Напротив.. едно е победник, друго е владино мнозинство (или собраниско). Тогаш и Села наречи го победник. И Ахмети. Едно е победник, кој освоил најмногу, друго е кој составил (или му составиле) владино мнозинство.Веќе објаснив дека единствен релевантен критериум за победник е тоа кој ќе ја состави владата. Разни пирови „победи“ се неважни. Теоретски дпмне и сдс можеа да направат влада, ниеден закон не го спречува тоа. Исто како што ниеден закон не спречува да се оформи мнозинство на било кој начин. Постојат некои непишани наметнати правила, кои некогаш ете не се почитуваат (како на последниве избори).
Во 1990та година странците ни наметнаа правила за составање мнозинство кои никаде во друга држава ги нема. Криви се тие што оставија да им се наметнуват такви правила.
Сега ти кажи ми кои се тие кривите?
Не знам дали знаеш.. во 1990 г. најмногу пратеници освои ВМРО ДПМНЕ на чело со Љубчо, но Глигоров не му даде мандат и му даде мандат на Никола Кљусев (непартиски) човек. Стана премиер. Кој победи на изборите? Ниту една партија не состави влада. Дури во 1992 г. (пролет-лето) СДСМ со Бранко го направи тоа собирајќи ги сите против Љубчо.