- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 4.502
- Поени од реакции
- 8.715
Ова е многу добра закуска. Очигледно гумените бонбони дејствуваат како сунѓер и ја впиваат водката. Ние користевме нормална водка, ако сакате можете да пробате со ароматизирана водка но не сме сигурни како аромата од водката ќе се измеша со вкусот на бонбоните и се плашиме дека нема да имаат добар вкус. Сакате да пробате нешто ново, забавно и интересно? Направете гумени бонбони полни со водка. Ќе се изненадите колку се вкусни овие гумени бонбони, а алкохолот воопшто нема ниту да го осетите.
Како да ги направите:
1. Ставете ги гумените бонбони во стаклен сад.
2. Наполнете го садот со водка, гумените бонбони треба целосно да бидат потопени во водката.
3. Покријте го садот со пластичен капак и ставете го во фрижидер.
4. Чувајте го садот во фрижидер од 12 часа до 4 дена. Колку подолго стојат во фрижидер, толку повеќе време имаат гумените бонбони да ја впијат водката. Ако бонбоните ја впиле целата водка, можете да додадете уште водка, се додека не ја добиете посакуваната големина на вашите бонбони. Тие можат да соберат во себе многу водка.
После 12 часови може да се види дека не се многу поголеми од нормалните гумени бонбони, но внатре има водка и се доста вкусни, но сеуште може да се почуствува водката. После 48 часови целата водка од садот е впиена од страна на гумените бонбони и можете да видите колку е поголема бонбоната. Овие бонбони се сега премногу вкусни и не може да се почуствува дека има водка во нив. Ова може да биде многу опасно. Не се чуствува водката, а бонбоните се премногу вкусни, па затоа може брзо да се опиете. Внимавајте колку гумени бонбони ќе изедете. Значи за следната забава или едноставно за сабота навечер ви ја препорачуваме оваа закуска, нема да зажалите.
ИЗВОР