Мислењава на темава, особено последниов период можат слободно да се окарактеризираат како сублимат на се она што е труло во државава.
Еден вика оти сме бугари, друг се повикува на словенски корени, трет оди до антиката...нема да ме чуди ако за скоро не се јави некој со теорија базирана врз линковски "докази" од лабораторијата на Курир или некој друг сличен медиум дека првиот прапредок на човекот е Македонец.
Ние сеуште меѓусебе ги немаме решено идентитентските прашања, кои сме и што сме, па по потреба стануваме и антички и словени, измислена нација, бугари, генетски конструкт од лабораториите на Тито, вонземјани...
Затоа никој не не зема за озбилно. Ако продаваш некаква приказна на некого, макар и лажна, држи се до нејзе.
Енглезите нивното постоење го базираат врз некаква легенда за некој си крал Артур, за кој нема воопшто никакви докази дека некогаш и постоел. Да не правиме муабет па за останатите нации. Се тоа е продукт на добро смислена пропаганда и перење на мозок за да се изгради некаков идол, заеднички предок, врска...јадро околу кое ќе вирее националниот идентитет и по потреба ќе се храни национализмот кај народот.
Кај нас овие работи отсуствуваат, националниот идентитет ни стои врз климави нозе. За тоа колку ни е силен и приказната уверлива, говори и фактот што ние самите се сомневаме во сопствените приказни кои пробуваме да ги продадеме, па се пишманиме, менуваме...затоа соседите и целиот свет си прави мајтап со нас.
Чисто колку за илустрација па кој не го мрзи нека чита. Пред само десетина години очите ќе му ги извадевме на секој оној кој ќе предложеше промена на име, веднаш се лепеа етикети за предавници и патриоти. 10 години подоцна, истите оние кои беа најгласни, "патриотите" денес се безгласни букви или веќе срамежливо кокетираат со имиња, кое би одговарало подобро.
Ова доволно говори за силината на нашата колективна национална самосвест и за тоа колку сме пластелин нација. Секој не обликува и не трти како што му одговара.