- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.089
- Поени од реакции
- 12.648
Секако дека не смее да се заборави, но тоа не значи дека овие кои сега ја разебуваат државата начисто или на нечисто, треба да бидат ослободени од критика.ами ај да заборавиме дека имаше претходно друга влада која ја разеба државата начисто.
Во целост се согласувам со спомнатото, но покрај незаборавањето и непростувањето - освен ако си религиозен христијанин, бидејќи христијанството повикува на љубов и прошка - треба да се извлече и поука од криминалната банда која беше на власт од 2006 до 2017, и уште поважно, да се спречи сегашната криминална банда која е на власт, да ги повтори истите дела, бидејќи и сегашниве криминалци на власт имаат криминално минато и криминални планови.Претходната влада не беше влада , дувло на психопати и мафијаши што сееше зло низ Македонија. Нема заборавање, нема простување.
За господинот Никола Груевски би можело да се отвори посебен дел во Музејот на ВМРО и на македонската борба за независност и самостојност, во склоп со Музејот на жртвите на комунистичкиот режим, каде што би биле детално прикажани неговите криминални дела и криминални политики.Наместо да ја трошиме енергијата во беспоштедни критики кон господинот Никола Груевски, кој веќе е минато, треба да се насочиме кон конструктивна критика на новата Влада. Кажи им.
Слична иронија дочека Николае Чаушеску во Романија, типот ја изгради втората најголема административна зграда во светот после Пентагон, Народната куќа, односно Палатата на Парламентот во Букурешт, која оригинално требаше да биде Куќа на Републиката, односно Палата на претседателот. Во овој неокласицистички бел слон беа фрлени над 1 милијарда и 750 милиони долари во 1980-те години, односно околу 3 милијарди евра во денешни пари, но наместо да стане дом на диктаторот, стана дом на демократијата, а Чаушеску не дочека да го види тоа со свои очи бидејќи беше погубен на 25 декември 1989 - на католички Божиќ.
Мислам дека што се однесува во минатото, баш задоволителна иронија би била за граѓаните, музејот кој бил изграден како дел од плутократскиот бел слон наречен проект Скопје 2014, да биде дом во кој детално ќе бидат прикажани пастирот и пвеводбениците и нивниот анти-придонес за Македонија од 2006 до 2017 година. Уште подобро тоа да се случи додека пастирот и пвеводбениците се живи и додека сеуште не фатиле џаде за Белизе, Доминиканска Република, Панама или не знам каде.
А кога сме кај сегашната влада, мислам дека нема подобар период за критикување од сегашниот, бидејќи сега се на власт, а било какво молчење за нивното работење значи одобрување на нивните постапки.
Па малиот Декстер барем стигна и до Марс со сестра му Диди, за разлика од овците како тебе на кои од трлото наредна станица им е кланицата, потоа месарата, потоа рерната/тавата/тенџерето/експрес лонецот/скарата, потоа желудникот, и на крајот канализацијата.Сега све како што треба ќе ви објасни малиот Декстер...![]()
Единствено волната ќе остане како некаков доказ дека некогаш си постоел, а коските несомнено ќе завршат кај кучињата.
Која е твојата дефиниција за швајцарци ?Претходното не беше влада - беше стихија, елементарна непогода, тајфун, торнадо. Не е лошо да си ја уклучиш и штоперицата, а не да им броиш денови. Чудо како до скоро ни години не броевте, а сега се' повеќе швајцарци се накотивте.
Последно уредено: