ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
27.02.2007
При инспекцискиот надзор присуствуваа: Стојан Динев, раководител на Секторот за урбанизам на Општина Срумица,службени лица кои преземале управни дејствија по предметот од Секторот за урбанизам,Иринка Трајкова, овластен градежен и урбанистички инспектор, полномошник адвокат Ване Андреев,Советник Цвета Камиловска од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Министерството за транспорт и врски и Саветка Ќучукова,Советник-инспектор во Државниот управен инспекторат на Министерството за правда.
НАОД НА СОСТОЈБАТА
Врз основа на извршениот увид во предметот Уп .бр.17-1119/1 од 18.07.2006година, како и од разговорите со службените лица присутни при надзорот е утврдена следната фактичка состојба: Градоначалникот на Општината Струмица согласно надлежностите од Законот за локалната самоуправа(,,Сл.весник на РМ,, број 5/2002), предложил до Советот на Општината Струмица,да донесе Одлука за реконструкција и надградба на Градскиот пазар во Струмица, по изготвен идеен проект со технички број 295/2006 од Друштвото за трговија на големо и мало,услуги, градежништво, производство и промет,,Фадом,,увоз-извоз ДООЕЛ Струмица. Советот на Општината Струмица, на седницата одржана на ден 08.02.2006година, ја донесол предложената Одлука под број 07-862/2 и истата е објавена во Службен гласник на Општината Струмица, број 1 од 14февруари 2006година.
Во однос на постоење на планска документација за планирање на просторот во Општината Струмица, на денот на донесувањето на цитираната Одлука, бил донесен Генерален урбанистички план (ГУП) од Советот за период 2001-2015 и Детален урбанистички план од 31.12.1987година, за кој постои Одлука број 02-850/1, соред кој просторот на кој постои Градскиот пазар е локација организирана како отворен пазар и три приземни објекти во кои се одвивала трговска дејност, сопственост на физички и правни лица. Градоначалникот, согледувајќи ја ваквата состојба со постоечката планска документација, покренал постапка за измена и дополна на ГУП-от за град Струмица за содржините во Планот,а за локацијата на Градското пазариште побарал истата да се измени во Планот со намена за Комерцијални објекти и градско пазариште.
Градоначалникот, врз основа на Идејниот проект изготвен од ,,Фадом,, Струмица, по претходно спроверена постапка на јавен тендер број 1/2006, донел Одлука број 08-1072/5 од 17.5.2006, со која Одлука за најповолен понудувач се избира ДОО,, Де лукс инженеринг,, Струмица, како соинвеститор за реконструкција и надградба на градското пазариште во Струмица, за што е склучен и Договор за соинвеститорство и заедничка градба број 03-4042/1 од 27.06.2006година, потпишан од Градоначалникот Зоран Заев и управителот на друштвото Горан Крстев. Со договорот поблиску ги уредиле односите за градбата на пазарот, како и сопственичките односи по изградбата на пазарот, без да е извршена солемнизација на Договорот од надлежен Нотар, што е спротивно на Законот за вршење на нотарските работи(,,Сл.весник на РМ,, број59/96 и25/98). По спроведената постапка согласно со Законот за просторно и урбанстичко планирање и добиената Согласност од Министерството за транспорт и врски број 18-13431 од 07.07.2007година,Предлог-одлуката за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на град Струмица,за период 2006-2020, Градоначалникот ја доставил за донесување до Советот на Општината, без претходно да побара да се решат имотно-правните односи со земјиштето кое е во сопственост на Република Македонија, кое нешто не е во согласност со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост(,,Сл.весник на РМ,, број4/2005 и 13/2007). Градоначалникот склучил 24 Спогодби со сопствениците на деловниот простор на локацијата на пазарот во периодот од 25.05.2006 до 25.10.2006година, но истите не се солемнизирани од надлежен нотар, што не е во согласност со Законот за вршење на нотарските работи,ниту пак се склучени според член 137 од Законот за општата управна постапка, и истите не претставуваат извршни исправи. Советот на општина Струмица на седницата одржана на ден 17.07.2006година, донесол Одлука за донесување на Планот за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на град Струмица за плански период 2006-2020, објавена во Службен гласник на Општината Струмица број 11 од 18јули 2006година, а со членот 3 од Одлуката е предвидено дека влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службениот гласник на Општината.
Градоначалникот Зоран Заев, не чекајќи Одлуката да влезе во сила, на 18.07.2006година,поднесува барање до Секторот за урбанизам на Општината,заведено под број 17-1119/1,за издавање решение за локациски услови, за реконструкција и надградба на градското пазариште, а како доказ за сопственост за земјиштето приложил Имотен лист број 13925 од 18.07.2006година, издаден од ДЗГР-Одделение за премер и карастар Струмица, кој се однесува само за КПброј 1648 за КО Струмица во површина од 6322м2, на која сопственик е Република Македонија, а корисник е ЈПКД Комуналец Струмица, без да се изврши трансформација на земјиштето, со што е сторена повреда на одредбите од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост(,,Сл.весник на РМ,, број4/2005 и 13/2007), во која парцела влегуваат и делови од КП 215 и 216 , за кои се води постапка за денационализација под број 19-229/1 (1910-411) од 21.04.2003година, по барање на наследниците на правото на денационализација Божинкочев Пантелеј, Атанасова Аница, Глигорова Љубинка, Ефтимова Милева и Воданова Надежда, која постапка до денот на надзорот е сеушт во тек.
Раководителот на Секторот за урбанизам Стојан Динев, постапувајќи по барањето на Градоначалникот, на 18.07.2006година,издал Извод од урбанистичкиот план за КП број 1636,1635,1633,1632,1629,1630,1631 и 1648, според Одлуката број 07-4826/1 од 18.07.2006година, која не била во сила, со што го повредил членот 49 од Законот за просторно и урбанстичко планирање. Истиот ден издал и решение за локациски услови под број 17-1119/2,без при тоа да прибави Елаборат за нумерички податоци за сопственоста на земјиштето,без да утврди дека со Идејниот проект со тех.број 295/2006 целосно се променети утврдените параметри од важечкиот Детален урбанистички план, и се предвидува сосема нова содржина и тоа зелен пазар, катна гаража, трговија и недефинирани деловни простории на трите горни катови од објектот, со што го повредил и членот 52 од Законот за просторно и урбанстичко планирање.
Раководителот на Секторот за урбанизам и покрај добиените известувања од 28.02.2006година под број 17-121/1 и број 17-861/1 од 06.06.2006година,поднесени од наследниците на правото на денационализација, со кои бил известен дека се води постапка за денационализација,наместо да донесе Заклучок за прекинување на постапката до решавање на барањата за денационализација, како претходно прашање, согласно со член 147 од Законот за општата управна постапка, на 18.07.2006година, издал и одобрение за градење под број 17-1119/6,со кое на Општинта Струмица и се одобрува градење-реконструкција и надградба на градското пазариште и тоа за ламела 1,2 и 3.,без да го достави решението за локациски услови до општинскиот урбанистички инспектор, што не е во согласност со член 54 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. При издавањето на одобрението за градење, раководителот на Секторот за урбанизам, не прибавил доказ за трансформација на земјиштето, доказ за платен надомест за финансирање на изработка на Просторниот план на Републиката и урбанистичките планови во износ од 0.3% од од просечната плата во Републиката од претходната година, со што ги повредил одредбите од од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост(,,Сл.весник на РМ,, број4/2005 и 13/2007), и член 55 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Одобрението нема клаузула за правосилност, а се врши градба на објектот, со што е повредено начелото на правосилност на решение од член 16 од Законот за општата управна постапка(,,Сл.весник на РМ,, бр.38/2005). Општинскиот урбанистички инспектор и овластен градежен инспектор Ирина Трајкова, и покрај изготвените записници за извршен инспекциски надзор при градбата на објектот на ден 20.09.2006 и 29.11.2006година, нема преземено управни дејствија со што го повредила одредбите од член 63,64 и 65 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и член 117, 120 и 121 од Законот за градење.
Јавниот правобранител на РМ за подрачјето Струмица Мирјана Панајотова, иако бил известен со акт под број 1407/06 од 08.06.2006година, од наследниците на правото на денационализација за негово вклучување во постапката заради правна заштита на имотните права и интерси на Република Македонија, бидејќи земјиштето е во сопственост на Република Македонија, а се води и постапка за денационализација, не презел никакви дејствија заради правна заштита на имотните права и интерси на Република Македонија,со што ги повредил одредбите од Законот за јавното правобранителство (,Сл.весник на Р,, број 47/1997).
При надзорот се утврди дека по жалба на жалителите Кире, Ефтим и Гиго Цурев сите од Срумица и Ленка Стојанова од Скопје, решението за локациски услови и одобрението за градење од 18.07.2006година, под број се поништени со решенија број 28-245/1 и број 28-246/1од 13.02.2007година, донесени од Министерот за транспорт и врски и предметите се враќаат на првостепениот орган на повторна постапка. На денот на надзорот извршен беше увид и во донесените решенија П.бр.664/06 од 28.07.2006 на Основниот суд во Струмица, со кое е одбиен како неоснован предлогот за издавање на времена мерка поднесе од тужителите Кире, Ефтим и Гиго Цурев сите од Срумица и Ленка Стојанова од Скопје,потврдено со решение ГЖ.бр.2441/06 на Апелациониот суд во Штип, како и во решението Р.бр.512/06 од 06.09.2006година, на Основниот суд во Струмица, по предлог за определување привремена мерка поднесен од страна на доверителите Митко и Ѓорѓи Божинкочев од Скопје, и други, со кое е одбиен предлогот како неоснован,како и во решението ГЖ.бр.2491/06 на Апелациониот суд во Штип, но истите се ирелевантни во случајот, бидејќи до денот на надзорот не се решени барањата за денационализација, па според член 64 од Законот за денационализација, со денот на влегувањето во сила на овој Закон, не е дозволено располагање со имотот што е предмет на денационализација , како во конкретниот случај, па правните дела и едностраните изјави на воља , се ништовни. При надзорот се изврши увид и во предметот 17-1473/1 од 13.09.2006година, во издадената документација за изградба на ламела 4 од градското пазариште и тоа во решението за локациски услови број 17-1474/2 од 14.09.2006година и одобрението за градење број 17-1847/2 од 28.11.2006година.
Од увидот во издадената документација се констатира дека наведените недостатоци за издадената документација од 18.07.2006година, во поглед на доказите за сопственоста на земјиштето и незавршената постапка по барањето за денационализација, се однесуваат и за овој предмет. Со оглед на така утврдената состојба во предметот, се наредува:
З А П И С Н И К
За извршен инспекциски надзор во предметот Уп бр 17-1119/1 од 18.07. 2006 година во Општина Струмица-Сектор за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР на ден 14.02.2007година Инспекцискиот надзор е извршен врз основа на член 3 став 2 а во врска со член 21 од Законот за управната инспекција(„Сл весник на РМ” бр 69/2004), по поднесено барање од Митко Божинкочев од Скопје, за вршење инспекциски надзор во Општина Струмица-Сектор за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР во предметот Уп.број 17-1119/1 од 18.07.2006година, во поглед на примената на одредбите од Законот за општата управна постапка(,,Сл. весник на РМ,,38/05 година), Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење(,, Сл. Весник на РМ,, број 51/2005), Законот за денационализација(,,Слвесник на РМ број 43/2000), и други закони и прописи што содржат одредби за управната постапка , како и извршувањето на прописите за канцелариското работење,согласно со Уредбата за канцелариско и архивско работење(„Сл. весник на РМ” бр 58/96) и Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење(„Сл. весник на РМ” бр.60/97 година). За времето, содржината и обемот на надзорот, претходно со акт број 14-489/2 од 13.02.2007година, известен беше Градоначалникот на Општината Струмица, а на денот на надзорот запознат беше и секретарот на Општината Кирил Парталов. При инспекцискиот надзор присуствуваа: Стојан Динев, раководител на Секторот за урбанизам на Општина Срумица,службени лица кои преземале управни дејствија по предметот од Секторот за урбанизам,Иринка Трајкова, овластен градежен и урбанистички инспектор, полномошник адвокат Ване Андреев,Советник Цвета Камиловска од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Министерството за транспорт и врски и Саветка Ќучукова,Советник-инспектор во Државниот управен инспекторат на Министерството за правда.