Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Прееска сретнав 50 имигранти на автобуска во Скопје. Се вратиле од Франкфурт, Германија кога слушнале дека тука социјалното давало две и пол илјадарки (45 евра) месечно за социјални случаи и дека дневницата за гроздоберот ќе била 600 денара од ден.
Ме прашаа и каде можело да се запишат на курс за албански јазик. Тажно!
ќути, чуле Зајко објавил стратегија 2017-27, еве сега сите ќе дотрчаат.
тоа чекаа, стратегија.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не се плаши, најголем бран на мигранти имаше кога груевски беше на власт со ДРПМНЕ, од како е заев дојден, веќе не се гледаат ни мигранти ни некој нешто се интересира околу нив.
Да не доцниш малку (повеќе). Мигранти нема (во толкав број) многу порано. Откако ЕУ реши да ја затвори „балканската рута“. Плус, им се допаднало во Грција и не сакаат да мрднат на запад.
Туку дај одговори ми, како го толкуваш делот од договорот со Бугарија каде што Р. Македонија нема право да се „интересира“ за македонското малцинство во Бугарија. Што е сега ставот на КаПеЈу и КаПеЕм? Порано беше „другови, Бугаре треба мрзети“. Сега?
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Не мора да е доброволно останувањето.
Другарче тие не ги спречиле војни и мориња, па тука со сила ќе ги задржиш. :)
или со сила сакале да останат во овој рај тука, незнам што од што е попаметно.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Да не доцниш малку (повеќе). Мигранти нема (во толкав број) многу порано. Откако ЕУ реши да ја затвори „балканската рута“. Плус, им се допаднало во Грција и не сакаат да мрднат на запад.
Туку дај одговори ми, како го толкуваш делот од договорот со Бугарија каде што Р. Македонија нема право да се „интересира“ за македонското малцинство во Бугарија. Што е сега ставот на КаПеЈу и КаПеЕм? Порано беше „другови, Бугаре треба мрзети“. Сега?
Од како дојде заев на власт престанаа колони мигранти да идат во Македонија, за време на груевски, милиони мигранти се шетаа низ македонија, сега тоа веќе го нема.
А каде е во договорот наведено дека “Македонија нема право да се интересира за македонско малцинство во бугарија?“ јас такви зборови во документот не сретнав
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Другарче тие не ги спречиле војни и мориња, па тука со сила ќе ги задржиш. :)
или со сила сакале да останат во овој рај тука, незнам што од што е попаметно.
Види, јас не знам што се планира. Ако се реши да примиме бегалци, 100% ќе примиме. Само вие потсмевајте се, ама „реформиве“ на Заев дефинитивно ќе ја обезличат Македонија. Прави си смешки... Точно дека многу од бегалците ќе одат илегално на запад. Но, не се сите од тој калибар. Многу луѓе се со мирен карактер и воспитание. Многу се (со) деца, (со)повозрасни и не можат да се нафатат на такви авантури. А, Македонија е секако многу побезбедна опција од нивните места од каде што доаѓаат.
Само терајте шеги и мангупски подбивања. Заев за 2 месеци веќе 2 договора спроведе. Има уште, сосе промена на името. Па за бегалци, „колај работа“. Оваа тиква муртинска што ја поставија за премиер сосема ќе не обезличи, за жал...[DOUBLEPOST=1502096801][/DOUBLEPOST]
Од како дојде заев на власт престанаа колони мигранти да идат во Македонија, за време на груевски, милиони мигранти се шетаа низ македонија, сега тоа веќе го нема.
А каде е во договорот наведено дека “Македонија нема право да се интересира за македонско малцинство во бугарија?“ јас такви зборови во документот не сретнав
Веќе ти реков дека колоните мигранти престанаа доста време пред да го постават Заев за премиер.

Еве го делот од договорот. Став 4 е ОК, ама 5 види го.

Член 11
4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.

5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.

Не ми кажа, што мислат „другови из комитета“, за ваков драматичен пресврт „у партији“. Од „мрзети Бугаре“, сега....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Член 11
4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.

5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.

Не ми кажа, што мислат „другови из комитета“, за ваков драматичен пресврт „у партији“. Од „мрзети Бугаре“, сега....
Па во уставот на Македонија нема такво нешто да државата се меша во внатрешни работи на други држави за лица кои не се државјани на Македонија.
Државата и уставот важат само за граѓаните на Македонија, не може устав на Македонија да се однесува на срби, грци, албанци... кои си живеат во србија грција и албанија
Тоа си е нормално.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.113
Поени од реакции
30.887
Побарај го документарецот на vice tv на youtube, сигурно има 10 години како државава практично си ја претрчуваат тие шо ги мрзиш, а тие шо им ги галиш тестисите со мал прст не мрдаа за тоа.
Вајс се интересни за гледање, ама треба да си многу наивен за да им веруваш (и да не знаеш дека и од ѓаволот би примиле порачка за пропаганда, само ако плати доволно).

Нејсе, на страна тоа. Ако е така како што упорно убедувате, дека мигранти никогаш нема да останат овде... Тогаш зошто се носи законска регулатива и се градат станови за мигранти?

Уште поважно, зошто вие неколкумината така здушно ја ги напаѓате сите критики за мигрантската политика? Зошто ја браните мигрантската политика?
(а под вие мислам на дузината usual suspects на кои 99% постови ви се исклучиво на оваа и пар други политички теми)

Можеш да објасниш?
Заеби партиски просеравања, Грујо ова - Заеб она, искрено одговори ако можеш. Зошто ја браните мигрантската политика?[DOUBLEPOST=1502097962][/DOUBLEPOST]
Тоа Русите шкртаат по ѕидови.
Руска пропаганда.
 
S

silmarillion

Гостин
Wow, патормен! У друг град имаш спиено? :confused:


http://fokus.mk/gruevski-sinoka-od-zelenikovo-jas-i-ministrite-sme-prespivale-po-drugite-gradovi-samo-da-im-pomogneme-na-graganite-za-vreme-na-pozharite/


Груевски синоќа од Зелениково: Јас и министрите сме преспивале по другите градови само да им помогнеме на граѓаните за време на пожарите пошо парите за противпожарни возила и парите за вработувања на стручен пожарникарски кадар ги исподрпавме
Потидеа беше градот за преспивање на министрите или? : )))) Патриотско вовче, со Иљката ко локомотива напред : ))


Само јако!
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Вајс се интересни за гледање, ама треба да си многу наивен за да им веруваш (и да не знаеш дека и од ѓаволот би примиле порачка за пропаганда, само ако плати доволно).
Наивен, да. Тоа се случуваше во време кога никој не ни збореше за мигранти во државава. Дури после стана невозможно да се сокрие за јавноста, кога се разгоре војната во Сирија и бегалците само го појачаа интензитетот. А и нив ќе се обидеа да ги сокријат ако не гинеа по 20 луѓе у железнички тунел.

Овој да не е форумскиов орангутан издркано? Види ја дијаспорава упм :facepalm:

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.113
Поени од реакции
30.887
@Almeida го коментираш само уводниот пасос, и никако не одговараш на прашањето кое всушност беше прашан.
Да повторам:


Ако е така како што упорно убедувате, дека мигранти никогаш нема да останат овде... Тогаш зошто се носи законска регулатива и се градат станови за мигранти?

Уште поважно, зошто вие неколкумината така здушно ја ги напаѓате сите критики за мигрантската политика? Зошто ја браните мигрантската политика?
(а под вие мислам на дузината usual suspects на кои 99% постови ви се исклучиво на оваа и пар други политички теми)

Можеш да објасниш?
Заеби партиски просеравања, Грујо ова - Заеб она, искрено одговори ако можеш. Зошто ја браниш мигрантската политика?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Ако е така како што упорно убедувате, дека мигранти никогаш нема да останат овде... Тогаш зошто се носи законска регулатива и се градат станови за мигранти?
не е законска регулатива туку стратегија која нема правно обврзувачка форма.
Во Македоија како мигранти и бегалци кои останале или сакаат да останат се бегалците од војната на Косово (претежно роми, горани можеби срби) како и уште од времето на конфликтите во Босна. Дел од нив побарале азил или престој. Од сиријци и авганистанци не знам дали некој изразил желба да остане овде.
За потреби на такви лица - мигранти и минатата влада на ВМРО како решение предвидела изградба или реновиорање на станови и објекти за нивен престој
“По донесувањето на Стратегијата и НАП за периодот 2009-2015 година, Владата предложи имплементација на четири стратешки точки со цел да се постигне одржливо станбено решение за бегалците што влегуваат во процесот на локална интеграција. За стратешкиот исход беше дефинирано обезбедување пристап до станбени решенија и обезбедување на станбени единици.“

“Во отсуство на Закон за социјално домување, Документ за политики за долгорочни и трајни станбени решенија, донесен од Министерството за труд и социјална политика, понуди три можни решенија за имплементација - 22 изградба на станбени единици (на земјиште во државна сопственост); реновирање на постојни објекти (во државна сопственост); и реновирање на куќи во сопственост на бегалците. Изградба на објекти заради давање поддршка на локалната интеграција се смета за долгорочно решение поради тоа што со тоа се поставува основа државата да го зголеми капацитетот на социјалното домување што ќе биде наменето за сместување на бегалци и лица со доделена супсидијарна заштита. Соодветно на тоа, Министерството за труд и социјална политика, на своето земјиште во Визбегово, а во соработка со Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР), ја изгради првата зграда со 20 стана наменета исклучиво за сместување бегалски семејства што решиле да останат во Македонија. Овие 20 семејства, седум семејства со самохрана мајка и 13 повеќедетни семејства, корисници на социјална заштита, се преселија во своите нови станови во 2013 година. Семејствата беа избрани преку отворен и јавен повик каде критериумот ранливост претставуваше доминантна предност во процесот на селекција. Во периодот од 2010 до 2012 година, Министерството за труд и социјална политика се даде во интензивна потрага по државни имоти што би можеле да бидат претворени во објекти за социјално домување, проследено со инвестирање во инфраструктурата и во реновирање. Беа разгледувани различни опции, како што се стари и веќе неупотребувани училишни згради, детски градинки во руралните средини и на слични локации, но не се изнајдоа сообразени прилики.“
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.113
Поени од реакции
30.887
не е законска регулатива туку стратегија која нема правно обврзувачка форма.
Ако е така тогаш зошто да се градат станови?
Нема ли наши граѓани на кои им треба помош, па стигнавме за некои суртуци од којзнае-каде стигнавме да градиме станови?

Најпосле, сеедно како се вика срањево и слични такви релативизирања.
Прашањето е зошто воопшто се носат такви „стратегии“, освен ако не за да се исполнуваат (кога ќе дојде времето за тоа).


Бонус прашање, @Let 3 зошто ти ја браниш таа „стратегија“ за згрижување мигранти?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Ако е така тогаш зошто да се градат станови?
Нема ли наши граѓани на кои им треба помош, па стигнавме за некои суртуци од којзнае-каде стигнавме да градиме станови?

Најпосле, сеедно како се вика срањево и слични такви релативизирања.
Прашањето е зошто воопшто се носат такви „стратегии“, освен ако не за да се исполнуваат (кога ќе дојде времето за тоа).


Бонус прашање, @Let 3 зошто ти ја браниш таа „стратегија“ за згрижување мигранти?
Кај се градат станови бе?
знаеш ли ти разлика меѓу стратегија и закон? стратегија е план за справување со некоја ситуација која ја има во државата или која е можна да се случи. Имаме и стратегии за епидемии и за војни и за внатрешен ред и за туризам... тоа се идеи или насоки за можни решенија а не правно обврзувачки документи.
Во Македонија од средина на 90 сети па до денес иа лица со статус на бегалци, има тука и роми има и босанци има можеби и некој србин или албанец, лица кои се тука 20-30 години и кои бараат азил или место за престој. Не се тука ни 10.000 ни милион сиријци, тој бран помина и замина во европа како што гледам денес нема ни мигранти кои идат тука, ниту пак од сирија идат веќе вести за некои масовни бегања.
Ако имаш да ми покажеш каде и како се градат згради за бегалци од ова власт - повели, ако не немој да шириш невистини овде.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
Прееска сретнав 50 имигранти на автобуска во Скопје. Се вратиле од Франкфурт, Германија кога слушнале дека тука социјалното давало две и пол илјадарки (45 евра) месечно за социјални случаи и дека дневницата за гроздоберот ќе била 600 денара од ден.
Ме прашаа и каде можело да се запишат на курс за албански јазик. Тажно!
; (
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom