http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111209
Зошто е сменет министерот Славески?
Ќе се дрзнам да му одговорам на професорот на економски факултет.
Професоре Славески,иронично е да се прашувате зошто сте сменет од позицијата министер за финансии.Би започнала по ред,од вашите изјави за овие три години,еве некогаш хронолошки сум ги наредила:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2519227&postcount=192
Би почнала од тоталниот хаос во очекувањата кои го приредивте.Добро знаете како се планираат идни чекори,врз база на информации.Господине Славески вие ги убедувавте фирмите и граѓаните во Македонија дека Македонија не е во криза,ниту некогаш ќе дојде до тоа.Тоа ви беше првата грешка,многу домашни инвестиции паднаа во вода како резултат на очекувањето на подобра иднина.Лажевте во име на партија или во свое име денес е неважно.Важно е дека лажевте.
Втората грешка господине Славески е онаа за која зборувам веќе долго време.Тоа се записите кои ги издаде министерството за финансии на домашниот пазар со екстра каматна стапка,при што свесно создадовте домино ефект на камантите стапки во земјава.Денес последиците се огромни од домашното задолжување кое тврдоглаво го браневте секој вторник.Како прв човек кој одлучува и сноси одговорност за буџетските пари,Вие домашното задолжување го искористивте за тековни проблеми.На тој начин директно им нанесовте штета на граѓаните на Р.Македонија кој денес плаѓаат 16% камати,а утре ќе плаќаат за отплата на записите и обврзниците.
Третата грешка,професоре е една од најболните во современите макроекономски текови.Тоа е јазот кој го создадовте со Монетарната власт во земјава.Како професор на економски факултет должен сте да знаете дека експанзивната политика која ја водевте 3 години има 0 ефект и силен притисок врз девизниот курс.Не би било лошо да се потсетите на АА ДД кривата,графички подобро би ја согледале вашата улога во уништувањето на и она малку што го имавме.
Четвртата грешка,која треба да ја понесете на плеќи е проектирањето на буџетот и буџетскиот дефицит за 2009 година.Вие како одговорно лице на министерството за финансии го проектиравте или препишавте од минатите години со свесно сознание во каква ситуација влегува Р.Македонија во 2009.Проектиравте огромен дефицит,без покритие.Крив сте за популизам,тотален популизам со кој сакавте да ги задоволите гласачите,преку вонземјански проекти,кои во наши услови неможат да се имплементираат.
Следната точка за која ве обвинувам е изготвувањето на ребалансот на буџетот кој беше во ваша надлежност.Господине кого сакавте да залажете со скратување на минимални трошоци и популистичка изјава за прекин на вработувања?
Повелете,видете си ја мерката :
http://www.najdirabota.com.mk/
Несакам да ја изоставам каматната стапка на еврообврзинацата од 9,8% кои пари повторно е предвидено да се изедат,а утре ние да плаќаме повисоки давачки за неосмислен проект.Несмеевте како професор на економски факултет да дозволите да не се наменат парите од обврзницата која вие ја издадовте.
Ви префрлам за игнорантскиот однос кон ММФ кој ви даваше кредит од 2 до 3%.
Ви префрлам за рушењето на угледот на економски факултет Скопје и сите високо образовани кадри кои Вие сакавте да ги потцените со Вашите изјави,секој ден различни.
Не би сакала да ги оставам податците за сиромаштија во Македонија,за индустриско производство за трговски дефицит,за пропаднати фирми и неуспешни антикризни мерки,тие веќе ви се јасни како бел ден.Само сакав грубо да нафрлам што се направивте за овие 3 години.
Несакам да верувам дека таму некаде во фиоките оставивте предлог за промена на законот за Народна банка со кој ќе направите терен за остварување на катастрофално сценарио,преку превезот на „барање од европска унија“.Доколку е вистина,а верувам дека нешто се шушка,со жив штит ќе ја браниме монетарната власт во земјава,тоа нека ви биде јасно.
Доколку сеуште ви е енигма дадениот отказ,можам и детално да ви објаснам,точка по точка за сите три години.
п.с.А1,доколку овој министер сакал порестриктивна политика,верувајте преку илјада и една мерка ќе намалеше трошок без Груевски да се запали.Запомнете дека овој човек жолчно ја бранеше секоја мерка и да имаше барем малку човечност и совест пред две години ќе дадеше отказ.Нема простор за оправдување и шпекулации.