Quark
brr,brr...zbrc
- Член од
- 12 март 2008
- Мислења
- 3.489
- Поени од реакции
- 156
Смени и оставки во Владата на Груевски
Трајко Славевски, министерот за финансии, првиот човек за образование Перо Стојановски, во земјоделието Ацо Спасеновски и неговиот заменик Христијан Делев, ги напуштаат фотелјите во Владата.
Сите освен Славевски си поднесоа оставки. Славевски е сменет од Груевски. Засега нема образложение зошто Славевски доби црвен картон.
Во кабинетот на Груевски толкуваат дека се врши освежување во Владата, сакајќи акцентот да го стават на економијата и финансиите.
Новите луѓе на премиерот се неговиот човек од доверба Ставревски. Освен вицепремиерската ќе ја врши и функцијата министер за финансии.
Вицепремиер за економски прашања е Владимир Пешевски.
Нов министер за образование ќе биде екс директорот на скопски катастар Никола Тодоров. Љупчо Димовски од заменичката фотелја во транспорт се сели во министерската во земјоделие, негов заменик ќе биде Перица Ивановски, кој доаѓа од Министерството.
Пред една недела нога повлече вицепремиерот Ивица Боцевски, на негово место се токму Васко Наумов.
И додека новинарите чекаа потврда за случувањата во Владата, сите освен ВМРО-ДПМНЕ посакаа да коментираат. ДУИ дипломатски задоволни од соработката.
Опозицијата прстот за одговорноста го впери кај Премиерот.„Ирелевантно е кој министер ќе поднесе оставка и кој министер ќе дојде на негово место, бидејќи очигледно е дека станува збор за погрешна политика на Владата“, рече Андреј Петров, СДСМ.
„Одговорноста за неуспехот, за дебаклот во сферата на образованието мора да ја понесе лично премиерот Груевски“, изјави Андреј Жерновски, ЛДП.
„Во едно нормално општество, во демократски услови, ова е знак за тревога дека во државата се случува нешто крупно, дека има сериозни проблеми“, нагласи Тито Петковски, НСДП.
„Цениме дека вистинската одговорност лежи кај премиерот на РМ, Никола Груевски“, вели Имер Алиу, ДПА.
„Секојдневните оставки кои доаѓаат од министрите на оваа Влада само укажуваат дека состојбата е алармантна во самата владина коалиција“, рече Флора Кадриу, НД.
Од ДУИ најава дека нема да има смени на ресорите. Кој од нивните ќе биде реконструиран ќе се знае наскоро.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111151
Ajde airlija neka ni bide... cestito Leandra. :smir: