Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Многу често на форумов, а и во секојдневниот живот читаме/слушаме изреки во стил на: „Сите машки се исти/Сите жени се исти”. Нели, сите сме за тоа дека не треба да се генерализира, но сепак ова клише е на некој начин својствено за разочараните. Во која смисла разочарани? Ете пример девојка/дечко ќе се разочара од некоја врска, ќе излезе како жртва повредена, па му/и' се чини дека сите се исти калибар. Ако два-три пати со ред се разочара некој, губи надеж дека ќе сретне личност со која ќе најде мир, па со таа негативна енергија продолжува понатаму.
Дали сметате и вие дека сите се исти? И што ги прави мажите/жените исти? Кои се тие универзални карактеристики според вас?
Дали мислите дека само разочарувањето го носи ваквиот заклучок и дека тоа мислење се менува ако ја најдете вистинската личност?
Дали некогаш сте мислеле дека сите се исти, но сепак сте нашле некој/а кој/а го сменил/а вашето мислење?
И дали ако се разочара некој може да влијае тоа на него/нејзе и да стане како што се вика „сите се исти”?
п.с. И не сакам коментари од типот: „Да, сите се исти” и толку (таквите ќе бидат избришани). Ако сметате така или спротивно од тоа, ве молам дајте објаснување зошто мислите така. Па, повелете да дискутираме.