Славевски сменет од Груевски

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
А парламентот одлучи ли за сменувањето на Славески бидејки премиерот не одлучува за тоа сам(така е со уставот, само парламентот може да го отпушти министерот по препорака на премиерот)?
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
А парламентот одлучи ли за сменувањето на Славески бидејки премиерот не одлучува за тоа сам(така е со уставот, само парламентот може да го отпушти министерот по препорака на премиерот)?

Па ќе има деновиве седница. Ти мислиш дека во Македонија за нешто одлучува парламентот ? :tv::tv::tv:
 

shark

Гледај ме у очи
Член од
27 јуни 2009
Мислења
55
Поени од реакции
1
Без разлика кого и да го исфрлат од владава,нема да има суштински промени во развојот и економијата на оваа земја,зошто 90% од министрите се како таксени марки,и служат само за декор.Потребни се коренити промени во власта,не толку кај министрите колку кај нивните заменици и советници.:toe:
И влада да се смени прашање е кој би дошол да формира нова???????
Премногу сме заразени, и да дојдат нови веќе се инфицирани .......
Каква ли вакцина може да не спаси??????
Се покажа дека само со финансиска НЕМА УСПЕХ - ПЕПЕЛ ПРАВИМЕ,
ПЕРЕЊЕ МОЗОК ? СЕГА СМЕ ВО ТАА ФАЗА ама мислам дека и тука се заебале........:vozbud:

--------------------------------------------------------------------------------------
ДАЈТЕ НИ МАЛЦЕ ЌЕ НАПРАВИМЕ МНОГУ,
ВИ ДАДОВМЕ МНОГУ НАПРАВИВТЕ НИШТО.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
248
Поени од реакции
13
Чудно ми е сево ова, разрешување и менување министри без некоја претходна најава, или некое навестување. Нешто се случува со владата, има некои меѓусебни тензии кои за жал, не се достапни за нас, обичниот народ
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Па ќе има деновиве седница. Ти мислиш дека во Македонија за нешто одлучува парламентот ? :tv::tv::tv:
Формално, да! Изгледа немаш поима колкава сила има собранието! Само не ја користи.

Чудно ми е сево ова, разрешување и менување министри без некоја претходна најава, или некое навестување. Нешто се случува со владата, има некои меѓусебни тензии кои за жал, не се достапни за нас, обичниот народ
Па тоа се високо партиски работи а за најава имаше, барем се шпекулираше по телевизии(изјавата на Славевски во врска со неговото разрешување, после и ставревски наводно уценувал со негово заминување од влада ако не е сменет Веле Самак), и не треба да ти биде чудно разрешувањето и назначувањето на нови е предвидено со устави и закони и е легален начин.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
И влада да се смени прашање е кој би дошол да формира нова???????
Премногу сме заразени, и да дојдат нови веќе се инфицирани .......
Каква ли вакцина може да не спаси??????
Се покажа дека само со финансиска НЕМА УСПЕХ - ПЕПЕЛ ПРАВИМЕ,
ПЕРЕЊЕ МОЗОК ? СЕГА СМЕ ВО ТАА ФАЗА ама мислам дека и тука се заебале........:vozbud:

--------------------------------------------------------------------------------------
ДАЈТЕ НИ МАЛЦЕ ЌЕ НАПРАВИМЕ МНОГУ,
ВИ ДАДОВМЕ МНОГУ НАПРАВИВТЕ НИШТО.
Проблемот беше во тоа што Грујо навреме не ја смени “фабриката“ која му сервираше погрешен пристап со “Северно-Корејски маркетинг“ кон народот,со што изврши демотивација на 80% од сопствените гласачи и приврзаници,кој колку и да се “заслепени“ гледаат што навистина им се случува,а секако и големата доза на непотизам кој сеуште е вистински “канцер“ во секоја влада,вклучително и оваа.Какви и да бидат измените во старо-новата влада,речиси секој може да види дека непотизмот сеуште е главна определба,без разлика на компетентноста и стручноста,посебно кај министрите што остануваат “вечни“.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111209

Зошто е сменет министерот Славески?

Ќе се дрзнам да му одговорам на професорот на економски факултет.

Професоре Славески,иронично е да се прашувате зошто сте сменет од позицијата министер за финансии.Би започнала по ред,од вашите изјави за овие три години,еве некогаш хронолошки сум ги наредила:

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2519227&postcount=192

Би почнала од тоталниот хаос во очекувањата кои го приредивте.Добро знаете како се планираат идни чекори,врз база на информации.Господине Славески вие ги убедувавте фирмите и граѓаните во Македонија дека Македонија не е во криза,ниту некогаш ќе дојде до тоа.Тоа ви беше првата грешка,многу домашни инвестиции паднаа во вода како резултат на очекувањето на подобра иднина.Лажевте во име на партија или во свое име денес е неважно.Важно е дека лажевте.

Втората грешка господине Славески е онаа за која зборувам веќе долго време.Тоа се записите кои ги издаде министерството за финансии на домашниот пазар со екстра каматна стапка,при што свесно создадовте домино ефект на камантите стапки во земјава.Денес последиците се огромни од домашното задолжување кое тврдоглаво го браневте секој вторник.Како прв човек кој одлучува и сноси одговорност за буџетските пари,Вие домашното задолжување го искористивте за тековни проблеми.На тој начин директно им нанесовте штета на граѓаните на Р.Македонија кој денес плаѓаат 16% камати,а утре ќе плаќаат за отплата на записите и обврзниците.

Третата грешка,професоре е една од најболните во современите макроекономски текови.Тоа е јазот кој го создадовте со Монетарната власт во земјава.Како професор на економски факултет должен сте да знаете дека експанзивната политика која ја водевте 3 години има 0 ефект и силен притисок врз девизниот курс.Не би било лошо да се потсетите на АА ДД кривата,графички подобро би ја согледале вашата улога во уништувањето на и она малку што го имавме.

Четвртата грешка,која треба да ја понесете на плеќи е проектирањето на буџетот и буџетскиот дефицит за 2009 година.Вие како одговорно лице на министерството за финансии го проектиравте или препишавте од минатите години со свесно сознание во каква ситуација влегува Р.Македонија во 2009.Проектиравте огромен дефицит,без покритие.Крив сте за популизам,тотален популизам со кој сакавте да ги задоволите гласачите,преку вонземјански проекти,кои во наши услови неможат да се имплементираат.

Следната точка за која ве обвинувам е изготвувањето на ребалансот на буџетот кој беше во ваша надлежност.Господине кого сакавте да залажете со скратување на минимални трошоци и популистичка изјава за прекин на вработувања?
Повелете,видете си ја мерката :
http://www.najdirabota.com.mk/

Несакам да ја изоставам каматната стапка на еврообврзинацата од 9,8% кои пари повторно е предвидено да се изедат,а утре ние да плаќаме повисоки давачки за неосмислен проект.Несмеевте како професор на економски факултет да дозволите да не се наменат парите од обврзницата која вие ја издадовте.
Ви префрлам за игнорантскиот однос кон ММФ кој ви даваше кредит од 2 до 3%.
Ви префрлам за рушењето на угледот на економски факултет Скопје и сите високо образовани кадри кои Вие сакавте да ги потцените со Вашите изјави,секој ден различни.
Не би сакала да ги оставам податците за сиромаштија во Македонија,за индустриско производство за трговски дефицит,за пропаднати фирми и неуспешни антикризни мерки,тие веќе ви се јасни како бел ден.Само сакав грубо да нафрлам што се направивте за овие 3 години.
Несакам да верувам дека таму некаде во фиоките оставивте предлог за промена на законот за Народна банка со кој ќе направите терен за остварување на катастрофално сценарио,преку превезот на „барање од европска унија“.Доколку е вистина,а верувам дека нешто се шушка,со жив штит ќе ја браниме монетарната власт во земјава,тоа нека ви биде јасно.

Доколку сеуште ви е енигма дадениот отказ,можам и детално да ви објаснам,точка по точка за сите три години.

п.с.А1,доколку овој министер сакал порестриктивна политика,верувајте преку илјада и една мерка ќе намалеше трошок без Груевски да се запали.Запомнете дека овој човек жолчно ја бранеше секоја мерка и да имаше барем малку човечност и совест пред две години ќе дадеше отказ.Нема простор за оправдување и шпекулации.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Мислам дека Груевски нема капацитет за функцијата која ја врши. Свесни сме дека народов го попали со зголемување на платите на најмутавата администрација во Европа, компјутерите на студентите и субвенциите. Тоа се трите чекора на Груевски кој му овозможиа тотална доминација. Премногу пари се потрошија нерационално. При стапка на невработеност од 35% другачии се води држава.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Леандра, ако дозволиш, ја би пократко.

Не го биваше за таа функција. толку :smir:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Леандра, ако дозволиш, ја би пократко.

Не го биваше за таа функција. толку :smir:
што сте ми фини и воздушести...ка папајце...:)
се бе тоа треба да се стрела...или евентуално на вечно кршење камен на Криволак....:vozbud:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Лангзам аб зихер, ама многу ние сме више лангзам него зихер. Камењата останаа некршени. Или пребегаа странство или се фрај :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Значи овај Трајко ич не бил тимски човек, нејќи да си ој бре. Нејќи да го крка за екипита.
А бе Трајко ој си бе, да не гледаме утре циркузи во парламентот :icon_lol:.
 
Член од
9 јули 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
РЕДНО БЕШЕ. Само, повторно дилетант во министерската фотелја за образование- тоа не чини. Од една страна очекуваат максимум поени, предвидуваат и се обидуваат да направат реформи во тој ресор, а од друга страна, ми се плаче од кадровските решенија што ги нудат.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Леандра, ако дозволиш, ја би пократко.

Не го биваше за таа функција. толку :smir:
Проблемот е во прашањето:
-А кого го бива?
Било кој да дојде на таа функција ќе работи исто ако не и полошо од Славевски.Интересна “мана“ му беше и таа кога изјави дека треба да молиме Бога да заврне за да се спаси Македонската економија.:cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom