Случувањата во Африка!

H

HITCH

Гостин
Африка е втор по големина континент во светот и по површина и по население, но и единствениот преку кој преминува екваторот и двата повратници. Африка зазима 20,3 % од вкупната површина на Земјата. Релјефот и вегетацијата на најтоплиот континент варираат од дождовни шуми и суви савани до врели пустини. Составена од 54 држави, доколку успешно се спрведе референдумот во Судан 55 држави, во Африка се зборуваат дури 2000 јазици. Африка е најнеразвиениот најсиромашниот континент. Слободно може да се каже дека луѓето во Афика живеат најмизерно, во вистинското значење на зборот. Тие се соочуваат со недостаток од основните работи кои ни се потребни за живот храна, вода и лекови. Но, во избовилство имаат хуманитарци кои секојдневно се сликаат со нив. Сите знаеме дека во 21. век во Африка сеуште луѓето умираат од болести за кои одамна има лек. Но, во исто време во Африка има најмогу луѓе инфицирани/ заболени од ХИВ/СИДА.
Сите знаеме за Африка. За среќа, во нашиот образовен систем сеуште се обрнува големо внимание на предметите историја и географија, па немаме генерации кои на карта на светот не може да се снајдат. За да не ја оптоварувам многу темата на самот почеток еве линк за повеќе информации за континентот Африка.
Видов дека на форумов нема ниту една тема за континентот Африка, што искрено ме изненади. Во моментов сите поголеми светски економски, здравствени, културно - уметнички проекти се поврзани со Африка. За блискиот Исток полека се губи интересот.
Откако луѓето во Африка беа искористени за секакви експрименти, според мене еден од најубавите континенти, ако не и најубавиот, конечно ги привлече финансиите на светот. До сега сите велеа дека треба да се помогне на народот во Африка, а сега полека зборовите од хартија почнуваат да се реализираат. Додека да се изнајде вистинскиот модел за помош на континентот кој самите „големи сили“ намерно го уништија ќе бидат испрани многу пари, но сепак ќе се почне од некаде. Прочитав една вест дека ОН на 24. Септември 2010 година ќе организираат состанок во Судан. Со цел да се поддржи единството на федерацијата Судан на состанокот ќе присуствува и претседателот на САД Барак Обама.

Судан, најголемата држава во Африка и 10. најголема држава во светот по територија, во моментов се соочува со огромен проблем, референдум за поделба на државата на два дела. Двете граѓански војни кои се случиле во Судан траат речиси цел постколонијална историја (Судан бил Британска колонија) , првата 1955 – 1972година, а втората 1983 – 2005 година. Војните се водат помеѓу северениот Христијански и јужниот муслимански Судан. А пак пред да се потпише мировниот договор во 2005 година со посредство на ОН во Дарфур избувнува нов конфликт кој сеуште трае. Значи накратко, во Судан цело време се војува!
Според меѓународниот монетарен фонд (ММФ), бруто домашниот производ (бдп) е зголемен за три пати откако на власт дошол Omar Hassan al-Bashir во 1989 година. Повеќето од зголемениот раст во изминатата декада се должи на извозот на нафта, најдолгиот и најзначителен раст од прогласувањето независност во 1956 година. Омар Хасан ал – Башир победил на првите повеќе партиски избори во Судан пред повеќе од 20 години. Поради брзиот развој на Судан, благодарение на извозот, а со тоа и отворање на многу училишта, болници патишта и отворање на многу нови работни места, може да ја објаснат причината поради која Омад Хасан ал - Башир добил толкну многу гласови во северен Судан, кој исто така е обвинет и за воени злосторства и геноцид и често западните водачи го сметаат како негативец.
Во јужен Судан, пак, главен водач е Salva Kiir, победил со освојување на 93% од гласовите во полу автономниот Јужен Судан. Тој настојува да се одржи референдум во 2011 за Судан да се подели на два дела, Северен и Јужен Судан.
Одржаните избори оваа пролет беа многу важен чекор кон референдумското изјаснување. Америка, го поддржува мировниот договор од 2005 во ОН помеѓу партијата на Башир и бунтовниците од југот. Пред да се одржи референдумот за поделба на Судан, Владата на Северот сака да да ја смири воената криза која се случува во Дарфур, со цел да ги обесхрабри сите оние кои се залагаат за успешен референдум.
Поделбата на Северен и Јужен Судан значи и поделба на богат и сиромав, но мирен Судан.
Обединетите нации, Светската банка и Африканската Унија ќе присуствуваат на состанокот на ОН во Судан. Повеќе овде

Геноцидот во Дарфур

Дарфур е регирон во Судан со големина на Франција. Таму живеат околу 6 милиони жители од приближно 100 племиња, некои номадстки, некои земјоделци. Сите се муслимани. Во 1989 година, Генералот Омар Баширја преземал контролата во Судан со воен удар, со што потоа им се дало можност на „Националниот исламски фронт“ да се разгорат регионални тензии. Во битка за политичка контрола на регионот, во Дарфур само било доставувано оружје. Конфликтот се зголемил помеѓу многуте номадски арапски племиња и Африканските земјоделци.
Во 2003. Год. Две дарфурски бунтовнички движења – „Суданската ослободителна војска“ и „Движењето за правда и еднаквост“ се судриле со Суданската влада, жалејќи се за маргинализирањето на областа и неуспехот да го заштити населението од нападите на намадите. Владата во Судан одговорила со ослободување на Арапска полиција позната како Janjaweed, „Ѓаволи на коњи“. Владата заедно со арапската полиција ги нападнала стотиците села околу Дарфур. Околу 400 села биле целосно уништени и милиони цивили биле натерани да ги напуштат своите домови.
Во геноцидот кој се вршел, Африканските фармери и другите жители во Дарфур биле систематски убивани и протерувани од страна на арапската полиција. Во геноцидот во Дарфур, биле убиени 400 илјади луѓе а 2.5 милиони биле протерани. Дневно повеќе од 100 луѓе сеуште гинат, а околу 5000 илјади умираат секој месец. Суданската влада ги негира овие проценки и ја отфрла поврзаноста со „Ѓаволите на коњи“

--- надополнето ---

Референдумот за поделба на Судан е темпирана бомба!

Референдумот кој треба да се одржи во јануари 2011 година ќе одреди дали граѓаните на Судан сакаат да живеат во една или пак во поделена држава. Во Јужен Судан кој и сега функционира како полуавтономна област има големо количество нафта, од чив извоз живее целата држава. Рефереднумот е дел од договорот во 2005 год кој бил постигнат со посредство на ОН и со што престанало насилството помеѓу сиромашниот север и богатиот со нафта југ. Во прашање се големите нафтени резерви кои се наоѓаат на југ, а се контролирани од владата на северниот дел.
Претседател на Судан е Омар ал - Башир, а потпретседател е Салва Киир.
 
H

HITCH

Гостин
Двајцата кандидати за претседател на Брегот на Слоновата коска положија свечена заклетва

Абиџан, 4 декември 2010 (МИА) - Опозицискиот кандидат за претседател на Брегот на Слоновата коска Аласан Ватара вечерва соопшти дека положил заклетва на функцијата шеф на државата, откако истото пред неколку часа го стори и претседателот Лоран Гбагбо, што ја одведува јужноафриканската земја во нова политичка криза.

Во четвртокот Изборната комисија за победник на претседателските избори го прогласи Ватара, но вчера повисока судска инстанца го отфрли тврдењето на Комисијата и за нов шеф на државата го прогласи актуелниот претседател.

Меѓународната заедница го поддржа изборот на лидерот на опозицијата и не го признава Гбагбо за победник.

Претседателските избори во Брегот на Слоновата коска, кои се оддржаа на 28 ноември, требаше да ја обноват стабилноста во земјата по кратката граѓанска војна од 2002-2003 година.

Премиерот Гијом Соро денеска својата оставка му ја врачил на Ватара.

Приврзаниците на Ватара излегоа на улиците и палат автомобилски гуми, по што се зајакнаа стравувањата од насилство меѓу приврзаниците на двата табора или меѓу силите на редот и приврзаниците на Ватара.
Кога не иде не иде, ама кога ќе тргне, машала двајца претседатели.
 
V

Vollstandig

Гостин
Незнам дали сте забележале, дека кај што има муслимани има и војна. По се изгледа дека муслиманите се проблемот, а не нешто друго.

Африка: Судан ,Уганда, Либија - војни

Истокот - Иран, Ирак, Авганистан итн.

Балканот: Босна и Херцеговина,Албанија

Кај што се нашло муслиманско население никанле конфликти и расна омраза, по се изглеа не им се живее..
 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
war-face-demotivational-poster-1200163691.jpg


Остај ги нека се тепаат , немаат што друго да прават, у остало досадно им е да живеат у пештери.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Незнам дали сте забележале, дека кај што има муслимани има и војна. По се изгледа дека муслиманите се проблемот, а не нешто друго.

Африка: Судан ,Уганда, Либија - војни

Истокот - Иран, Ирак, Авганистан итн.

Балканот: Босна и Херцеговина,Албанија

Кај што се нашло муслиманско население никанле конфликти и расна омраза, по се изглеа не им се живее..
Шо не ќе прочита чоек на форумов...трагично е...ццц
Генералната претпоставка која си ја бувнал тука се граничи со генијалност,но само да потенцирам некои детали како војни во Либија :pos2: и муслиманската Уганда...:pos2::pos2:

Маките афрички почнуваат одамна.
Африка пред колонизацијата се состоела од најразлични култури од племиња кои живееле прилично различно,зависно од територија до територија,од места кои биле во камено време истовремено до големи империи како онаа на Ашанти и цивилизации на рамниште на било која друга во светот.
Цивилизациската разновидност била присутна како на ниеден друг континент.
Разликата главно била во немањето модерно вооружување при што европските колонизатори го запоседнале континентот до крајот на 19-ти век во “Scramble for Africa“, трка за заграбување на што повеќе земја од страна на колонијалните сили.
Деколонизација никогаш и не се случила во реалноста, луѓе обучувани,школувани и спремани од екс-колонизаторските земји се поставуваат за диктатори во 50-те и 60-те при што се даваат концесии на екс-колонизаторите за што корумпираните власти добиваат пари и поддршка и така во круг...

Долга и широка е,има многу за пишување...
 
V

Vollstandig

Гостин
Па либија како што сум забележал е распадната земја од некоја си војна, сеа не ме држи за збор, али чоек ако го каже своево мислење и малце е поинакво од реалнсота, не значи оти е глуп ,деген, нема право да пиши.Што ако и ти не си во право. Е сеа да се вратам на темата, муабетот мене ми е, моменталната состојба, видија за во уганда, за во тоа судан, лом што се праи. Таму е муслиманско население и лом се прават со тие шо се христијани, то сакав да кажам кај што се врти исламот тука се врти и по некое пукнување па војни па едно друго...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Па либија како што сум забележал е распадната земја од некоја си војна, сеа не ме држи за збор, али чоек ако го каже своево мислење и малце е поинакво од реалнсота, не значи оти е глуп ,деген, нема право да пиши.Што ако и ти не си во право. Е сеа да се вратам на темата, муабетот мене ми е, моменталната состојба, видија за во уганда, за во тоа судан, лом што се праи. Таму е муслиманско население и лом се прават со тие шо се христијани, то сакав да кажам кај што се врти исламот тука се врти и по некое пукнување па војни па едно друго...
Right to be wrong has to be maintained at all cost. :)

Либија не е распадната земја туку е огромна земја, скоро 4 чати поголема од Франција, територијално покрива она што било некогаш Италијанска Либија (Северна Африка) три територии под италијанска власт.
Има многу поголем стандард од нашиот, познавам луѓе кои биле на печалба таму.

Во Уганда 9 од 10 души се христијани.
 
H

HITCH

Гостин
Kidnapped Hungarian UN employee in Darfur freed: UN

Hungarian civilian Istvan Papp, who works for the UN-African Union peacekeeping mission in Sudan's Darfur region and was kidnapped in October, was released on Wednesday, a UN official said.
"He was freed thanks to the efforts of the Sudanese authorities with whom the mission is in contact," UNAMID spokesman Kemal Saiki told AFP.
"He was taken by plane to El-Fasher airport where he received a medical examination. The doctor of the mission said he is in good health."
Papp, 56, whose kidnapping was never claimed later flew to Khartoum.
He was abducted by gunmen along with two colleagues from a compound in El-Fasher in October, and was the last remaining hostage in Sudan's war-torn western region.
The three were snatched just hours after a delegation of United Nations Security Council envoys arrived in the north Darfur city on a visit.
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Незнам дали сте забележале, дека кај што има муслимани има и војна. По се изгледа дека муслиманите се проблемот, а не нешто друго.

Африка: Судан ,Уганда, Либија - војни

Истокот - Иран, Ирак, Авганистан итн.

Балканот: Босна и Херцеговина,Албанија

Кај што се нашло муслиманско население никанле конфликти и расна омраза, по се изглеа не им се живее..
Во Босна има повеќе такозвани хрвати и срби(христијани) отколку бошњаци(муслимани)...
што значи теоријава ти е топен шеќер...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Во Босна има повеќе такозвани хрвати и срби(христијани) отколку бошњаци(муслимани)...
што значи теоријава ти е топен шеќер...
Теоријата му е супер и теоријата е точна.
Скоро секаде каде што има муслимани има и конфликти.
Прават проблеми секаде. На Филипините, Индија, Русија, Кина, Израел и скоро цела Африка.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Dajte prestanete na religiozna osnova da obvinuvate nekogo zosto ne e temava za muslimani tuku za afrika i slucuvanjata. Vo Afrika sekogas ke ima vojni, a idnite vojni kako sto procitav na internet ke se vodat za izvorite na cista voda za pienje i nivnoto osvojuvanje na nekoe pleme ili drzava sto gi nema ili ima nedostatok
 
H

HITCH

Гостин
Dajte prestanete na religiozna osnova da obvinuvate nekogo zosto ne e temava za muslimani tuku za afrika i slucuvanjata. Vo Afrika sekogas ke ima vojni, a idnite vojni kako sto procitav na internet ke se vodat za izvorite na cista voda za pienje i nivnoto osvojuvanje na nekoe pleme ili drzava sto gi nema ili ima nedostatok
Хефе, во војната во Дарфур (Судан) има и религиски мотиви. Нетрпеливоста помеѓу двете страни е опасна работа. Судан се простира на огромна територија, сега се борат кој да го грабне делот кој ја издржува целата држава. Доколку се раздвои Судан, едниот дел нема да може да фунционира и од старт е осуден на пропаст. Подобро е да остане една држава.
Инаку Африка има премногу ресурси кои до сега воопшто не се искористени. Кога државите правилно и паметно би се насочиле кон производство и пласман би било супер за сите, но и таму владеат големи пајташи кои гледаат да си приграбат што повеќе пари за себе. :toe: Жалосно е што сеуште во некои делови нема елементарни услови за живот. Иако се испраќаат премногу пари, тие не стигнуваат на вистинското место. Токму поради лошата прераспределба на средствата толку бедно живеат дел од жителите на Африка.
 
L

Liberation

Гостин
Таман денес ситуацијата во Алжир беше ставена под контрола, протестите од вчера во соседен Тунис однесоа 20 жртви, а болниците примиле над 60 повредени.

Полицијата убила над 20 демонстранти, кои на насилните демонстрации протестираа против високата стапка на невработеност.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom