Слегување во пеколот

Статус
Затворена за нови мислења.

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
На полноќ, во долниот свет, во темнината се појавува нешто налик на сончева светлина. Сите почнуваат да се радуваат а нарочнo Абрахам (во некои верзии Адам) велејќи “Oвој сјај доаѓа од голема светлина). Изаија и Јован Крстителот почнуваат да ги повторуваат своите пророштва, а Јован ги предупредува идолопоклониците да мораат да ја искористат последната шанса да се покајат и помолат на Исуса. Во меѓувреме Сатаната ја предупредува Смртта да се пази од Исус и зборовите со кои можи да ја прелажи. Смртта се плаши дека откако го изгуби Лазар (кој Исус го воскреснал) сега би можела да ги изгуби сите мртви. “Гледам, вознемирени се сите кои од почетокот на човештвото ги проголтав, осеќам болки во стомакот“, вели Смртта. Во тој миг силен глас како татнеж одекна “Отворете ги вратите, нека бидат отворени вечните врати, затоа што Кралот на славата ќе влези“ Сотона со неговите демони пробуваат да ја забарикидираат вратата и викаат “Кој е Кралот на славата?“ (додека пророците (нарочно Изаија и кралот Давид) им се смејат и подбиваат). “Господин моќен во битките“ одговараат ангелите. Металната врата се крши, железните резиња пукаат, ги снемува границите на двата света и светлината влегува во сите делови на смртта. Смртта со демоните се бунат “Кој е тој што има толкава моќ над живите и мртвите!?“ Исус ја фаќа Сотоната за главата и му ја предава на ангелите со наредба да му ја затворат устата и да му ги врзат рацете и нозете. Потоа Сотоната така врзана му ја предава на Смртта и му вели, “Земи ја и држи цврсто до моето второ доаѓање“. Додека Смртта се подбива со Сотоната, Исус го подига Адам и заедно со сите патријарси,пророци, маченици...., со благослови ги воздинува во рајот
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Упс, сега видов дека не сум го напишал изворот, тоа е од Никодемовото евангелие.
Има и Евангелие според Јуда и според мнооогу други ученици и следбеници. Само тој што ја составувал Библијата како една книга, ги вметнал оние што се сега, оти подобро збореле за Бог, бре бре, а другиве не гледале, пфффффф :pos2: !!!

КОНТРОВЕРЗНО Е СЕ. Имам едно мислење одамна: да ја читаме Библијата како чиста белетристика.


Па шо не го уништил одма, шо чекал 2 000 и кусур години.

П.С. Ти напишав еднаш, изнеси си свое мислењепосле отворањето на темата, да ни дадеш барем некакв правец за дебата, да појасниш што бараш. Вака само го прочитав текстот, малце ме замисли и толку. Нема што да се напише.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
П.С. Ти напишав еднаш, изнеси си свое мислењепосле отворањето на темата, да ни дадеш барем некакв правец за дебата, да појасниш што бараш. Вака само го прочитав текстот, малце ме замисли и толку. Нема што да се напише.
ПСТ!
Види не се сите мои пишувања со цел да се покрене лавина од дискусии и спротивставени мислења, дел од нив се едноставно информативни, значи како ова, ќе прочиташ ќе се подзачудиѓ, ќе се прашаш што е и од каде е....
Ова е само еден мал дел од ранохристијанските мислења и видувања на еден аспект од религијата а која не му е познат на широката публика.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Ова е само еден мал дел од ранохристијанските мислења и видувања на еден аспект од религијата а која не му е познат на широката публика.
ова е малку нелогично!а од кај ти се сега овие работи?
немам зборови за ова!
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Е ова е веке напредок ...дај друга прикаска
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Христијанството е пребогато со текстови кои не се влезени во званичните црковни книги. Ракописи пронајдени при археолошки откопувања на манастирите на првите христијани, текстови кои му промакнале на будното око на инквизицијата, цели дела допрени до нас преку нивни критики и полемики од страна на црквата. Во тие текстови може да се реконструира патот на христијанството, неговиот развој неговите различни идеи, видувања и сфаќања, влијанија на други религии, влијанија на различни филозофски школи.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
А јас мислам дека дури ни тие евангелија не му се потребни на човекот со чисто срце
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Нема чисто срце, богот (оној старозаветниот) е прилично јасен и строг во однос на свои барања, закони и правила, не можеш со него тук така... “Јас имам чисто срце...“ Таа прикаска е новокомпонирана за да човекот си го олесни товарот од врувањата (да здивни) Па не знам дал било кој овде што се декларира како верник би издржал да живее онака како е пропишано од бога. Свесен за тоа Павле укинува закони, пушта лабаво, и од моќен и страшен бог кој во моменти уништува цели народи и градови со најстрашна смрт, го трасира патот за трансформација на бог во добродушен дедо со бела брада кој душебрижно од облаците благонаклоно гледа на нас грешниците и спремен е да прости се на секому ... само ако си искрен..... ништо повеќе.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Чек сеа ...

дали ти според твое уверување лично ..можеп да ме погледнеш у очи и да ми кажеш

Ако си имал чисто срце и душа , си бил искрен кон сам себе и другите ти ке гориш во пеколот затоа што ете јебига си згрешил тоаш и тоаш ??

Тој став го застапуваш ти ?
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Христијанството е пребогато со текстови кои не се влезени во званичните црковни книги. Ракописи пронајдени при археолошки откопувања на манастирите на првите христијани, текстови кои му промакнале на будното око на инквизицијата, цели дела допрени до нас преку нивни критики и полемики од страна на црквата. Во тие текстови може да се реконструира патот на христијанството, неговиот развој неговите различни идеи, видувања и сфаќања, влијанија на други религии, влијанија на различни филозофски школи.
па ти члену си се збркал нешто!никој не рече дека апокрифите и хагиографиите и сите други ракописи не се вредни за проучување!но за да влезат во званичните црковни книги,за преку нив да се реконструира патот на христијанството и тн.
ова што го кажуваш ти е ужасно!дај врати се на Библијата и задржисе на неа!секогаш нуди одговор за се!тоа ти е мој совет!
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Книги влегвале и излегвале од библијата и новиот завет, до 4ти век имало разни компилации на евангелија, во еден период се користеле едни, во друг други, за некои цркви нешто е ерес за некои нешто не е, сепак на крај луѓето биле тие кои со гласање на состаноци одбирале што ќе влезе а што не. Апокрифа е црковен термин, за мене секој текст кој излегол од перата на древните луѓе заслужува внимание и почит, секој манускрипт во себе носи некоја идеја, некој став, некое сфаќање на луѓе и народи кои ги нема, тоа е мојот прозор кон минатото, а дали со тек на време на некој бискуп, кардинал, патријарх, пастир, проповедник, монах, папа, викар, ѓакон... тоа му засметало те го анатемисал, исфрлил, омаловашил... тоа не влијае на мојот став кон таквото дело.
Тоа би било на пример како некој народ од својата историја да ги исфрли сите лоши моменти, години, потези, војни, ликови, па да си ги учи само добрите дела.
Не бива.

Чек сеа ...

дали ти според твое уверување лично ..можеп да ме погледнеш у очи и да ми кажеш

Ако си имал чисто срце и душа , си бил искрен кон сам себе и другите ти ке гориш во пеколот затоа што ете јебига си згрешил тоаш и тоаш ??

Тој став го застапуваш ти ?
А бе кој си ти да судиш за себе дал си бил искрен добар или лош????
Си има судија си има закони. Ти можеш за себе да мислиш највозвишено но друг е тој кој ќе те процени. И нема да има како на сериите со судењата “Абџекшн!! Овер рул!!..“
Прочитај малку левитикот и стариот завет и види што све бара бог од луѓето како знак за почит, верба и завет кон бога. Демек сакаме да влезиме во рајот и да имаме живот вечен али да не се многу малтретираме за време на минливиот и краток овоземски живот.
Ма немој!
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Па ај што вика у кратки црти ?
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Кратки црти !!!!
законите и прописите се строги и тешки, од принесување на жртви за секој настан и прилика, очистување, казнување, задолженија..... не е можно во кратки црти да се напиши што се мора што се не смее да се прави, работи, јади, носи, допира....... Од обавезно обрежување, забрана да се јади свинско, почитување на саботата, сечење на рака на жена која во расправија случајно ќе допри маж за слабини, каменување на деца кои не ги почитуваат родителите, обреди за прочистување на жени по менструација, обреди на прочистување на мажи по “излив на смето“ и на секој предмет кој го допреле, точно пропишани жртви и начин на нивно принесување за да му бидат угодни на бога, очистување и жртви за болести, закон за разводи, казни за неисправно земанје на мери од страна на трговци, казни ако носиш облека од различни ткаенини.............. страни и страни и страни и страни... нема што нема... (Додуша нејасно е казнување за хакерство и пиратерија пошто не е опишано али можеме да го ставиме под кражба)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom