Скопје Џез Фестивал 17-24.10. 2011

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Скопскиот џез фестивал е една од водечките музички настани во Република Македонија со традиција од триесет години и е со одлична репутација во Европа и во светот. Во програмите досега се вклучени сите џез стилови.

Ова е програмата на 30-тиот Скопски џез фестивал кој ќе се одржи од 17 до 24 октомври 2011 :

SKOPJE JAZZ FESTIVAL 2011
20-24 October

Prefestival concerts:

17 October, MOB, 20:00
SETHSTAT (Macedonia)
VASIL HADZIMANOV TRIO (Macedonia/Serbia)

18 October, MOB, 20:00
12 Points - Europe's New Jazz::
MARI KVIEN BRUNVOLL (Norway)
METAL-O-PHONE (France)
KAJA DRAKSLER ACROPOLIS QUINTET (Slovenia)

Main programme:

20 October, Universal Hall, 20:00
ALESSANDRO PENEZZI & ALEXANDRE RIBEIRO (Brazil)
WAYNE SHORTER QUARTET (USA)

20 October, MKC, 24:00
TRIO CORRENTE (Brazil)

21 October, Universal Hall, 20:00
MIROSLAV VITOUS QUINTET (Czech Republic/Italy)
CHARLES LLOYD NEW QUARTET (USA)

21 October, MKC, 24:00
FIRE! (Sweden)

22 October, MOB, 20:00
GRAHAM HAYNES / HARDEDGE (USA)
NILS PETTER MOLVAER (Norway)

22 October, MKC, 24:00
ILHAN ERSAHIN’S ISTANBUL SESSIONS (Turkey)
ZU (Italy)

23 October, MOB, 20:00
VIJAY IYER TRIO (USA)
MUHAL ABRAMS/ROSCOE MITCHELL/GEORGE LEWIS (USA)

23 October, MKC, 24:00
THE EX (Netherlands)

24 October, Universal Hall, 20:00
PAT METHENY TRIO (USA)

:vozbud:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се надевам нема да смета пред Џес фестивалот да промовирам едно македонско име кое се пробива низ џез светот.
Прв албум на џез музичарот Иванов


„Диво цвеќе“ е насловен деби албумот на саксафонистот Иван Иванов и неговиот интернационален квартет.


Иван Иванов



Иван Иванов е еден од претставниците на помладата генерација џез музичари во Македонија кој својата наобразба ја стекна на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, Австрија . За време на студиите соработувал со повеќе инструменталисти меѓу кои и Ренато Чико, Карл Хајнц Милкин и Дон Меуза , а учествувал и на повеќе џез семинари кај познати изведувачи како што се Дејв Либмен, Боб Минѕер и Боб Брукенмаер.

Тој цели четири години беше член и на познатиот хрватски џез оркестар HGM со кој има настапувано низ цела Европа, соработувајќи притоа со познати светски музичари меѓу кои и Питер Ерскин, Ренди Брекер, групата ЈЕЛОУ ЏЕКЕТС и други.

Во овој период Иванов ќе пишува и своја авторска музика, а седум од тие композиции ќе се најдат на неговата деби објава Диво цвеќе.


Тоа е мојот саунд, мои композиции кои се доста слични на некои џез стандарди, но сепак се мои.


„Тоа е мојот саунд, мои композиции кои се доста слични на некои џез стандарди, но сепак се мои“, вели Иванов.

Инаку, неговиот квартет е формиран некаде во мај 2008 година по одржувањето на една локална свирка во Грац и во него покрај Иванов влегле Сава Милетиќ на пијано, Џозеф Абентунг на бас и Анџелко Ступар на тапани.





Младите музичари по бројните настапи во својот универзитетски центар ќе настапат и на големиот фестивал во градот, за да потем, по одличниот прием од публиката и од критиката, влезат во студио и го снимат материјалот што ќе се најде на нивната прва објава.

„Сакам да направам промоција и концерт низ Македонија, свој бенд да го донесам во Македонија, се знаеме доста време, па ќе видиме дали тоа ќе биде реално“, дополнува саксафонистот.

Иванов моментално е на магистерски студии во Париз, а за своите идни концертни настапи и за делувањето на интернационалната сцена знае да каже:


Повеќе свирам во странство отколку во Македонија. Во Македонија музичарите не ме ни знаат.


„Повеќе свирам во странство отколку во Македонија. Во Македонија музичарите не ме ни знаат, свирам во Австрија, низ балканските земји, Германија, Италија... Имаме сега една мала турнеја низ Австрија.“

Конечно, Иван Иванов твори композиции кои што звучат доста модерно и во нив силно се забележува потребата да биде во тек со современите текови во џезот, та затоа од него, мнозина, со право допрва ги очекуваат изданија со кои тој ќе го анимира вниманието на њубителите на убавата музика.
Еве и нешто од неговиот прв албум:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Мене искрено ми се допадна иако повеќе се фокусирав пијаното да го слушам. :icon_lol: Можеби во иднина ќе имаме прилика и дома да учествува на Џез фестивал ...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се надевам дека младите музичари ќе бидат дел од овој фестивал во иднина.
 
S

smexy

Гостин
Голема шанса да одам на сите денови, ако цените се слични како лани that is.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Очекувано поскапи цените годинава ...

20 October

Universal Hall, 20:00h
ALESSANDRO PENEZZI & ALEXANDRE RIBEIRO / WAYNE SHORTER QUARTET 900 den.
MKC, 24:00h TRIO CORRENTE 250 den.

21 October

Universal Hall, 20:00h MIROSLAV VITOUS QUINTET / CHARLES LLOYD NEW QUARTET 700 den.
MKC, 24:00h FIRE! 250 den.

22 October

MOB, 20:00h GRAHAM HAYNES & HARDEDGE / NILS PETTER MOLVAER600 den.
MKC, 24:00h ZU / ILHAN ERSAHIN’S ISTANBUL SESSIONS 250 den.

23 October

MOB, 20:00h VIJAY IYER TRIO / THE TRIO: M.R. ABRAMS, R. MITCHELL & G. LEWIS 600 den.
MKC, 24:00h THE EX 250 den.

24 October

Universal Hall, 20:00h PAT METHENY TRIO 1800 den.

Prefestival concerts:

17 October

MOB, 20:00h SETSHTAT / VASIL HADZIMANOV TRIO 250 den.

18 October

MOB, 20:00h MARI KVIEN BRUNVOLL / METAL-O-PHONE / KAJA DRAKSLER ACROPOLIS QUINTET250 den.
COMPLETE SET (ticket for Pat Metheny Trio not included)2600 den.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Skopje Jazz Festival
Две промени во програмата на 30. Скопски џез фестивал:
1. Наместо Graham Haynes & Hardedge, кои го откажаа своето учество, ќе настапат Ilhan Ersahin’s Istanbul Sessions, на 22 октомври во МОБ.
2. Поради недовршените градежни работи околу реновирањето на МКЦ, сите полноќни концерти (Trio Corrente, Fire!, Zu и The Ex) се преселуваат во Кино Милениум.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
145
Поени од реакции
2
продавам карти за вечер пишете ПМ
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
145
Поени од реакции
2
Карти за Џеззз фестивал 2011 пишете пм
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
После вечерва, може да се прогласи фестивалот за завршен.:)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
За претходните вечери, веќе сигурно имате прочитано и барем приближно знаете како било. Ако нешто ми е најтешко да доловам, тоа е џезот..:)

Мислев дека после Вејн Шортер, кој настапи со Брајан Блејд на тапани, Џон Патитучи на контрабас и Данило Перез на пијано, тешко дека годинава некој друг од ветераните, може да пренесе толку емоции.
Значи и за двете последни вечери не е дискутабилна професионалноста зошто повеќе од 50 години се на сцена и создаваат музика.:)

Сношти Чарлс Лојд настапи со новиот квартет, пијанистот Џејсон Моран, басистот Рубен Роџерс и тапанарот Ерик Харланд. Звучеа ..како да ги имаат земено сите хемиски елементи во рацете, за да можат да создадат еден.


Два моќни саати на сцени, по што јас не отидов на Фајр, зошто немаше да биде фер било што да се слуша после нив истата вечер.:)

Еве ја песната (не успеав целата да ја најдам за да ја слушнете) на која највеќе збесна публиката иако ништо не се доловува и доживува преку Youtube. :)

 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Мене ме разочара Шортер.Премногу фристајл за мој вкус. :(
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Скопскиот џез фестивал одликуван со „Повелба на Република Македонија“
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го одликува Скопскиот џез фестивал со „Повелба на Република Македонија“ за исклучителни резултати во тридецениското организирање на оваа врвна меѓународна музичко-сценска манифестација и за презентација на македонското и светското музичко творештво

Врачувајќи го признанието, претседателот Иванов рече дека џезот со својата импровизација, креативност и инструментална посебност е еден од меѓународните, универзални јазици кои ги поврзуваат луѓето и кој секогаш оди со стремежот кон слобода.

- Низ годините Скопскиот џез фестивал стана втор дом за многу светски познати џез легенди, како што се Реј Чарлс, Тито Пуенте, Орнет Колмен, Пет Метини, Вејн Шортер, Би Би Кинг, Чик Кореа, Мекој Тајнер, Херби Хенкок, Џо Завинул, Џон Меклафлин, Сесил Тејлор и многу други, но и отворена сцена за се побројните македонски џез изведувачи - рече Иванов.

Директорот на Скопскиот џез фестивал Оливер Белопета, заблагорадувајќи се за признанието, рече дека тоа за нив претставува поттик да продолжат и во четвртата деценија со истото ниво кое го имале досега.

- Ова е прва ваква награда што ја добива Скопскиот џез фестивал која ја примивме емотивно бидејки доаѓа во вистински момент, од вистинско место. Таа за нас е огромен стимул да продолжиме и во четвртата деценија на Скопскиот џез фестивал со исто така високото ниво кое го имавме досега како во презентација на странски музичари, така и во стимулирањето на домашната џез музика рече - Белопета.

Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom