секојдневно влегува од скандал во скандал. Имено неверојатни 187 илјади евра од буџетот на министерството за одбрана се пренаменети за набавка на луксузно моторно возило во кое ќе се вози министерката Радмила Шекеринска.
Добро ама ова не е криминал пошо она не фаворизира одредена марка на автомобил(пример мерџо) она бара тоа што има за тие пари :pos:
 
S

silmarillion

Гостин
Кога служев војска у време на ВМРО се знаеше, секое сабајле или poached eggs или рендани brussels sprouts. За ручек се бираше или foie gras или коби биф, а за вечера можеше да улета или туна/биф тартар со шпаргли и тартуф умак. Сеа со Рада си еба мамата све. Катастрофа.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.393
Поени од реакции
24.116
Кога служев војска у време на ВМРО се знаеше, секое сабајле или poached eggs или рендани brussels sprouts. За ручек се бираше или foie gras или коби биф, а за вечера можеше да улета или туна/биф тартар со шпаргли и тартуф умак. Сеа со Рада си еба мамата све. Катастрофа.
Kjuti arno si pominal. Berik konzervi od 71 jadel :pos:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.688
Поени од реакции
16.891
Значи работава со данок прикривање е веке легална? Штом Меси и Роналдо, Ал Капоне... прикривале тоа е веќе легално, исправно.... никој од овие не краде кабапи па и тоа да стане легално... Незнам зошто пред 7-8 години еден мој познаник го напрчија 3 години ефективен затвор и да го плати данокот со се камата.... се работеше за некоја сума од околу 1/3 од оваа на Ивончето, па иако претходно не беше осудуван, иако беше фамилијарен човек, си одлежа кутриот до последен ден и си плати до последен денар..? изгледа тој судија немал слушнато за Ал Капоне и Меси, ебате среќата...[DOUBLEPOST=1519066397][/DOUBLEPOST]
Латас во опозиција е толку овенат и окапан од страв што веќе и 10 Ивони неможат да му го кренат па сигурно нема ниту да ти се лути, туку муабетов ми е да не ти се случи сред онадење да ти дојде мисла дека таму некогаш го пикал Лаки па да те фати некое шубе и да се посрамотиш, да не довршиш работа...
Не, но се зависи од законите кој се променливи... имаше период пред распадот на ехЈу кога имаше либерални работи со данокот, таков беше законот.. ете купив ламперија ама со се монтажа, монтажата била од данокот на промет.. а кој не знаеше ќе купува по складишта па ќе бара мајстор, СВ.Петар кајгана ... ако се купуваше нова кола одма старата ја продаваш на брачниот другар и добиваш старо за ново со тоа што не пари туку делови за кола. Фирмите пак имаа други поволности, комшија што имаше фирма отиде со цела фамилија на одмор на Јадран, а го книжеше тоа на трошок - службен пат за испитување на пазар во Хрватска... Но од друга страна имаше периоди со големи даночни стапки ( а и сега зајко најавува прогресивен данок)
Типичен пример за нелогично високи даноци и нивно ескивирање со амин од државата беше настанокот на работничкото акционерство, исто пред распадот на ехЈу. Тогаш стапката на ПРИДОНЕСИ беше енормно висока, а освен тоа имаше и посебен Данок на високи плати, над некоја сума. Практично се вршеше неправедна уравниловка врз успешните фирми. Тогап лично Анте Марковиќ спроведе закон за акционерство, а со кој овозможи да јаките фирми исплаќаат плати на горна граница на прогресивното оданочување на плати, а парите што остануваа од успешното работење одеа за субвенционирање самите работници со голем попуст да си ја купат својата фирма, па акционери станаа работници од фирми со тогаш најголеми плати, Пивара, Европа, Алкалоид, Охис, .. итн...
А кога сме кај криминалот, има многу потежок, пљачкосување на граѓани кој од свој џеб издвоиле пари и купиле ма МСЕ акции, а државата со закон им дозволува на менаџерите на АД друштвата кој имаат само 51% гласови да ги пљачкосуваат малите акционери . Не само со набавки без тендер во 4 очи, со огромните менаџерски плати и хонорари ,туку се измисли закон АД друштвото да продава и купува сопствени акции, па тука со системот на блок трансакции, по цени различна од пазарната, се прави невиден грабеж на самата берза.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.349
Поени од реакции
21.733
Додека го замајуваат народот со рочиштата на паторот, си лапаат тендери за лекови од паралелен увоз за двојно повисока цена.

Имено, требало да се набави скап лек за болни од леукемија, па за таа цел производителот на лекот, Новартис, ја намалил цената за 50%, односно од еден милион евра, на половина милион, при што гарантирал дека лекот е оригинален и сигурен. Овие ја одбиле понудата и распишале тендер на кој добила некоја веледрогерија која треба да го набави лекот преку паралелен увоз од Турција, по двојно повисока цена.

Притоа, тендерот го распишале преку Агенцијата за лекови која е регулаторно тело на Владата и не треба да се занимава со набавка, туку со контрола на лекови. :tapp:

На тендер доби лек од паралелен увоз наменет за болните од леукемија
Лек за болните од хронична миелоична леукемија кој доби на тендерот на Агенцијата за лекови, ќе биде внесен преку паралален увоз најверојатно од Турција, дознава НОВА од свои извори во здравството.

Но, наместо да го набават директно од производителот Новартис кој тука има застапник, Агенцијата за лекови распишала тендер на кој добила веледрогеријата Др. Пановски. Станува збор за скап лек за кој месечна терапија чини околу 3.500 евра, а е наменет за 20 пациенти кои се наоѓаат во многу тешка здравствена состојба. За оваа цел производителот и воедно носител на одобрение на лекот, Новартис, ја намалил цената за дури 50 проценти, односно од еден милион евра, цената е спуштена на половина милион при што производителот гарантира и дека лекот е оригинален и сигурен.

Но, на надлежните во здравството очигледно намалената цена на лекот не им била предизвик, па распишале тендер преку Агенцијата за лекови која е регулаторно тело на Владата и не треба да се занимава со набавка, туку со контрола на лекови. Дознаваме дека на тендерот кој заврши во петокот се јавиле три фирми: „Др. Пановски“, „Елбиор“ и „Новартис“ преку „Алкалоид Конс“, при што добила веледрогеријата Др. Пановски.

Набавката на овие лекови се влече цели осум месеци, а се случува во време кога пукна аферата со паралелниот увоз кога и се направија измените на Законот за лекови. Но, само неколку минути пред да биде ставен на прво читање на Комисија за здравство министерот Филипче го повлече Законот од Собрание.
Кога крадецот викa - фатете го крадецот, ќе избега. Објавија афера за лекови од паралелен увоз, на крај сами се заплеткаа во неа. Со свој камен по своја глава. :tapp:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.688
Поени од реакции
16.891

зошто коњо да се руши, ај да го извезиме на србите... Нив не им е забранет Аце големиот, а смеат и да одговорат кога гркот на граница ги прашува кај ќе одиш - во Солун, ние ако не кажеме во Тесалоники њама Грција :icon_mrgr:
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ако Ивона не лежи тогаш големите риби мало морген.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Дојде живот и за Ивончето. :)
Сега чекаме за Грујо, Сашко, Латас и компанија. :)
Оваа одлука на почитуваниот суд ќе ги охрабри моменталниве властодржци да се посветат малку на себе си. Доста е арчење за Македонија, треба малку да се поарчи и на себе.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983

Охрабрувањето е одамна. Прво амнестија, па откажување од гонење, па едно за црквата, едно во кеш кај Виииц’то без судење... Кога ќе ти тргне, се е лесно.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.418
Поени од реакции
4.328
Не, но се зависи од законите кој се променливи... имаше период пред распадот на ехЈу кога имаше либерални работи со данокот, таков беше законот.. ете купив ламперија ама со се монтажа, монтажата била од данокот на промет.. а кој не знаеше ќе купува по складишта па ќе бара мајстор, СВ.Петар кајгана ... ако се купуваше нова кола одма старата ја продаваш на брачниот другар и добиваш старо за ново со тоа што не пари туку делови за кола. Фирмите пак имаа други поволности, комшија што имаше фирма отиде со цела фамилија на одмор на Јадран, а го книжеше тоа на трошок - службен пат за испитување на пазар во Хрватска... Но од друга страна имаше периоди со големи даночни стапки ( а и сега зајко најавува прогресивен данок)
Типичен пример за нелогично високи даноци и нивно ескивирање со амин од државата беше настанокот на работничкото акционерство, исто пред распадот на ехЈу. Тогаш стапката на ПРИДОНЕСИ беше енормно висока, а освен тоа имаше и посебен Данок на високи плати, над некоја сума. Практично се вршеше неправедна уравниловка врз успешните фирми. Тогап лично Анте Марковиќ спроведе закон за акционерство, а со кој овозможи да јаките фирми исплаќаат плати на горна граница на прогресивното оданочување на плати, а парите што остануваа од успешното работење одеа за субвенционирање самите работници со голем попуст да си ја купат својата фирма, па акционери станаа работници од фирми со тогаш најголеми плати, Пивара, Европа, Алкалоид, Охис, .. итн...
А кога сме кај криминалот, има многу потежок, пљачкосување на граѓани кој од свој џеб издвоиле пари и купиле ма МСЕ акции, а државата со закон им дозволува на менаџерите на АД друштвата кој имаат само 51% гласови да ги пљачкосуваат малите акционери . Не само со набавки без тендер во 4 очи, со огромните менаџерски плати и хонорари ,туку се измисли закон АД друштвото да продава и купува сопствени акции, па тука со системот на блок трансакции, по цени различна од пазарната, се прави невиден грабеж на самата берза.
И сега која ти е врскава на муабетов со делото на Ивона? Ивона е во право оти Анте Марковиќ имал погрешна економска политика? Оти не му дадоја условна и човекот кој го спомнав а кој за 1/3 од сумата на Ивона, одлежа 3 години и го плати данокот со камата пресметана до денот на плаќањето?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom