Член на раководството
Форевер тугедер
- Член од
- 15 март 2006
- Мислења
- 698
- Поени од реакции
- 20
На полноќ, во долниот свет, во темнината се појавува нешто налик на сончева светлина. Сите почнуваат да се радуваат а нарочнo Абрахам (во некои верзии Адам) велејќи “Oвој сјај доаѓа од голема светлина). Изаија и Јован Крстителот почнуваат да ги повторуваат своите пророштва, а Јован ги предупредува идолопоклониците да мораат да ја искористат последната шанса да се покајат и помолат на Исуса. Во меѓувреме Сатаната ја предупредува Смртта да се пази од Исус и зборовите со кои можи да ја прелажи. Смртта се плаши дека откако го изгуби Лазар (кој Исус го воскреснал) сега би можела да ги изгуби сите мртви. “Гледам, вознемирени се сите кои од почетокот на човештвото ги проголтав, осеќам болки во стомакот“, вели Смртта. Во тој миг силен глас како татнеж одекна “Отворете ги вратите, нека бидат отворени вечните врати, затоа што Кралот на славата ќе влези“ Сотона со неговите демони пробуваат да ја забарикидираат вратата и викаат “Кој е Кралот на славата?“ (додека пророците (нарочно Изаија и кралот Давид) им се смејат и подбиваат). “Господин моќен во битките“ одговараат ангелите. Металната врата се крши, железните резиња пукаат, ги снемува границите на двата света и светлината влегува во сите делови на смртта. Смртта со демоните се бунат “Кој е тој што има толкава моќ над живите и мртвите!?“ Исус ја фаќа Сотоната за главата и му ја предава на ангелите со наредба да му ја затворат устата и да му ги врзат рацете и нозете. Потоа Сотоната така врзана му ја предава на Смртта и му вели, “Земи ја и држи цврсто до моето второ доаѓање“. Додека Смртта се подбива со Сотоната, Исус го подига Адам и заедно со сите патријарси,пророци, маченици...., со благослови ги воздинува во рајот