Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
- Член од
- 16 октомври 2009
- Мислења
- 7.349
- Поени од реакции
- 7.606
Не, туку го знам лично човекот што замалку ќе загинеше од тој метак. Четири души го тргаа на страна да не го докусури. Човек не се однесува така ако измислувал, нити тие 4 души кои пробале да спречат поголема трагедија.Убаво олкав пост им одговори на сите. Ај и мене одговори ми дали ти со свои очи виде како пука Села?
Не, напротив. Сметам дека со оглед на околностите ова беше најоптимална ситуација што можеше да излезе. Тоа претходно се однесуваше во хипотетичко сценарио, да не беа со фокус на друго место остатокот од екстремните елементи дека ќе беше многу поцрн ден вчерашниот. Бев за малку ќотек, да, колку да ја сфатат сериозноста тие таму што така лагано си кројат политики без око да им трепне. Важи и за тие шамари што Ѓорчев и компани ги изеле, наводно. Но крв? Не. Затоа и претходно кажав, ескалираше ситуацијата во непотребна насока. Сега 25 души ќе го кркаат за СДС и ВМРО што не нашле заеднички јазик, наместо тоа, ете пожестоко сега се лаат меѓу себе.@Шкорпион тебе како да ти е криво малце шо не влегле повеќе луѓе и што не паднала повеќе крв.
Туку друго сакав да ти кажам, се жалиш што и „обичниот народ“ го јадел заради ордите што кршеа и тепаа, јас напишав и преѓа и сега ќе кажам пак, по нормална процедура не смеевте ни да влезете во Собрание, требаше со сила, ако треба и со огнено оружје да бидете спречени во тоа, настрана фактот што сте соучесници во синоќешните настани преку директното „бодрење“ и „агитација“ со разноразни повици внатре во зградата. Така да потенцијална одговорност имате сите, доказите ќе покажат кој поточно.
Збориш за нормална процедура? По нормална процедура немаше ни да биде избран Џафери како нов спикер. Нити ќе се пееше албанска химна како mock-реакција на други пратеници, или не знам, нормална процедура како проверка на пратениците што влегуваат во Собрание, и дали носат наполнето оружје спремно за употреба во секое време. Им текна најпосле дека е потребна нормална процедура откако тие што ги кршеа сериски процедурите претходно изедоа малку ќотек и пуштија малку моч у гаќи од страв. Тогаш им светна дека треба да се држиме до процедури, регулации, закони. Процедурално можеби не, но сосема разбрана реакција беше влегувањето во Собрание. Кога тие внатре немаат абер да ги спречат деструктивните процеси, дали реторичко-демократски, или преку сила (и онака уживаат имунитет, дури и да се пробаа во тоа руво), нормално дека луѓето ќе реагираат на тој начин на кој што реагираа. Се влезе за да се интервенира. Да се поништат направените незаконски одлуки и да се пуштат тогаш кога се откажат од деструктивни агенди за државата.
Заев се дереше "Ама не сум јас крив, не сум јас крив!" - За што точно избегнува вина? За што тоа он не е крив? Што точно згрешил што молеше за милост таму? Нели е само партиска програма тоа што куваа они? Или се откри тајниот рецепт на кулинарот?
Со огнено оружје спречени ... И што, да не ќе пукаа? Тоа подобар PR сметаш дека ќе беше за Македонија? Затоа што викаш така требало да биде, според тебе. Ете, ти така ќе си постапел веројатно. Среќа наша што не ја водиш МВР ти како институција. Јас ако не сум „бодрел“ и „агитирал“ иако сум бил внатре, нема што да ме оценуваш како соучесник. Тој што решил да тепа и да пушти крв ќе си сноси одговорност, тие што седеле на страна, нема да ја делат истата судбина ко него. Впрочем, имаше еден куп ТВ екипи внатре, имаше и собраниски камери наоколу, како и цела артилерија мобилни телефони кои снимаа и снимките се сегде по нетов. Нека се утврди кој што правел. Јас спиев мирно вчера, ќе спијам мирно и денес. Знам што сум правел и што не сум правел. Ако имало нешто, до сега ќе бев приведен заедно со тие 25+ души. Но не сум, и нема ни да бидам. А тоа како ти ќе постапиш во ваква ситуација во некоја измислена држава можеш да се испробаш кај NationStates. Реалноста бара друг калибар луѓе.