Така е, ама тие институции не сакаат Р. Македонија да е член на тие здруженија.
Тие не не сакаат ама ние очигледно ги сакаме.
Ги сакаме и сакавме нивните пари со кои не задолжуваат оти нашата земја која е воедно една од најнезадолжените во Европа заедно со Босна и Косово е пример како да се цицаат тие средства и да завршат во некоја егзотична дестинација. Сета да е до Панама и Белизе. Секоја чест!
Ги сакаме оти не кредитираат од кога постоиме. И нормално ги сакаме заради Бранко и Љубчо на кои, некако,им се виде крајот!
Ги сакаме оти десет години на пастирот не му замрчија ич! А после кога дојдоа странските служби со комбето со клонираните станици почнавме помалку и да не ги сакаме. И ооп - зајко е крив. Зајко кого сосе цело судство , полиција, авлиски кодоши не успеаја да го затворат.
Сакале или не, нашиот пат е избран одамна. Влезени сме во машината, задолжени и зависни донемајкаде...и немаме сила ништо ама ништо да сториме по тоа прашање.
Не можеме да се однесуваме како запалени 16-годишници и да викаме ура, Македонија вечна сета да е В Е П. Она кое како шанкуриња по утакмици го викавме сега се тетерават и го брчат луѓе кои три чити немат и си го одработуваат долгот према власта.“Смрт за шипојте“...аман...смешно е! Ќе ни ја земат Македонија не ја даваме ! Во 2001 истата приказна, лавовите ќе не бранеле...жално тој што не знае со кој си има работа! Од мене толу по тоа прашање...било не поновило се како велат нашите најголеми во моментот први брачеди.
Не можеме да си го дозволиме излетот вон тоа кое го посеавме, поточно нашите претходни влади го направија тоа. Сега не е време да брчиме кој беше полош или подобар ама треба да се извади барем тоа малку што е останато во народов што размислува нормално, со ладна глава и да еднаш засекогаш го отераме овој кој си ја спасува кожичката на сметка на робовите кои на најпростачкиот и најдебилен начин ги створи и сега ја “спасува“ државата и кажува надреалистички приказни и нуди саможртви.
Ако си ја сакаат партијата како што си ја “сакаа“ сиве овие години и ако имаат барем малку доблест и човештина, не мора да се прават патриоти оти многу добро се знаеме кој сме и како сме, треба да го отераат паторот и компанија од белата палата и да си го спасат образот.