Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
А претставниците на народот, избрани на избори, се паднати од Марс или увезени од странство. Никако не произлегуваат баш од тој народ.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
А претставниците на народот, избрани на избори, се паднати од Марс или увезени од странство. Никако не произлегуваат баш од тој народ.
јагмата е голема пријателе... кога ќе влезеш во бубањот...те прават по сопствен терк, те прават дел од нив...или тоа или Ѓорѓи Котевски...
 
B

Bafra

Гостин
Едноставно беше прашањето и конкретно, без споредби и сл. ако веќе одиме кон споредби се шпекулираше извесно на негово место да има синдикален претставник и/или комбинација со уше еден ВП.

Ти остани економски пуританец, неам ништо против, само правиш аналогија со компромитиран кадар од минатото со цел да ја зајакнеш неговата позиција, нема потреба од финти, има он уредници, колумнисти и шо не на платен список, кои при прв напад штанцаат хвалоспевки, еленика линија им е изглеа обединувачка ;)

Пак се навративме на истата дискусија шо ја праевме пред некое време, ете пак исто, првиот тематски прес шо го имаше Анѓушев за економија зш го чучна до него Ванчо Узунов?
Тоа е микро и макро економија, не значи дека ако менаџира добро со 800+ вработени, знае и со економски систем на цела земја, посебно кога не е економист по формално образование.

Тевдовски не знам, а Ставревски мислам дека знаењето и искуството кое го има беше ставено во прилог на еден поинаков контекст, така не дојде до израз баш тој позитивниот дел. Никола Поповски го заборави, иста економска доктрина имате :icon_lol:

Agree to disagree?
Како бе со Никола Поповски иста доктрина имаме... Ти си го слушал тоа лигаво створење... Тој подржува акцизи и зголемување, јас против, тој е за прогресивен данок, јас против итн итн баш спротивни сме. Со Трајко Славески сме на иста бранова должина.
Доколку би читал историски податоци поврзани со економски причини и последици еден е заклучокот: колку повеќе јакнее власта толку побргу се уништува државата.
Социјализам и Комунизам нема шанса да успее поради човечките страсти. Републиканско уредување секогаш доведува до појава на олигархија, а прифаќањето на Маркс без да се земат во обзир страстите и карактеристиките на луѓето е добро само на хартија. Креативноста е таа што води напред, а ниту една државна институција неможе така да функционира.

Темата е широка, така да не очекувам ни да се согласиш/те а и џабе да се објаснуваме кога ти донесуваме заклучок врз основа на различни влезни информации.

Скоро сите познати економисти имале друга професија претходно, така да тоа што Кочо не е економиста не значи дека не сфатил. И баш тоа што на 800 им обезбедува плата е доказ дека го бива. Дај боже ти да обезбедиш за 8 па ќе видиш колку труд и ум треба.

Кочо, Орце и слични ги осудуваш, ги етикираш, а главните и одговорни за нивно богатење на нечесен и нелојален начин ги амнестираш.
Кој одредува како се троши буџетот тој е одговорниот, тој дозволува и тој ги креира и крши правилата. Кај него е и ДБК и СУД и УЈП.
Тргни обратно и ќе имаш ефекти, вака само имињата ќе се менуваат.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
јагмата е голема пријателе... кога ќе влезеш во бубањот...те прават по сопствен терк, те прават дел од нив...или тоа или Ѓорѓи Котевски...
Не ти додаваат ништо што дотогаш си го немал во себе.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Не ти додаваат ништо што дотогаш си го немал во себе.
Секој го има тоа во себе... само некој може, а некој неможе да оддолее... а повеќето неможат.... Денешните времиња се такви, се нема грам достоинство. А и да е така како што викаш.... пак народот не е крив за тоа. Можеби вистинскиот збор е премногу трпелив за една демократија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Кажи ми каква одговорност треба да има некој што му ја рекетирале фирмата?
Знам такви луѓе, имам правено муабет со нив на темава, викаат дека и ѓаволот лично да застане против Груевски, за ѓаволот би гласале.
Груевски спиеше на тоа уво дека СДСМ се толкави предавници што никој не би гласал за нив а тој може што сака да си прави.

Друго прашање: Што е со оние кои што се свесни што се случува? И тие ли треба "да го јадат" , или... ?
Јас не викам дека народот е глуп затоа што го сменил Груевски. Уште помалце судам на некој ако е против некого од лични причини. Може некој да гласал против Груевски затоа што не сака луѓе што имаат неправилен од, и тоа за мене лично е сосема легитимна причина. Не па за многу поздраворазумни причини како рекет или било кој друг издржан пример.

Народот е глуп затоа што првично не го смени Груевски, го смени надворешна интервенција (пред и пост изборна). Па после, откако ги прашаа по втор пат, само 10 месеци подоцна, на голем дел им текна дека Груевски не чинел. Смешки.

Тие што се свесни што се случува, се доволно паметни за да можат да не го јадат индивидуално. За колективно, ќе истрпат некој удар по его, не дека не се научени.
ајде де... многу високо си се кренал па да судиш цел еден народ гранатиран со тешка пропагандна машинерија... Не другар, народот не мора да знае све..не мора да се замара со ситници... си има народот преставници нели... како повикуваат кандидатите на избори? дајте ми доверба..

најлесно е да кажеш глуп е народот...

Народот не е глуп, туку нема веќе доверба после све што му се направи...изморен е од лаги....умртвени му се сите надежи за подобра иднина.... па им остана да веруваат во ЕУ НАТО бајките ама со смкнати гаќи....
Јас не се ставам над народот. Јас сум дел од него. Ама јебига, имам право да не се согласувам со генералната насока во која истиот се движи. И имам право да мислам дека не вреди да пробуваш да ја оправиш.

И онака ќе поминат 5 години, и ќе се ресетира циклусот. Ако не се реши името сега, за година од сега, сите овие интернационалисти и верници во НАТО и ЕУ, ќе станат најголеми шовинисти и конзервативци. Исто како што го направија обратното, од 2008ма до сега. Тоа е малце заморно.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Со тоа што го лажеше народот и подгреваше лажно спокојтство во последните 13 години. Со тоа што е партнер ако не и организатор на настаните за време и после шарената револуција, која требаше да го канализира секој артикулиран отпор и да ни го спушти гардот и да створи апатија кај народот. Со тоа што ова што се случува е само продолжување на правецот на настаните кој они го дадоа.

Од ова станува јасно дека дпмне и сдсм се водени од една иста структура и служат за раздвојување на народот, се со цел да се остварат некои надворешни агенди врз нашата држава.
Грешка си и двете партии не се водени од никакви структури ,туку само од ненаситност!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Грешка си и двете партии не се водени од никакви структури ,туку само од ненаситност!
Ненаситноста ја одредува цената која е платена за тоа што се прави, па покрај предавствата трпиме и лоповлук.... На крај лоповите ќе ја укинат државата за да немаат каде да ја снесат одговорноста.

Структурата се тие кои покажуваат часовници кога требаше да се гласа нешто, а нашите послушници рекоа дека некои прашања не заслужуваат одговор....
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Од различни позиции тргаме. Ти (веројатно) мислиш дека народот е излажан или наведен. Јaс не мислам така. Мислам дека е глуп како кур, и дека има директна одговорност. И нормално дека ќе го јаде повеќе од Груевски, и треба да го јаде.
А шо е со албанците,по се изгледа се попаметни од нас или пак нивните политичари се попаметни и се грижат за својот народ?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Јас не се ставам над народот. Јас сум дел од него. Ама јебига, имам право да не се согласувам со генералната насока во која истиот се движи. И имам право да мислам дека не вреди да пробуваш да ја оправиш.

И онака ќе поминат 5 години, и ќе се ресетира циклусот. Ако не се реши името сега, за година од сега, сите овие интернационалисти и верници во НАТО и ЕУ, ќе станат најголеми шовинисти и конзервативци. Исто како што го направија обратното, од 2008ма до сега. Тоа е малце заморно.
Тој циклус е тој што ни се наметнува, и поради тој циклус тие непречено го прават ова што го прават. Тие работат заедно во спрега...А ние ќутиме и трпиме. Ги менуваме Мурто и Курто, а уствари јавачот веќе само ја менува маската, не се ни труди да се симне за да јавне друг..... А надродот опиен од пропаганда повеќе од било кога и тоа кога вистинита му е малтене пред очи.

Да вистина е тоа што го кажуваш, ама не дека народот е глуп, дека тие што се гласни да го воочат тоа, ќе бидат прво исмејувани, па после омаловажувани, уценувани, затворани и на крај убивани.

А тоа што се случуваше последните две години, со кулминација на 27 Април, беше жив пример за тоа како работат заедно, како се како едно...Не... Никола не се скрши....Никола го боли стапот за идеалите на оние кои си мислеа дека штитат нешто, а беа канализирани од истиот тој Никола.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
А шо е со албанците,по се изгледа се попаметни од нас или пак нивните политичари се попаметни и се грижат за својот народ?
Албанците се бесните кучиња кои треба да не држат под контрола.... Ние сме окупирана територија, со политичкото крило на УЧК како извршители на таа окупација под протекторат на запад.... Види што се случува последните 16 години и ќе ти стане јасно....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
А шо е со албанците,по се изгледа се попаметни од нас или пак нивните политичари се попаметни и се грижат за својот народ?
Збориш за истите тие што гласаа за СДСМ за да го сменат Ахмети, за на крај СДСМ да го спаси Ахмети? :D Исти курац како нас, затоа и живеат слично бедно. И ние, и тие имавме среќна околност да треба да се отцепиме од недостижно најглупите Срби, па така ние ја имаме Македонија, тие го добија Косово.

Плус се похрабри од нас, и затоа им се од корист на САД.
А тоа што се случуваше последните две години, со кулминација на 27 Април, беше жив пример за тоа како работат заедно, како се како едно...Не...
Не сум 100% сигурен што се случи на 27ми, ама би рекол дека има добра веројатност ова да е точно. Иако би сакал да слушнам некое сведоштво на некој од директните учесници.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Збориш за истите тие што гласаа за СДСМ за да го сменат Ахмети, за на крај СДСМ да го спаси Ахмети? :D Исти курац како нас, затоа и живеат слично бедно. И ние, и тие имавме среќна околност да треба да се отцепиме од недостижно најглупите Срби, па така ние ја имаме Македонија, тие го добија Косово.

Плус се похрабри од нас, и затоа им се од корист на САД.

Не сум 100% сигурен што се случи на 27ми, ама би рекол дека има добра веројатност ова да е точно. Иако би сакал да слушнам некое директно сведоштво на некој од директните учесници.
Зарем ти треба некој да ти го каже тоа што е очигледно, полицијата седи нема под команда на истиот и после напаѓа под команда на истиот. Свесно се оставени да влезат за да се покаже сила, да се покаже дека нема играње со власта ма што и да се деси, да се покаже дека опозицијата и позицијата се решени во едно.... да го бранат овој кобен циклус, по цена на уништување на државата.[DOUBLEPOST=1516828109][/DOUBLEPOST]
Плус се похрабри од нас, и затоа им се од корист на САД.
Храброста не се мери со сервилност, да беше така САД ќе застанеше позади „глупите“ но храбри Срби на времето.
 
Сакам да слушнам имиња на луѓе. Кој тоа ги храбрел, што им било зборено. Јасно ми е дека доаѓа од насока на ВМРО-ДПМНЕ, ама ме интересираат конкретни имиња. Исто ме интересира улогата на кабинетот на Иванов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom