Како тече тепачката помеѓу нас и околните држави за привлекување на странски инвестиции, ќе дојдеме до тоа да биде исто дали државата ќе вработува во нејзини институции или индиректно преку странските инвестиции.
Но, за бројките да бидат појасни треба да се види колку од тие средства се од продажба на претпријатија кои биле во државна сопственост (на пример: Албанија го продаде нивниот ЕСМ; Телоком Србија го купи Телеком Република Српска). Потоа треба да се види колку се субвенциите, затоа што сите држави даваат многу, не само Македонија. Србија даде огромни субвенции за инвестицијата на Фиат, потоа околу преземањето на долговите... Интересни се диловите на Србија со Етихад (кога инвестира и Србија, а покрива и загуба)... Да се види од кога почнал процесот за привлекување на странски инвестиции во тие држави... И на крај, да се подели по глава на жител. Само така би добиле пореална слика...