Случај ЗАЕВ - генерална дискусија

  • Креатор на темата drle
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
27.02.2007

З А П И С Н И К​
За извршен инспекциски надзор во предметот Уп бр 17-1119/1 од 18.07. 2006 година во Општина Струмица-Сектор за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР на ден 14.02.2007година Инспекцискиот надзор е извршен врз основа на член 3 став 2 а во врска со член 21 од Законот за управната инспекција(„Сл весник на РМ” бр 69/2004), по поднесено барање од Митко Божинкочев од Скопје, за вршење инспекциски надзор во Општина Струмица-Сектор за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР во предметот Уп.број 17-1119/1 од 18.07.2006година, во поглед на примената на одредбите од Законот за општата управна постапка(,,Сл. весник на РМ,,38/05 година), Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење(,, Сл. Весник на РМ,, број 51/2005), Законот за денационализација(,,Слвесник на РМ број 43/2000), и други закони и прописи што содржат одредби за управната постапка , како и извршувањето на прописите за канцелариското работење,согласно со Уредбата за канцелариско и архивско работење(„Сл. весник на РМ” бр 58/96) и Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење(„Сл. весник на РМ” бр.60/97 година). За времето, содржината и обемот на надзорот, претходно со акт број 14-489/2 од 13.02.2007година, известен беше Градоначалникот на Општината Струмица, а на денот на надзорот запознат беше и секретарот на Општината Кирил Парталов.
При инспекцискиот надзор присуствуваа: Стојан Динев, раководител на Секторот за урбанизам на Општина Срумица,службени лица кои преземале управни дејствија по предметот од Секторот за урбанизам,Иринка Трајкова, овластен градежен и урбанистички инспектор, полномошник адвокат Ване Андреев,Советник Цвета Камиловска од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Министерството за транспорт и врски и Саветка Ќучукова,Советник-инспектор во Државниот управен инспекторат на Министерството за правда.
НАОД НА СОСТОЈБАТА
Врз основа на извршениот увид во предметот Уп .бр.17-1119/1 од 18.07.2006година, како и од разговорите со службените лица присутни при надзорот е утврдена следната фактичка состојба: Градоначалникот на Општината Струмица согласно надлежностите од Законот за локалната самоуправа(,,Сл.весник на РМ,, број 5/2002), предложил до Советот на Општината Струмица,да донесе Одлука за реконструкција и надградба на Градскиот пазар во Струмица, по изготвен идеен проект со технички број 295/2006 од Друштвото за трговија на големо и мало,услуги, градежништво, производство и промет,,Фадом,,увоз-извоз ДООЕЛ Струмица. Советот на Општината Струмица, на седницата одржана на ден 08.02.2006година, ја донесол предложената Одлука под број 07-862/2 и истата е објавена во Службен гласник на Општината Струмица, број 1 од 14февруари 2006година.
Во однос на постоење на планска документација за планирање на просторот во Општината Струмица, на денот на донесувањето на цитираната Одлука, бил донесен Генерален урбанистички план (ГУП) од Советот за период 2001-2015 и Детален урбанистички план од 31.12.1987година, за кој постои Одлука број 02-850/1, соред кој просторот на кој постои Градскиот пазар е локација организирана како отворен пазар и три приземни објекти во кои се одвивала трговска дејност, сопственост на физички и правни лица. Градоначалникот, согледувајќи ја ваквата состојба со постоечката планска документација, покренал постапка за измена и дополна на ГУП-от за град Струмица за содржините во Планот,а за локацијата на Градското пазариште побарал истата да се измени во Планот со намена за Комерцијални објекти и градско пазариште.
Градоначалникот, врз основа на Идејниот проект изготвен од ,,Фадом,, Струмица, по претходно спроверена постапка на јавен тендер број 1/2006, донел Одлука број 08-1072/5 од 17.5.2006, со која Одлука за најповолен понудувач се избира ДОО,, Де лукс инженеринг,, Струмица, како соинвеститор за реконструкција и надградба на градското пазариште во Струмица, за што е склучен и Договор за соинвеститорство и заедничка градба број 03-4042/1 од 27.06.2006година, потпишан од Градоначалникот Зоран Заев и управителот на друштвото Горан Крстев. Со договорот поблиску ги уредиле односите за градбата на пазарот, како и сопственичките односи по изградбата на пазарот, без да е извршена солемнизација на Договорот од надлежен Нотар, што е спротивно на Законот за вршење на нотарските работи(,,Сл.весник на РМ,, број59/96 и25/98). По спроведената постапка согласно со Законот за просторно и урбанстичко планирање и добиената Согласност од Министерството за транспорт и врски број 18-13431 од 07.07.2007година,Предлог-одлуката за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на град Струмица,за период 2006-2020, Градоначалникот ја доставил за донесување до Советот на Општината, без претходно да побара да се решат имотно-правните односи со земјиштето кое е во сопственост на Република Македонија, кое нешто не е во согласност со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост(,,Сл.весник на РМ,, број4/2005 и 13/2007). Градоначалникот склучил 24 Спогодби со сопствениците на деловниот простор на локацијата на пазарот во периодот од 25.05.2006 до 25.10.2006година, но истите не се солемнизирани од надлежен нотар, што не е во согласност со Законот за вршење на нотарските работи,ниту пак се склучени според член 137 од Законот за општата управна постапка, и истите не претставуваат извршни исправи. Советот на општина Струмица на седницата одржана на ден 17.07.2006година, донесол Одлука за донесување на Планот за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на град Струмица за плански период 2006-2020, објавена во Службен гласник на Општината Струмица број 11 од 18јули 2006година, а со членот 3 од Одлуката е предвидено дека влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службениот гласник на Општината.
Градоначалникот Зоран Заев, не чекајќи Одлуката да влезе во сила, на 18.07.2006година,поднесува барање до Секторот за урбанизам на Општината,заведено под број 17-1119/1,за издавање решение за локациски услови, за реконструкција и надградба на градското пазариште, а како доказ за сопственост за земјиштето приложил Имотен лист број 13925 од 18.07.2006година, издаден од ДЗГР-Одделение за премер и карастар Струмица, кој се однесува само за КПброј 1648 за КО Струмица во површина од 6322м2, на која сопственик е Република Македонија, а корисник е ЈПКД Комуналец Струмица, без да се изврши трансформација на земјиштето, со што е сторена повреда на одредбите од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост(,,Сл.весник на РМ,, број4/2005 и 13/2007), во која парцела влегуваат и делови од КП 215 и 216 , за кои се води постапка за денационализација под број 19-229/1 (1910-411) од 21.04.2003година, по барање на наследниците на правото на денационализација Божинкочев Пантелеј, Атанасова Аница, Глигорова Љубинка, Ефтимова Милева и Воданова Надежда, која постапка до денот на надзорот е сеушт во тек.
Раководителот на Секторот за урбанизам Стојан Динев, постапувајќи по барањето на Градоначалникот, на 18.07.2006година,издал Извод од урбанистичкиот план за КП број 1636,1635,1633,1632,1629,1630,1631 и 1648, според Одлуката број 07-4826/1 од 18.07.2006година, која не била во сила, со што го повредил членот 49 од Законот за просторно и урбанстичко планирање. Истиот ден издал и решение за локациски услови под број 17-1119/2,без при тоа да прибави Елаборат за нумерички податоци за сопственоста на земјиштето,без да утврди дека со Идејниот проект со тех.број 295/2006 целосно се променети утврдените параметри од важечкиот Детален урбанистички план, и се предвидува сосема нова содржина и тоа зелен пазар, катна гаража, трговија и недефинирани деловни простории на трите горни катови од објектот, со што го повредил и членот 52 од Законот за просторно и урбанстичко планирање.
Раководителот на Секторот за урбанизам и покрај добиените известувања од 28.02.2006година под број 17-121/1 и број 17-861/1 од 06.06.2006година,поднесени од наследниците на правото на денационализација, со кои бил известен дека се води постапка за денационализација,наместо да донесе Заклучок за прекинување на постапката до решавање на барањата за денационализација, како претходно прашање, согласно со член 147 од Законот за општата управна постапка, на 18.07.2006година, издал и одобрение за градење под број 17-1119/6,со кое на Општинта Струмица и се одобрува градење-реконструкција и надградба на градското пазариште и тоа за ламела 1,2 и 3.,без да го достави решението за локациски услови до општинскиот урбанистички инспектор, што не е во согласност со член 54 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. При издавањето на одобрението за градење, раководителот на Секторот за урбанизам, не прибавил доказ за трансформација на земјиштето, доказ за платен надомест за финансирање на изработка на Просторниот план на Републиката и урбанистичките планови во износ од 0.3% од од просечната плата во Републиката од претходната година, со што ги повредил одредбите од од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост(,,Сл.весник на РМ,, број4/2005 и 13/2007), и член 55 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Одобрението нема клаузула за правосилност, а се врши градба на објектот, со што е повредено начелото на правосилност на решение од член 16 од Законот за општата управна постапка(,,Сл.весник на РМ,, бр.38/2005). Општинскиот урбанистички инспектор и овластен градежен инспектор Ирина Трајкова, и покрај изготвените записници за извршен инспекциски надзор при градбата на објектот на ден 20.09.2006 и 29.11.2006година, нема преземено управни дејствија со што го повредила одредбите од член 63,64 и 65 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и член 117, 120 и 121 од Законот за градење.
Јавниот правобранител на РМ за подрачјето Струмица Мирјана Панајотова, иако бил известен со акт под број 1407/06 од 08.06.2006година, од наследниците на правото на денационализација за негово вклучување во постапката заради правна заштита на имотните права и интерси на Република Македонија, бидејќи земјиштето е во сопственост на Република Македонија, а се води и постапка за денационализација, не презел никакви дејствија заради правна заштита на имотните права и интерси на Република Македонија,со што ги повредил одредбите од Законот за јавното правобранителство (,Сл.весник на Р,, број 47/1997).
При надзорот се утврди дека по жалба на жалителите Кире, Ефтим и Гиго Цурев сите од Срумица и Ленка Стојанова од Скопје, решението за локациски услови и одобрението за градење од 18.07.2006година, под број се поништени со решенија број 28-245/1 и број 28-246/1од 13.02.2007година, донесени од Министерот за транспорт и врски и предметите се враќаат на првостепениот орган на повторна постапка. На денот на надзорот извршен беше увид и во донесените решенија П.бр.664/06 од 28.07.2006 на Основниот суд во Струмица, со кое е одбиен како неоснован предлогот за издавање на времена мерка поднесе од тужителите Кире, Ефтим и Гиго Цурев сите од Срумица и Ленка Стојанова од Скопје,потврдено со решение ГЖ.бр.2441/06 на Апелациониот суд во Штип, како и во решението Р.бр.512/06 од 06.09.2006година, на Основниот суд во Струмица, по предлог за определување привремена мерка поднесен од страна на доверителите Митко и Ѓорѓи Божинкочев од Скопје, и други, со кое е одбиен предлогот како неоснован,како и во решението ГЖ.бр.2491/06 на Апелациониот суд во Штип, но истите се ирелевантни во случајот, бидејќи до денот на надзорот не се решени барањата за денационализација, па според член 64 од Законот за денационализација, со денот на влегувањето во сила на овој Закон, не е дозволено располагање со имотот што е предмет на денационализација , како во конкретниот случај, па правните дела и едностраните изјави на воља , се ништовни. При надзорот се изврши увид и во предметот 17-1473/1 од 13.09.2006година, во издадената документација за изградба на ламела 4 од градското пазариште и тоа во решението за локациски услови број 17-1474/2 од 14.09.2006година и одобрението за градење број 17-1847/2 од 28.11.2006година.
Од увидот во издадената документација се констатира дека наведените недостатоци за издадената документација од 18.07.2006година, во поглед на доказите за сопственоста на земјиштето и незавршената постапка по барањето за денационализација, се однесуваат и за овој предмет. Со оглед на така утврдената состојба во предметот, се наредува:
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
1. Грдоначалникот на Општинат Струмица треба да покрене постапка за решавање на имотно-правните односи за земјиштето и објектите во сопственост на физички и правни лица кој се на локацијата на Пазарот;
2. Раководителот на Секторот за урбанизам да донесе заклучок за прекинување на постапката до решавањето на претходното прашање согласно со член 147 од Законот за општата управна постапка;
3. Овластениот градежен инспектор да донесе решение со кое на градителот ќе му нареди прекинување на градбата, согласно со член 120 од Законот за градење и во решението да одреди рок за усогласување на изградбата, односно состојбата на градбата со одредбите од цитираниот Закон. За отсранување на утврдените недостатоци со Записникот, ќе се донесе решение со утврден рок на постапување, согласно со член 9 и 17 од Законот за управната инспекција. Со оглед на така утврдената состојба во предметот,Државниот управен инспекторат смета дека во постапката за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план за град Струмица и издавањето на градежно-техничката документација и Одобрението за градење на градителот Општина Струмица за реконструкција и надградба на градско пазариште во Струмица на ул.,, Сандо Масев,, сторени се повеќе повреди на на одредби од закони од страна на лицата кои учествувале во постапката, а тоа се: Зоран Заев, градоначалник на Општина Струмица, Стојан Динев, раководител на Сектор за урбанизам, Ирина Трајкова,овластен градежен инспектор и општински урбанистички инспектор и Мирјана Панајотова, заменик јавен правобранител на Република Македонија за подрачје Срумица, за што е потребно да се поведе кривична постапка за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија-Пречистен текст(,,Сл.весник на РМ,, број 19/2004). Со содржината на записникот да се запознаат:
Градоначалникот на општината Струмица, раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Струмица,овластениот градежен инспектор,Заменикот на Јавниот правобранител за подрачје Струмица,Државниот секретар во Министерството за транспорт и врски, Јавниот правобранител на Република Македонија и Советникот Цвета Камиловска од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Министерството за транспорт и врски. Раководителот на Одделението за вршење инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат при Министерството за правда на Република Македонија, врз основа на член 17 став 1 од Законот за управната инспекција (,,Службен весник на РМ ,, бр. 69/04 ), го донесе следното :
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ НАРЕДУВА на Зоран Заев, градоначалник на Општината Срумица, Стојан Динев,раководител на Сектор за урбанизам во Општина Струмица и Иринка Трајкова, овластен градежен инспектор и урбанистички инспектор во Општината Струмица,да преземат активности и дејствија и да ги отстранат недостатоците утврдени со записникот за извршен инспекциски надзор, број 14- 489/3 од 20.02.2007 година и тоа: 1.1.Градоначалникот на Општината Струмица да поведе постапка за решавање на имотно-правните односи за земјиштето сопственост на Република Македонија и објектите на физички и правни лица кој се на локацијата на пазарот, согласно со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост(,,Сл.весник на РМ,, број4/2005 и 13/2007).
РОК: Наредниот ден од денот на приемот на записникот и постојано 1.2.Раководителот на Секторот за урбанизам да донесе заклучок за прекинување на постапката до решавањето на претходното прашање согласно со член 147 од Законот за општата управна постапка(,,Сл.весник на РМ,, број 38/2005).
РОК: Наредниот ден од денот на приемот на записникот и постојано 1.3. Овластениот градежен инспектор да донесе решение со кое на градителот ќе му нареди прекинување на градбата, согласно со член 120 од Законот за градење и во решението да одреди рок за усогласување на изградбата, односно состојбата на градбата со одредбите од Закононот за градење(,,Сл.весник на РМ,, број 51/2005).
РОК: Наредниот ден од денот на приемот на записникот и постојано
2. За преземените дејствија должни сте да го известите Државниот управен инспекторат при Министерството за правда , во рок од 15 дена од денот на приемот на решението .
3. Жалбата не го одлага извршувањето на решението, согласно со член 18 став 2 од Законот за управната инспекција.
О б р а з л о ж е н и е: Раководителот на Одделението за вршење инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат при Министерството за правда, согласно со член 3 и 21 од Законот за управната инспекција (,,Сл.весник на РМ,, број 69/2004),на 14.02.2007година,изврши инспекциски надзор во Секторот за урбанизам на Општината Струмица, во предметот Уп.број 17-1119/1 од 18.07.2006година. За извршениот инспекциски надзор е составен записник под број 14-489/3 од 20.02.2007 година, со наод за утврдената состојба, согласно со член 17 од Законот за управната инспекција. Со оглед на најдената состојба и утврдените недостатоци со записникот за извршениот инспекциски надзор,врз основа на член 17 од Законот за управната инспекција, се одлучи како во диспозитивот на ова решение . Жалбата против ова решение не го одлага извршувањето на решението, согласно со член 18 став 2 од Законот за управната инспекција. Решено во Државниот управен инспекторат при Министерството за правда на ден 20.02.2007 година, под број 14- 489/4.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поднесе жалба,преку Државниот управен инспекторат до Министерот за правда во рок од 8 дена од денот на доставувањето на решението.

овде струмикс добро би дошол да ни го поеднастваи ова во кратки црти
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
АКТУЕЛНО
НОВОГОДИШНО БОЖИЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ - СТРУМИЦА 2007 / 2008

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица, и оваа година ќе се организира „Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал СТРУМИЦА 2007/2008.

Оваа година најголем наградниот фонд во Македонија 500.000 денари !!!

I – место 300 000 денари
II – место 125 000 денари
III – место 50 000 денари
IV – место 25 000 денари

Котизацијата за учество - 4.000 денари. Пријавувањето на екипите ќе трае до 17 Декември 2007 год Турнирот ќе се одржи во периодот од 18 Декември 2007 до 12 Јануари 2008 година, во спортската сала „ПАРК“.

Ексклузивен спонзор на турнирот е ДЕ-ЛУКС ИНЖЕНЕРИНГ

во ``глобал``

Со катната гаража стопанисува фирмата Де лукс инженеринг, еден од главните инвеститори за изградба на деловниот центар, за кој врз принципот на јавното партнерство со приватниот сектор беа вложени околу 15 илјади евра. ( тука им е греска извор ``капитал``)
Како што се очекува катната гаража целосно ќе биде дадена во употреба за десетина дена, а засега паркирањето на возилата е бесплатно. Во Де Лукс инженеринг велат дека цената за паркирање ќе биде пристапна за сите граѓани и прилагодена за нивниот стандард, а покрај дневни ќе постојат и месечни и годишни претплати кои подразбираат неограничен број паркирања под многу поволни услови.

утрински 16,10.2006

Изградбата на новиот трговски деловен центар со покриен пазариштен простор ќе започне на 18 јули. Изградбата ч е доверена на струмичката фирма „Де лукс инженеринг", која на распишаниот тендер минатата пролет достави најдобра понуда. Според најавите од Општината, со изградбата на пазар со трговски деловен центар Струмица ќе добие современи услови за продажба на земјоделски производи на 3.500 квадратни метри, но истовремено ќе го реши и проблемот со паркирањето, бидејќи во овој дел ќе се подигне и трикатна гаража со капацитет за 350 возила.

Една третина од сопствениците на тврдите градби во пазарот не се согласија со оваа идеја и не потпишаа спогодби со Општината, која е носител на овој проект, а која за возврат на сопствениците на тврдите градби им нудеше дуќани во новиот трговски деловен центар. Нивните дуќани остануваат на старата локација, до која треба да се гради новиот трговски деловен центар, кој поради нив претрпе измени во идејното решение. Сепак, во Општината се надеваат дека сите сопственици на тврди градби од пазарот ќе дадат согласност за подигање нов современ центар со пазариштен простор. Струмица треба да го добие новиот пазар за 24 месеци. Од реализацијата на овој проект Општина Струмица планира да инкасира околу 1,5 милион евра на име комуналии, додека целата инвестиција се проценува на над 15 милиони евра.

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
``мено, за само 17 од предвидените 24 месеци, на местото на дотогаш санитарно неисправниот пазар изникна најмодерниот пазар во Република Македонија, единствен по многу нешта. Единствен како прв објект од ваков карактер во кој на дело се покажа резултатот од јавното – приватно партнертство. Единствен по својот габарит, современост и функционалност и секако единствен според фактот дека во негови рамки се наоѓа првата катна гаража во Македонија со капацитет од 380 возила, со што се прави сериозен обид за справување со сообраќајниот хаос во централното градско подрачје. Она што треба да се знае е дека освен просторот на Градскиот пазар, Општина Струмица во овој објект вложи идеа и инвестиции од нула денари. Останатото го сторија оние кои се најзаслужните – вредните соинвеститори “Делукс Инженеринг” и “Сим – инженеринг” кои на најубав можен начин, проектот на архитектот Стојан Динев го спроведоа во прекрасно дело.``

Г.К. ( горан крстев, еден од приведените)основач и управител на ДГТУ „Де-лукс инженеринг“ ДОО Струмица и основач на ДГПТУ „Сим инженеринг“ ДООЕЛ Струмица.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134

Огледало, немам намера да ги читам сите овие сопштенија и приопштенија, а ме интересира што е заклучокот од сето тоа.
Па се надевам во текот на вечерта ќе го пронајдеш и напишеш, за да можам сабајле со утринско кафе да го прочитам, и со задоволство да ти реплицирам.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
aaaa ne, zaklucoci sami nosete..da ne sakas i jas press da svikam pa da tumacam ))))):smir:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
``мено, за само 17 од предвидените 24 месеци, на местото на дотогаш санитарно неисправниот пазар изникна најмодерниот пазар во Република Македонија, единствен по многу нешта. Единствен како прв објект од ваков карактер во кој на дело се покажа резултатот од јавното – приватно партнертство. Единствен по својот габарит, современост и функционалност и секако единствен според фактот дека во негови рамки се наоѓа првата катна гаража во Македонија со капацитет од 380 возила, со што се прави сериозен обид за справување со сообраќајниот хаос во централното градско подрачје. Она што треба да се знае е дека освен просторот на Градскиот пазар, Општина Струмица во овој објект вложи идеа и инвестиции од нула денари. Останатото го сторија оние кои се најзаслужните – вредните соинвеститори “Делукс Инженеринг” и “Сим – инженеринг” кои на најубав можен начин, проектот на архитектот Стојан Динев го спроведоа во прекрасно дело.``

Г.К. ( горан крстев, еден од приведените)основач и управител на ДГТУ „Де-лукс инженеринг“ ДОО Струмица и основач на ДГПТУ „Сим инженеринг“ ДООЕЛ Струмица.
aaaa ne, zaklucoci sami nosete..da ne sakas i jas press da svikam pa da tumacam ))))):smir:
Ова,како да сакаш да им порачаш на сите кој ќе инвестираат во Македонија подобро да си ги чуваат парите во странска банка и да си живеат од камати,оти лесно може да “го примат“ од најнепартискиот судски систем во светот,кој прво притвора со камери,па потоа те суди доколку немаш среќа да те аболира председателот,ако има политички интерес со твојата аболиција.:toe:
 
Robbie

Hope Never Dies
Член од
8 август 2008
Мислења
110
Поени од реакции
1
sdsm katastrofa aj uste malku i ke ve nema pa konecno makedonecot da uspee vo zivotot

So ovie zakoni makedonija ke uspee? so reklami na kirilica???? so alkohol do 19 h??? Ne sum protiv zakonive ama....Nie ja upravivme drzavata zimame po 2000 evra plata megu najjaki drzavi sme vo evropa pa da ne kazam i svetot pa ni ostana uste toa da go napraviime....c c c do koga vaka do koga vaka ke razmisluvate??
 
Robbie

Hope Never Dies
Член од
8 август 2008
Мислења
110
Поени од реакции
1
АКТУЕЛНО
НОВОГОДИШНО БОЖИЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ - СТРУМИЦА 2007 / 2008

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица, и оваа година ќе се организира „Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал СТРУМИЦА 2007/2008.

Оваа година најголем наградниот фонд во Македонија 500.000 денари !!!

I – место 300 000 денари
II – место 125 000 денари
III – место 50 000 денари
IV – место 25 000 денари

Котизацијата за учество - 4.000 денари. Пријавувањето на екипите ќе трае до 17 Декември 2007 год Турнирот ќе се одржи во периодот од 18 Декември 2007 до 12 Јануари 2008 година, во спортската сала „ПАРК“.

Ексклузивен спонзор на турнирот е ДЕ-ЛУКС ИНЖЕНЕРИНГ

во ``глобал``

Со катната гаража стопанисува фирмата Де лукс инженеринг, еден од главните инвеститори за изградба на деловниот центар, за кој врз принципот на јавното партнерство со приватниот сектор беа вложени околу 15 илјади евра. ( тука им е греска извор ``капитал``)
Како што се очекува катната гаража целосно ќе биде дадена во употреба за десетина дена, а засега паркирањето на возилата е бесплатно. Во Де Лукс инженеринг велат дека цената за паркирање ќе биде пристапна за сите граѓани и прилагодена за нивниот стандард, а покрај дневни ќе постојат и месечни и годишни претплати кои подразбираат неограничен број паркирања под многу поволни услови.

утрински 16,10.2006

Изградбата на новиот трговски деловен центар со покриен пазариштен простор ќе започне на 18 јули. Изградбата ч е доверена на струмичката фирма „Де лукс инженеринг", која на распишаниот тендер минатата пролет достави најдобра понуда. Според најавите од Општината, со изградбата на пазар со трговски деловен центар Струмица ќе добие современи услови за продажба на земјоделски производи на 3.500 квадратни метри, но истовремено ќе го реши и проблемот со паркирањето, бидејќи во овој дел ќе се подигне и трикатна гаража со капацитет за 350 возила.

Една третина од сопствениците на тврдите градби во пазарот не се согласија со оваа идеја и не потпишаа спогодби со Општината, која е носител на овој проект, а која за возврат на сопствениците на тврдите градби им нудеше дуќани во новиот трговски деловен центар. Нивните дуќани остануваат на старата локација, до која треба да се гради новиот трговски деловен центар, кој поради нив претрпе измени во идејното решение. Сепак, во Општината се надеваат дека сите сопственици на тврди градби од пазарот ќе дадат согласност за подигање нов современ центар со пазариштен простор. Струмица треба да го добие новиот пазар за 24 месеци. Од реализацијата на овој проект Општина Струмица планира да инкасира околу 1,5 милион евра на име комуналии, додека целата инвестиција се проценува на над 15 милиони евра.

Значи вложено 15 милиони евра, а добиено 8 ...? математика или....?
 
Robbie

Hope Never Dies
Член од
8 август 2008
Мислења
110
Поени од реакции
1
Мислам дека е ЗЗ смешен лик. Прво по сите гестикулации што ги прави јасно е дека се има дебело очешано од целава работа, погледот му бега како да крие нешто, не делува сигурно во тоа што го говори. Уште еднаш се потврди дека типчево незнае реченица да состави, после легендарната изјава од Струмица, Зоки се јави со вовед за Македонија како државичка, што ја потврдува уште еднаш менталната матрица на комуњарите. Почнува да раскажува за кофа со вода, па нешто као ќе го удавеле, го прателе бла, бла, бла.

Беше ти во Струмица додека се градеше трговскиот центар GLOBAL??
Се гледа дека не си бил по пишувањето...Пред да започне градењето имаше инспекции за се што може да постои, му ги броеа каменчињата, му ги броеа деновите,часовите,минутите па дури и секундите зошто ако има некоја грешка веднаш да се стопира изградбата и се тоа се случуваше до последниот момент до отварањето на трговскиот центар. Дали вака треба да постапуваме со луѓето што сакаат да направат нешто (убаво) со еден град, дали вака да ги оцрнуваме сите тие што придонесоа на Струмица во спортот па и во се друго, дали вака треба да вракаме на т.н. ЕВРОПА(EU) што ги наградува тие луѓе, па нели за таму се спремаме да влеземе во ЕВРОПА. Јас мислам дека така можат да зборуваат луѓе кои не се од Струмица... Сепак можам да кажам едно големо БЛАГОДАРАМ за зборовите дека ЗЗ не можел да сврзи една реченица , па може да ти закажам еден состанок со градоначалникот па да се увериш самиот.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
So ovie zakoni makedonija ke uspee? so reklami na kirilica???? so alkohol do 19 h??? Ne sum protiv zakonive ama....Nie ja upravivme drzavata zimame po 2000 evra plata megu najjaki drzavi sme vo evropa pa da ne kazam i svetot pa ni ostana uste toa da go napraviime....c c c do koga vaka do koga vaka ke razmisluvate??
Така ќе “размислуваат“ додека не почнат стварно да размислуваат.

Значи вложено 15 милиони евра, а добиено 8 ...? математика или....?
Алгебра на Струмички начин во ДПМНЕ стил.Пораката е примена па сега останува истата фирма која е инвеститор за Прилепскиот бизнис- центар со катни гаражи,едноставно да си ја прекине инвестицијата и да си имаме ново вештачко езеро со фонтана која е специјалност на Прилепскиот градоначалник.Ако не го примиле во Струмица дефинитивно ќе го примат во Прилеп.:pos2:
 
Robbie

Hope Never Dies
Член од
8 август 2008
Мислења
110
Поени од реакции
1
zaev e tezok licemer koj saka da izigruva zrtva, sam sebe si dokazuva deka e nevin, pravi predstavi 2 cin posle 1 cin na abolicija od branko i kako los glumec saka da ni predstavi alibi vo odnos na obvinuvanjata.

prijatelju prijatelju mrsh u picku materinu..imase edna pesnicka ,ene ti sud tamo trebase da dokazuvash, a da zaboraviv zaev se somneval vo sudot pa sega preku institucijata pres-konferencija koja e vrv na pravosudniot sistem ke ni gi zatni muckite..c c c c c.
bedno,providno,razocaruvacki ova e odnesuvanjeto na kostaplerot.
najdobro mu e da se skrie vo dupka da cmae vecno preebaniot zaev sega e najmalku kompetenten da obvinuva za kriminal.
Стварно не можам да поверувам на ова што го пишувате,па не знам овие зборови до каде водат...лицемер ,жртва,глумец итн. Ајде бе брат ако си ти паметен кажи ми еден ама само еден градоначалник кој е направил такво нешто за еден град....Нели Трифун Костовски има многу пари што направи за скојпје??...тоа е само пример, сакам да ми кажеш еден градоначалник па јас ке си направам извод од сево ова...
 
Robbie

Hope Never Dies
Член од
8 август 2008
Мислења
110
Поени од реакции
1
Не бе папагалче мило, додека ја ти реплицирав на претходниот пост каде си ме цитирал ти веќе си ме претекнал со следен пост.

Иначе за твоето “прашање“. од каде на Заев информации кој кого му се јавувал и како може да докаже што било тема на разговор доколку постоеле такви повици?

Ова ти се чаршиски муабети, кога некој сака да се оправда “прашај го него он ќе ти каже„... се знае каде се дискутира и докажува вина или невиност.
Можел да ја одбие аболицијата, Б.Ц. не му е татко па да му наредува нели што ќе прави, ама тој си ја прифати.
А сега ништо нема да му помогне, оти вечно е обележан. Џабе сликање и по пресови одење, реалноста е таа.

Тој е ПОМИЛУВАН како криминалец, како некој што го прекршил законот. Оти..невини луѓе..не се помилуваат :)

:)

Епа сега ова од каде излезе дека е ПОМИЛУВАН како криминалец?
Ц цц не можам да ве разберам бе дали е до мене дали до вас што е работата? или партиски повеке се гледа од каде до каде е помилуван како криминалец, јас како што знам е помилуван пред одлуката да биде донесена а тоа не значи дека е виновен или пак дека не е, а зошто ние мора секогаш да се фаќаме за најлошото нели може еден пат да се зборуваме за позитивната страна... срамота стварно срамота ако не знаете барем не пишувајте вакви работи зошто има луѓе кои го знаат ЗЗ и не можете да ги излажете. Дали за некој друг градоначалник вака се кренал цел град...тоа е поука ....ако вака продолжи владеачката партија со донесување ЕКСПРЕСНИ закони ,парното да се качува , струјата исто така, и ние како држава ке треба да се кренеме на нозе а не да го трпиме овој диктаторски режим.

P.S. Благодарам на луѓето кои ме разбраа што сакам да кажам.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Стварно не можам да поверувам на ова што го пишувате,па не знам овие зборови до каде водат...лицемер ,жртва,глумец итн. Ајде бе брат ако си ти паметен кажи ми еден ама само еден градоначалник кој е направил такво нешто за еден град....Нели Трифун Костовски има многу пари што направи за скојпје??...тоа е само пример, сакам да ми кажеш еден градоначалник па јас ке си направам извод од сево ова...

Никој НЕ оспорува што Заев направил како градоначалник.

Доколку направил проневера, треба да се соочи со последиците и да признае договорност.

Семејството Заеви до 94 биле просечно семејство, од Муртино село чинам.
Како стекнале толкаво богатство за неполни 5 години?
- Тргопродукт, Еленица, Пеон штедилница,Зови промет..итн. итн.

За време на ембаргото воделе мал шверц комерц бизнис со познаници од Врњачка Бања Србија од каде се збогатиле.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Епа сега ова од каде излезе дека е ПОМИЛУВАН како криминалец?
Ц цц не можам да ве разберам бе дали е до мене дали до вас што е работата? или партиски повеке се гледа од каде до каде е помилуван како криминалец, јас како што знам е помилуван пред одлуката да биде донесена а тоа не значи дека е виновен или пак дека не е, а зошто ние мора секогаш да се фаќаме за најлошото нели може еден пат да се зборуваме за позитивната страна... срамота стварно срамота ако не знаете барем не пишувајте вакви работи зошто има луѓе кои го знаат ЗЗ и не можете да ги излажете. Дали за некој друг градоначалник вака се кренал цел град...тоа е поука ....ако вака продолжи владеачката партија со донесување ЕКСПРЕСНИ закони ,парното да се качува , струјата исто така, и ние како држава ке треба да се кренеме на нозе а не да го трпиме овој диктаторски режим.

P.S. Благодарам на луѓето кои ме разбраа што сакам да кажам.
Од каде излезе?

Па дали ТРЕБА да се ПОМИЛУВА невин човек, за кој постојат “докази“ дека е НЕВИН и НЕВИН?

Зашто се ПОМИЛУВА пред да биде сослушано мислењето на Судот и обвинителството, туку се брза да се затвори случајот и прекине истрагата?

Зашто Претседателот во образложениото за помилувањето на Заев НЕ ја истакнува неговата верба во невиноста на Заев туку се оправдува дека договорот бил да се помилува Заев за да се вратела ОПОЗИЦИЈАТА-СДСМ, од чии редови се и Црвенковски и Заев.

И немој со папагалски речник, дикаторски режими ..смешки. Кога правото се применува врз комуњарите секогаш тие се жртви на режимот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom