Скандал со лекови

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.780
Поени од реакции
5.520
Скандал со лекови се случи денеска во аптеката на “Реплек“ лоцирана во Градскиот трговски центар. Граѓанин, кој непосредно пред посетата на министерот за здравство Имер Селмани во оваа аптека, не беше услужен со лековите што му беа потребни, бидејќи, како што му рекле од персоналот - моментално ги нема во аптеката, по доаѓањето на министерот, ги доби своите лекови, без образложение за тоа како лековите одеднаш се појавија.
Благоја Ѓоргевски, во аптеката побарал аминофилин, ранитидин и лекови за циркулација, кои воедно влегуваат во групата на лекови кои од 1-ви јануари годинава имаат еднакви цени во сите аптеки.
“Ова е 20-та аптека утрово во која влегов и овие лекови никаде ги нема на рецепт. Ги нема ниту овде, ми рекоа да дојдам после 1-ви февруари. А ги има приватно да ги купам“, изјави Ѓоргевски за новинарите.
Веднаш потоа во аптеката, во рамките на посетата на неколку аптеки во Скопје со цел да утврдат како функционира новиот систем на единствени цени, дојдоа министерот Селмани и директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев. Во врска со настанатата ситуација, Селмани рече дека тој не видел што точно се случило и не може да коментира. Сепак не негираше дека се можни вакви злоупотреби во аптеките.
“Дојдов овде како министер, а не како инспектор. Не ја исклучувам можноста одделни аптеки намерно да скријат некои лекови. За такви случаи имаме инспектори, кои се 15 на број, па и тие не можат секогаш да бидат на сите места. Затоа апелирам до граѓаните да јавуваат за евентуални злоупотреби“, беше коментарот на министерот Селмани по инцидентот во аптеката.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Мислам дека е јавна тајна дека по аптекиве си ги кријат лековите, така да ова што се случи не ме чуди
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
947
Како прво има приватни апотеки кои баш сега има промена во цените на лековите и се поевтини.

Има апотеки кои даваат исто така од приватниците на рецепти, што е многу одлично.

Лековите во тие апотек не се даваат ако некој пријател им кажал да му чуваат па го чекаат да дојде, или пак стварно немаат едно од тие две сигурно е.

Не е тоа скандал, тоа е веќе видено и нема човек што не го осетил тоа нема болен кој не го искусил тоа.

Како фармацевт можам само да кажам одите во приватни апотеки каде што даваат на рецепти подобро ќе бидете услужени а верувајте и ќе си го најдете лекот.

Пријатно.
 

Ivka

Алхемичарка
Член од
1 февруари 2007
Мислења
300
Поени од реакции
4
Како прво има приватни апотеки кои баш сега има промена во цените на лековите и се поевтини.

Има апотеки кои даваат исто така од приватниците на рецепти, што е многу одлично.

Лековите во тие апотек не се даваат ако некој пријател им кажал да му чуваат па го чекаат да дојде, или пак стварно немаат едно од тие две сигурно е.

Не е тоа скандал, тоа е веќе видено и нема човек што не го осетил тоа нема болен кој не го искусил тоа.

Како фармацевт можам само да кажам одите во приватни апотеки каде што даваат на рецепти подобро ќе бидете услужени а верувајте и ќе си го најдете лекот.

Пријатно.
Скандалозното неиздавање лек на рецепт беше во приватна аптека-Реплек
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
947
Неможам да реплицирам:)

Кодексот на фармацевти н го дозволува тоа:)
 
D

Delux

Гостин
Селмани иако истакна дека не сакал да изиграва испектор,ама правило е да се казни Реплек...се случи пред неговите очи,голема малверзација,сите оние препуцавања дека ќе има ригорозни мерки за неодговорно работење се залудни.
Едноставно требаше да повикаат инспектор и по итна процедура аптеката да се казни
Да би бил на местото на изиграната странка дефинитивно би поддал тужба против Реплек.
Она шо се случи стварно е безсмислено
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
mi treba sovet .sto da pravam zavisna sum od dizepam i sga pocnav gi pijam i so alkohol.pomossssssssssssssss:toe: :tapp: :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom