Според тоа што пишува во Закон за кривична постапка, мое мислење е дека условите за одредување на мерка на обезбедување - притвор, не се исполнети. Кумулативно треба да бидат исполнети.Што мислиш дека со одзимање на пасош и јавување во суд ќе може да спречат евентуално бегање на овие надвор од државава (ако се решат на тоа) ?
И Груевски и Бошковски не можеа легално да ја поминат границата па видовме каде завршија и колку време ќе се изгуби додека ги вратат тука..
Таман си е мерката притвор тука со оглед на тоа за какво дело се товарат осомничените
За Грујовски и Бошковски мислам дека немаше никаква мерка пред одредување на притвор (кој беше одреден во отсуство).
Сериозноста на кривичното дело само по себе не треба услов за одредување притвор. Туку да се цени од случај до случај.
Не би ја правел таа паралела јас. Затоа што во случајов збориме за соизвршители.Гледав КОД и сфаќам дека тоа е поентата ама пак, ако некој бил возач а друг сувозач не може исто да одговараат, така?
Него, на страниве прочитав две крајно смешни работи, ме мрзи да цитирам а и нешто форумов кочи:
1. Стојанче Ангелов бил предавник.
2. Немале бомба или слично и затоа не можеле да се гонат за кривичното дело(коа повторно ќе кажам, не е Тероризам, се гонат за чл.313, не за чл. 394-б). Што е следно, убиство може само со пиштол?