Сакам да знам зошто братот Трамп уште се нема изјаснето за нашето прашање! На Мите Брилијант му дигнав обрт 60% пошто секој ден носев по 9 литри зејтин во црква со молитва за братот Трамп да застане на наша страна кога ќе биде најтешко. И ете најтешкото дојде, а братот Трамп сеуште се прави дека незнае каде се наоѓа нашата земја на мапа. Мислев дека Бејли конечно ќе добие прекоманда во Гвам ама, ете го уште е тука и ја крои нашата иднина без да не праша нас што сакаме. Од братот Путин одамна дигнав раце така да се уморив да го спомнувам во моите молитви. И секојдневно живеам со мантрата дека е веќе доста, дека е крајно време, дека од тука натака не се може, дека ова се моите црвени линии, дека се претера, дека од утре нова страна се врти, ама никако тоа утре и крајно време да ме стигне.