Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
Самоил Малчески има членска книшка на ВМРО-ДПМНЕ од 1993, но стана познат во 2007 година како студентски лидер. Три години подоцна се вработува на универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ама и по три години ќе добие отказ. Судската битка на Самоил Малчески со ректорот сѐ уште трае. Откако во „Фокус“ призна дека не бил донатор на ДПМНЕ иако така стои во партискиот извештај, обвинителството отвори предмет, но без епилог.
На ВМРО-ДПМНЕ во овој момент му е неопходна промена на самиот начин на функционирање на партијата. Ние не можеме да зборуваме за демократско општество и за демократија, а владејачката политичка партија во самиот свој Статут да има пропишано и да практикува недемократски методи на раководење. Потребно е итно одржување легитимен конгрес и запазување на процедурите за одржување на истиот согласно Статутот на партијата. Нова програма и нова платформа за политичко дејствување, како и враќање на партијата на членството, на оние за кои е формирана.
Ако гледате малку историски, тие се оние истите луѓе, дел од кои до пред некоја година се колнеа во Љубчо Георгиевски, а сега го блатат, но дел и се колнеа во Бранко Црвенковски, па и него го плукаат со години. Мое мнение е дека истите тие луѓе ќе бидат првите кои за неколку месеци ќе се оградат од Никола Груевски и ќе зборуваат сѐ најлошо за него.