Скриена Македонија - Над облаците

Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Слика 1: Од Шар Планина поглед на Полошката и Скопската котлина. Првото било е на планината Жеден, второто она лево речиси целосно покриено со шума е на Скопска Црна Гора и последниот масив, најдалечниот, тоа се Осоговските Планини.


Слика 2: Од јужните падини на планината Китка, над селото Градовци, поглед кон Повардарие и Велес. Се разбира ништо не се гледа.


Слика 3: Од Шар Планина, поглед на Полошката котлина и висорамнините на Сува Планина, во далечината е Ниџе.


Слика 4: Од врвот на Китка, поглед кон Скопската котлина и источните падини на планината Китка. Под облаците е Скопје.


Слика 5: Од Шар Планина, поглед на Полошката котлина и дел од Сува Планина. Во позадина е Караџица чии падини одат до езерото Козјак. Помегу Сува Планина и Караџица се наога езерото Козјак. Крајното парче магла во долината го покрива селото Белица, во близина на Македонски Брод.


Слика 6: Од источните падини на Китка, над село Градовци, поглед на Скопската котлина. Централно е Скопска Црна Гора, додека лево во далечината се Жеден и Шар Планина.


Слика 7: Од Златоврв, Трескавец, поглед кон Пелагонија во делот на Прилеп. Марковите Кули пловат на облаците, крстот ги издава. Лево е Селечка Планина и Мариово.



Слика 8: Од источните падини на Китка, поглед кон Повардарието.

Извор


Уживајте во молков :)))
 
Член од
4 април 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
21
скриена Македонија над облаците

Римскиот историчар Ливиус или Тит Ливиј (56 год.п.н.е. до 17 год. п.н.е.) во своето дело ,,Декади, една Историја на Рим,, (од 140 глави сочувани се 35).
Во една од сочуваните глави наведува:
,,Го преместуваа кралскиот дворец Пела на еден вештачки, со ѕидини опкружен остров, што се навоѓал во мочуриштето, кое било блиску до градот.
Набљудуван од далеку островот изгледал дека е поврзан со градот, меѓутоа всушност бил ооделен од градот со една преместена река.
Јохан Хан (1811-1869) германски правник за времето на кралот Отан во Грција служел во грчкато министерство за правусудство, потоа преминал во австриска дипломатска служба и долги години бил австриски конзул во Јанина и Сира. Овој патопис во 1858 год. проучувајќи ги ,,Декади една Историја на Рим,, од римскиот историчар Тит Ливиј се сомнева на денешната локација за нашата престолнина, како што сите знаема дека е лоцирана во Еѓејска Македонија во Грција и вели:
Ова опишување не му одговора на градот што се наоѓал меѓу изворот наречен Пела и нагорната површина кај често опишуваниот единствен столб, затоа што таа површина е премногу одалечена од мучуриштата, а 20мин. југоисточно од изворот Пела кај ритчето кај селото Јениќој, кое што е вештачко, за кое што зборува Leake,(Travels in Northern Greece,стр. 261) не можевме да бараме.
Така значи, ние бевме приморани одредувањето на македоскиот кралски дворец да им го препуштиме на други.
Се согласуваме дека Пела е град во Македонија во областа Ематија, што Филип Македонски го избрал за престолнина. Александар трети Македонски се родил во него.
Значи, Римјаните намерно го занемериле овој град за да не будат сеќавања на големите македонски кралеви.
Први кои го разурнале главниот град на Филип биле Галите пред Римјаните, оставајќи ги урнатините на Пела на една височинка налегната кон запад и водата што ја опкружува.
Престолнината Пела денес ова здружение на граѓани ја лоцира во градот Виница, град во источна Македонија на локалитетот Виничко Кале. За до докажиме дали се во право треба да се предизвикаат денес институциите и заедно со нив да го доистражат овој голем локалитет во градот Виница источна Македонија. Основа на ова истажување би требало да биде изворот Пела.
Кога сме кај изворите да напомениме дека на места каде има извор на чиста и студена вода, местото било заштитувано со изградба на пагански храм, бидејки водата претставува плодност, изобилство, живот; додека недостигот на вода значи глад, пустош, смрт.
Ваквото драгоцено богатство се препишува на народното верување за посебна дарежливост на боговите, биле поди- гнати храмовите да служат за безбедно чување на бога- тството и како споменици за даровите.
Значи изворот Пела ни е како локатор за градот кој што ѓе не одведе до кралската престолнина Пела изградена од кралот Филип Македонски.
Несомнено дека на изворот Пела се наоѓал храмот или Акрополата на древната Сана, или Големата Мајка - Ника.
Ваквата Акропола граничела со градот, изградена на височинка на рид што е опкружен со морето и господари над заливот и вештачкото изградено пристаниште од персискиот цар Ксеркс први за морепловни објекти.
Оваа Акропола е поврзана со уништувањето на гробница, каде се наоѓал полуразурнат саркофаг за време на првата крстоносна војна.
Камењата на гробницата биле направени од гранитен камен и биле долги и дебели без цемент, каде имало покрив.
До ден денес никој од археолозите во целиот свет нема потврда кој бил погребан овде од поновата историја.
Пред крстоносните војни најдовме матерјал за жена која во оваа Акропола кадила темјан, за душата на спасителот, поврзано со верата, надежта и љубовта. Запаленото кандило и темјанот го коростеше жената за бесмртност на оној кој што бил погребан овде во оваа гробница.
Понатаму градот треба да го лоцираме на место меѓу изворот наречен Пела, односно југо-источно од споменатиот извор каде се наоѓала Акрополата.
Од градот потоа во правец Исток од 4-6км. се наоѓа кралската престолнина Пела.
Оваа Акропола која се наоѓала на изворот Пела за време на христијанството ке биде забележана и по караницата, кудењето, на жителите со апостол Павле кога им го предавал евангелието.
Каде е вистинска локација на оваа Акропола, дали е тоа денешен Ефес, во Турција или градот Ерисо како што ни го преставува нашиот јужен сосед ,останува самиот читател да се увери.
Нашите сомнежи се дека Акрополата се навоѓа во Р.Македонија и чека да биде откриена.
Знаеме дека со поразот на македонската фаланга во третата македонско-римска војна во 168 год .п.н.е .е ставен крај на отпорот на потомците на Илириј.
Претходно во 315год .п.н.е .од Касандар ,македонски цар ,син на Антипатар кој се оженил со Тесалоника, сестра на Александар Македонски и го ликвидирал целото семејство на нашиот Александар трети Македонски, го гради градот околу Пидна, Терма и му го дава името на жена му Тесалоника.
Македонскиот цар Персеј бил поразен покрај Пидна, им се покорил на Римјаните и под нивна доминација, станал главен град на цела Македонија. Тој служел како главен штаб на сенатот и на партијата на Помпеј Секст (кој по убиството на Цезар, влегол во Рим и станал проконзул на поморските сили. Влегол во борба со Октавијан, бил поразен и избегал во Милет каде бил убиен во 35 год .п.н.е.) Тој ја избрал странката-партијата на Октавијан и Марк Антониј и го добил како награда името на слободен град.
За време на трите први века од христијанскиот период и дури по подигањето на Цариград, градот бил главен на целиот регион опфатен меѓу Јадранското и Црното Море, а неговото население достигнало до 220 000 жители.
Во третиот век од н.е. бил подигнат во статус на римска колонија за да го заштитува царството од инвазијата на Варварите.
Се посетуваме на страшниот масакр нареден од Теодисиј Велики (346-395 )кој во 390 год.од н.е.наредил да се заколат 7000 граѓани на овој град.
Архиепископ од Милано, еден од отците на латинската црква по име Св.Амброзиј кој наредил императорот Теодисеј први јавно да се покае. Од шестиот до осмиот век. од н.е. градот издржал повеќе крвави битки со Словените.
Во 904год. тој бил заземен и опљачкан од Сарацените (Шпански муслимани, Арапи и Маври - кој за време на Кртоносните војни така ги викале и азијатските муслимани, особено од Палестина), Норманите (северни луѓе главно од Норвешка, Данска и Шведска) под водство на Танкред (легендарен јунак од Првата крстоносна војна. Се истакнал во борбите за заземањето на Ерусалим во 1099 год. Станал кнез на Галилеј) го освоиле во 1185 год. и се однесувале варварски кон неговите жители.
Во почетокот на тринаесетиот век. од н.е. тој поминал под доминација на маркизите Монтеферат (благородничко семејство од Ломбардија, еден од водачите на четвртиот крстоносен поход - 1202, кој помогнал да се заземе Цариград ,а потоа станал крал на истоимениот град).
Градот подоцна е продаден на Веницијанците, и на крај завземен од Турците во 1430 год.
Св.Павле им го препорачал христијанството на граганите на овој град, и им упатил две религиозни писма. Градот е сметан како главен град на христијанството на исток, бил наречен ,,Православен град,,
Последиците од таа римска победа ние ги чувствуваат цели тринаест векови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom