Славевски сменет од Груевски

  • Креатор на темата Креатор на темата Quark
  • Време на започнување Време на започнување

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Смени и оставки во Владата на Груевски


Трајко Славевски, министерот за финансии, првиот човек за образование Перо Стојановски, во земјоделието Ацо Спасеновски и неговиот заменик Христијан Делев, ги напуштаат фотелјите во Владата.


Сите освен Славевски си поднесоа оставки. Славевски е сменет од Груевски. Засега нема образложение зошто Славевски доби црвен картон.



Во кабинетот на Груевски толкуваат дека се врши освежување во Владата, сакајќи акцентот да го стават на економијата и финансиите.
Новите луѓе на премиерот се неговиот човек од доверба Ставревски. Освен вицепремиерската ќе ја врши и функцијата министер за финансии.
Вицепремиер за економски прашања е Владимир Пешевски.
Нов министер за образование ќе биде екс директорот на скопски катастар Никола Тодоров. Љупчо Димовски од заменичката фотелја во транспорт се сели во министерската во земјоделие, негов заменик ќе биде Перица Ивановски, кој доаѓа од Министерството.
Пред една недела нога повлече вицепремиерот Ивица Боцевски, на негово место се токму Васко Наумов.
И додека новинарите чекаа потврда за случувањата во Владата, сите освен ВМРО-ДПМНЕ посакаа да коментираат. ДУИ дипломатски задоволни од соработката.

Опозицијата прстот за одговорноста го впери кај Премиерот.„Ирелевантно е кој министер ќе поднесе оставка и кој министер ќе дојде на негово место, бидејќи очигледно е дека станува збор за погрешна политика на Владата“, рече Андреј Петров, СДСМ.
„Одговорноста за неуспехот, за дебаклот во сферата на образованието мора да ја понесе лично премиерот Груевски“, изјави Андреј Жерновски, ЛДП.
„Во едно нормално општество, во демократски услови, ова е знак за тревога дека во државата се случува нешто крупно, дека има сериозни проблеми“, нагласи Тито Петковски, НСДП.
„Цениме дека вистинската одговорност лежи кај премиерот на РМ, Никола Груевски“, вели Имер Алиу, ДПА.
„Секојдневните оставки кои доаѓаат од министрите на оваа Влада само укажуваат дека состојбата е алармантна во самата владина коалиција“, рече Флора Кадриу, НД.
Од ДУИ најава дека нема да има смени на ресорите. Кој од нивните ќе биде реконструиран ќе се знае наскоро.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111151
Ajde airlija neka ni bide... cestito Leandra. :smir:
 
Само што ми јавија за веста,пресреќна сум!!!
Арно им текна!!!Одличен избор,се надевам Ставрески ќе се покаже во правилното светло,онаков каков што е!
Никогаш да не му ја видам фацата на овој екс министер,никогаш!
 
Паметна одлука. Во многу ситуации Славевски одговорите на прашањата ги даваше филозовски, што не е својствено за еден економист.
 
Засега нема образложение зошто Славевски доби црвен картон.
Зарем е потребно да се коментира оставката или добиениот црвен картон, за лошо водената политика од Славевски, и дали воопшто заслужуват да се коменира нивното заминување од политиката, таквите политичари треба да се заборават што побргу, а на народот да им служат како пример какви не треба да добијат доверба од народот ..........:costumed2
 
Значи Кајгана сепак е форум кој се чита.:toe:
 
Дали Ставревски поинаку ќе се однесува од Славевски? И колку министрите се ставени во функција (мораат) да спроведуваат одредена политика, а колку самостојно да одлучуваат врз основа на сопственото знаење? Имено не верувам дека идејата за огромниот буџет (кој што не можеше да се спроведе) е на Славевски. Едноставно власта има огромни апетити за трошење и за вработување во државната администрација.
Сега министер за финансии ќе биде кумот на Груевски, Ставревски. Да видиме како ќе се покаже новиот чувар на државната каса.
 
Министерот за финансии не е чувар на државната каса,тој гледа што побрзо да ја потроши преку проекција на буџетот.:smir:
 
:pop::pop::pop::pop::pop:
имало господ
Сеа да се помолиме дека ќе назначат некој кој барем колку толку ќе биде здрав во тоа паметот
 
:pop::pop::pop::pop::pop:
имало господ
Сеа да се помолиме дека ќе назначат некој кој барем колку толку ќе биде здрав во тоа паметот

што ти праи 20 години беда.....некој кој барем колку толку ќе биде здрав во тоа паметот...СТАНУВА ПРЕМИЈА:)
 
Значи Кајгана сепак е форум кој се чита.:toe:
Најверојатно и пробабли да. Среќа мојот последен пост (а тој мој пост јака штикла инаку :) ) на темата -владата ја убива економијата- не ги расипа плановите на владата за реорганизација. Ќе се каев цел живот :smir:

А колку министри е потребно за да се распушти влада?
 
Знаете што ми е најинтересно. Ресорите со кој Грујо не поду изминативе години

Земјоделие
Економија
Образование

Испадна дека се тотална катастрофа.

Неможе да им даде оставка на министрите од министерствата на чиј грб ги доби изборите.

Нешто није у реду. Сепак Грујо не мотал.
 
Без разлика кого и да го исфрлат од владава,нема да има суштински промени во развојот и економијата на оваа земја,зошто 90% од министрите се како таксени марки,и служат само за декор.Потребни се коренити промени во власта,не толку кај министрите колку кај нивните заменици и советници.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom