Скопје со нов "светски" аеродром

Mr.Tasev

Расад за лопате
Член од
30 ноември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
76
како и да е .. де факто треба да се воведат повеќе линии од Скопскиот аеродром
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Kaко бе ќе нема кој да лета мислите све цигани живеат во Македонија :ROFLMAO:
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
Kaко бе ќе нема кој да лета мислите све цигани живеат во Македонија :ROFLMAO:
Не станува збор дека живеат цигани, туку линиите се нискобуџетни, вели одиш во Франкфурт а тоа авионот слетува на некој 4-класен аеродром на 200 километра од Франкфурт.

Слабо линии има...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Помалку мачење за до Австралија и Азија...од 18 Октомври, секој Понеделник и Четврток...Ама уште фалат Амстердам, Берлин, Брисел, Варшава, Гетеборг, Копенхаген, Киев, Келн, Мадрид, Милано, Минхен, Москва, Рим, Франкфурт, Париз, Прага, Стокхолм, Хамбург, Штутгарт...
Визз можат да почнат со Дортмунд, Карлсруе, Наполи...
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/84849/flajdubai_od_oktomvri_kje_leta_od_skopje.aspx
ФЛАЈДУБАИ ОД ОКТОМВРИ ЌЕ ЛЕТА ОД СКОПЈЕ

Авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати, ФлајДубаи, од октомври ќе почне да лета двапати неделно од Скопје до Дубаи. Услугата од Скопје ќе биде достапна од 18 октомври 2012 година со цени почнувајќи од 490 евра, а ќе лета понеделник и четврток.
Како што информираат од авиокомпанијата, почетокот на летовите на ФлајДубаи ќе обезбеди погодна можност за врска на патниците кои што патуваат до Дубаи, но и понатаму, до Далечниот Исток, Австралија или која било од разновидните дестинации што овој авиопревозник ги поврзува во мрежа од 45 градови низ арапските земји во Персискиот залив, Блискиот Исток, Африка, индискиот потконтинент и Азија.
“Со задоволство денеска ја објавуваам оваа нова линија. Таа уште подлабоко ја илустрира посветеноста на ФлајДубаи при приширувањето на врските од Блискиот Исток до нови дестинации со кои што историски не постоеја доволен број директни авиоконекции до Обединетите Арапски Емирати. Покрај тоа, Македонија низ светот има значителна иселеничка популација која што сега ќе може почесто да ги посетува своите пријатели и семејства благодарение на врските преку нашиот транспортен центар во Дубаи“ изјави главниот извршен директор на ФлајДубаи, Гаит Ал Гаит.
Летот ќе полетува од скопскиот аеродром ќе полетува во 13.25, а ќе пристигнува во Дубаи во 20.35 по локално време. Повратниот лет, ќе го напушти вториот терминал на меѓународниот аеродром во Дубаи во 9.15 часот, а да слета во Скопје во 12.40 часот по локално време.
Цените на билетите ги вклучуваат сите такси плус едно парче рачен багаж до седум килограми и еден мал лаптоп или торба, како и пријавен багаж до 20 килограми. За седиште со дополнителен простор за нозете се доплаќа 21 евро. Во леталото, патниците можат да изберат од долгата листа понуди, што вклучува пакети за забава во текот на летот, разновидно мени со освежувачки пијалоци и производи што не подлежат на царина.
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
72
Поени од реакции
69
Не станува збор дека живеат цигани, туку линиите се нискобуџетни, вели одиш во Франкфурт а тоа авионот слетува на некој 4-класен аеродром на 200 километра од Франкфурт.

Слабо линии има...
јас денес 10 саата окапав на аеродром.
среда е ден со најголема гужва.
и да видиш и тоа како има луѓе што патуваат.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Eindhoven, Basel, Dortmund, Malmö, Milano и Munchen најверојатно ќе бидат нови 6 дестинации.

Wizz Airза Ајндховен, Дортмунд, Малме...можно е и за Милано (поточно – Bergamo, вториот по големина милански аеродром

Од друга страна EasyJet најголемата база после London – Gatwick им е главниот аеродром во Милано – Malpensa, па би било уште подобра опција за конекции.Само да не е од Милано – Линате, третиот аеродром во Милано оти и од таму летале.

Базел е интересен како нова дестинација поради фактот дека Wizz Air немаат ни база, ни лет воопшто за нигде во Швајцарија.И овде идеме до EasyJet Switzerland, која најверојатно би почнала со Скопје – Базел.А и аеродромот е на тромеѓе меѓу Швајцарија, Франција и Германија - супер позиција.

Од истата причина е интересен и Минхен (EasyJet одат на главниот аеродром и ова би било добро за конекции кон цела Европа и Северна Америка).А Минхен можат да се и Wizz, АМА под Минхен кај нив би подразбирало Memmingen Airportна 110 км. од Минхен.

Најдобра опција би била Wizz Air за Ајндховен, Дортмунд и Малме, а EasyJet за Базел, Милано и Минхен со оглед дека одат на главните аеродроми, за разлика од првиве - на некој забатален.

Извор.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
Постирајте и други релации ако знаете од скопскиот аеродром што одат редовно или сезонски...
 
Член од
21 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
58
Kaко бе ќе нема кој да лета мислите све цигани живеат во Македонија :ROFLMAO:

Nema takov protok na patnici kako sto mislis. Rabotev do pred nekolku godini kako stjuardesa, znam sto zboruvam. Imas patnici sto ke napolnat avion, ama toa e samo za nekolku linii. Frankfurt, Viena, Ziriich. Ova za Dubai, nema vrska. Edvaj po nekolku od Makedonija.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Eindhoven, Basel, Dortmund, Malmö, Milano и Munchen најверојатно ќе бидат нови 6 дестинации.

Wizz Airза Ајндховен, Дортмунд, Малме...можно е и за Милано (поточно – Bergamo, вториот по големина милански аеродром

Од друга страна EasyJet најголемата база после London – Gatwick им е главниот аеродром во Милано – Malpensa, па би било уште подобра опција за конекции.Само да не е од Милано – Линате, третиот аеродром во Милано оти и од таму летале.

Базел е интересен како нова дестинација поради фактот дека Wizz Air немаат ни база, ни лет воопшто за нигде во Швајцарија.И овде идеме до EasyJet Switzerland, која најверојатно би почнала со Скопје – Базел.А и аеродромот е на тромеѓе меѓу Швајцарија, Франција и Германија - супер позиција.

Од истата причина е интересен и Минхен (EasyJet одат на главниот аеродром и ова би било добро за конекции кон цела Европа и Северна Америка).А Минхен можат да се и Wizz, АМА под Минхен кај нив би подразбирало Memmingen Airportна 110 км. од Минхен.

Најдобра опција би била Wizz Air за Ајндховен, Дортмунд и Малме, а EasyJet за Базел, Милано и Минхен со оглед дека одат на главните аеродроми, за разлика од првиве - на некој забатален.

Извор.
И колку ќе биде лет за тие 6 дестинации? И за Минхен колку би било?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
И колку ќе биде лет за тие 6 дестинации? И за Минхен колку би било?
http://wizzair.com/flights/Skopje/
Моментални дестинации
Venezia Treviso од 15,99 евра
--3---7 11:45 13:25 (до 24 Октомври) (30 км. од Венеција)
--3---7 06:00 07:40 (од 28 Октомври)
London Luton од 37,99 евра
-2-4-67 18:25 20:40 (до 15 Септември) (50 км. од Лондон)
-2---6- 18:25 20:40 (од 18 Септември)
Поради новите линии, за Лондон од 4 пати неделно се намалени полетувањата на 2 пати неделно...

Нови планирани од крајот на Октомври
Bergamo - Orio al Serio Airport (Milano) од 8,99 евра (52 км. од Милано, не е главниот Милански аеродром, заебано за конекции)(n)
1---5-- 06:00 07:55 (од 29 Октомври) /
Memmingen Airport (Munchen ) од 8,99 евра (не е главниот аеродром, ова е 116 км. од Минхен, заебано за конекции)(n)
1---5-- 11:05 13:10
Malmo Sturup Airport од 17,99 евра (28 км. од центар на Малме)
1---5-- 16:25 19:10 (од 29 Октомври)
Eindhoven Welschap Airport од 12,99 евра (7,5 км. од центарот на Ајндховен, 120 од Амстердам, 100 од Ротердам, 140 км. од Брисел)
--3---7 10:45 13:30 (од 28 Октомври)
Dortmund Airport од 12,99 евра (10 км. од центарот на Дортмунд)
--3---7 17:25 19:55 (од 28 Октомври)
Basel EuroAirport од 12,99 евра (6 км. од Базел, 94 км. од Цирих, 103 од Берн, )
-2---6- 14:00 16:15 (од 30 Октомври)
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160

Јас више си купив повратна Еиндховен - Скопје 25 евра се комплет за во ноември. Топ цена тоа се бараше од дамна, башка директен милина :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во мај годинава се превезени 74.784 патници, односно за 13,5 проценти повеќе во однос на мај лани, кога бројката на превезени патници изнесувала 65.871, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Порастот е најзабележителен на „Александар Велики“, каде во мај се регистрирани 67.225 патници што, во однос на истиот месец минатата година кога биле регистрирани 59.101 патници, претставува зголемување за 13,7 проценти.
На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во мај се регистрирани 7.559 патници, односно 11,7 проценти повеќе во однос на истиот период лани кога биле превезени 6.770 патници. Минатиот месец е забележано и зголемување на карго-превозот при што превезените 216,01 тони претставуваат зголемување од 3,1 процент споредено со превезени 209.49 тони во мај минатата година.
- По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови. Имено, во текот на 2011 година, кога и заврши модернизацијата и реконструкцијата на двата аеродрома во Република Македонија биле превезени 15 проценти повеќе во однос превезените патници во текот на 2010 година. Освен во превозот на патници, забележан е и вкупен годишен пораст во карго-превозот од 9,8 проценти. Со воведувањето на предвидените нови директни дестинации од аеродромот во Скопје по нискотарифни цени, се очекува дополнително зголемување на бројот на патниците, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/75655-Se-zgolemuva-brojot-na-patnici-na-dvata-aerodromi
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
http://wizzair.com/flights/Skopje/
Моментални дестинации
Venezia Treviso од 15,99 евра
--3---7 11:45 13:25 (до 24 Октомври) (30 км. од Венеција)
--3---7 06:00 07:40 (од 28 Октомври)
London Luton од 37,99 евра
-2-4-67 18:25 20:40 (до 15 Септември) (50 км. од Лондон)
-2---6- 18:25 20:40 (од 18 Септември)
Поради новите линии, за Лондон од 4 пати неделно се намалени полетувањата на 2 пати неделно...

Нови планирани од крајот на Октомври
Bergamo - Orio al Serio Airport (Milano) од 8,99 евра (52 км. од Милано, не е главниот Милански аеродром, заебано за конекции)(n)
1---5-- 06:00 07:55 (од 29 Октомври) /
Memmingen Airport (Munchen ) од 8,99 евра (не е главниот аеродром, ова е 116 км. од Минхен, заебано за конекции)(n)
1---5-- 11:05 13:10
Malmo Sturup Airport од 17,99 евра (28 км. од центар на Малме)
1---5-- 16:25 19:10 (од 29 Октомври)
Eindhoven Welschap Airport од 12,99 евра (7,5 км. од центарот на Ајндховен, 120 од Амстердам, 100 од Ротердам, 140 км. од Брисел)
--3---7 10:45 13:30 (од 28 Октомври)
Dortmund Airport од 12,99 евра (10 км. од центарот на Дортмунд)
--3---7 17:25 19:55 (од 28 Октомври)
Basel EuroAirport од 12,99 евра (6 км. од Базел, 94 км. од Цирих, 103 од Берн, )
-2---6- 14:00 16:15 (од 30 Октомври)
Одличен пост.

Може да се додаде дека Меминген е практично на пола пат меѓу Минхен и Штутгарт и дека Малме е блиску од Копенхаген, треба само да се помине мостот.

Не би се согласил дека Бергамо е заебан за конекции, баш напротив, имајќи ја во предвид мрежата на Рајанер на тој аеродром, како и постоечките лесни конекции до Малпенса.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom