Словенија на референдум за арбитражата со Хрватска!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Љубљана


Словенечката влада денеска одлучи да биде спроведен советодавен референдум во врска со арбитражниот договор со Хрватска за спорната граница.
Словенечките граѓани на референдумот ќе бидат прашани дали прифаќаат договорот за арбитражата да биде ратификуван во парламентот, изјави на прес конференција,.по седница на владата, шефот на дипломатијата Самуел Жбогар.

„Владата се согласува со распишување референдум, бидејќи договорот се однесува на важно прашање. Мислиме дека референдумот е во склад со законот и демократската традиција. Иако тоа ќе биде советодавен референдум, владата во целост ќе го почитува и ќе го земе в предвид неговиот резултат“, изјави Жбогар

http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/94550/view

:tapp:

Како бе референдум, па тоа е контрапродуктивно и не во склоп со духот на добрососедските односи во ЕУ!!!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
како демократска традиција ?
нели власта ја има одговорноста да пресече за вакви прашања?
каков референдум шо им е на изолираниве фашисти :tapp:,,

:tv:
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Одговорот на вашите прашања е лесен.
Словенија мора да направи референдум заради такво прашање бидејки е ЕУ држава која се пофалува со својата демократичност.

Нивните политичари не се како нашите бидејки не се доволно способни да пресекуваат заради вакви битни прашања. Тие мора да го прашаат својот народ токму заради една глупава политичка состојба наречена демократија.

За разлика од нас, словенецот знае да одлучува или народски речено не е стадо овци. Следствено на кажаново е тоа што нивните политичари не се замислуваат дека се овчари.
Ние тука сакаме да заликуваме на нивниот однос ама сеуште имаме голем број на овци со глава во постојано наведната позиција заради пасење и овчари кои се „грижат“ за добробитта на стадото.

Разбирам дека е потребно ратификација на некаков договор кој е направен со друга држава заради заеми, комуникации или други технички прашања, но тоа што не го разбирам е како е можно да се бара изјаснување на референдум за прашања кои едноставно не е дозволиво да се поставуваат.

Заради сомнително ветување за некакво си подобро утре (акцентот е на ветување=лудо радување) самите себеси се понижуваме расправајки се со осведочен непријател за работи кои ни се од егзистенционална битност.:uvo:
Што е уште полошо е тоа што размислуваме воопшто за референдум за прашање кое не е дозволиво да се постави.:uvo:

Мнозинството од нашето население е со давај газ менталитет без интегритет и достоинство, ниту пак поседува некакви морални норми. Голем број од авторитетите на нашето општество, за жал, предничат во тој фатален, за едно општество, недостаток и затоа ни е препотребен референдум иако е мошне непожелен.

Поздрав:helou:
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
Така се прави тоа.
Сега каде е Рен п***то да лаца и да јаде трици?

Ние патиме од исфрустрирани гик-ови кои подоцна стануваат нешто во ЕК...само остро бре...кој е рен, кој е баросо ебаго?

Ние мора да имаме достоинство и гордост.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
:ija: Место да преземата лична одговорност политичартие тие бегаат и го прашуваат народот вака ли се влага во ЕУ мој Словенци бе. Срамота :pos2:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Под итно Словенија да се исклучи од ЕУ, си има она Влада, како референдум за битни прашања.
Значи таа Влада не е сигурна во тоа што сработила, значи треба да си даде оставка.

Поздрав до Б.Ц. - Зеленковски.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Свикуваат референдум за прашање решено во нивна корист. Во член 3б од договорот потпишан од Хрватска и Словенија стои дека:,,Арбитражата ќе има за цел да обезбеди на Словенија контакт (junction) со отворено море,,. Со овој член по мене е решена одлуката на арбитражата.

А кој повикува на арбитража на Македонија со Грција нека јаде бурек...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Словенците се практичен народ и без комплекси.Последни во екс ЈУ имаа отворено медицински факултет.Едноставно Јанезите си пресметале дека таков факултет е голем трошок и тие кои сакале да студираат медицина ги пуштале во Загреб,Белград...
Скоро вовеле во училиштата изучување на српско-хрватскиот јазик.Зошто??Па осетиле дека им бил потребен во водењето бизнис.
И во екс-ЈУ секогаш си гледаа за себе,за Словенија да направат нешто.Нашиве даваа територии на Србија.
Си имаат висок рејтинг во ЕУ,ги почитуваат пошто сами си се почитуваат.Нас во ЕУ не гледаат како некое заостанато африканско племе,па коа ќе дојдат овде како туристи се чудат како тоа ние возиме најнови коли,кафичите се полни,имаме струја...:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom