Видете го мојот прв пост на темава, сериозно размислуваат да довлечкаат 1300 тони хемиски отрови на Косово и евентуално во Македонија.
Албанија прва се јави на прашањето на САД и на Русија кои земји се спремни да го уништуваат хемиското оружје. Договорот бил да ја отворат постројката сега (крај Елбасан) и уништувањето да почне за два-три месеца.
Ако има вина во ситуацијава, тогаш виновен е Еди Рама и албанската влада што направија ситуација да може да се довлечка хемиско оружје во регионов.
Но народот во Албанија организираше протести во целата држава и ја пробија информативната блокада. Замислете, за прв пат демонстрираа пред Американската амбасада во Тирана.
Во протестите прво се вкучија познати уметници, адвокати, еколози, новинари/уредници, парламентарци и други (екологот Сазан Гури, Зиркон Диша и Алтни Доџај како претставници на невладиниот секторгр, аналитичарот Мустафа Нано и Мерсила Дода од Демократската партија).
Потоа отидоа на втора фаза за да го освестат народот и ги вклучија сите телевизии, па се разви јавна дебата.
На демонстрантие им се придружи претседателот на парламентот, Илир Мета, кој јасно изјави дека Албанија нема капацитет да го уништи хемиското оружје.
.
Водачот на Демократската партија, Љуљзим Баша, изјави дека владата спрема Албанците и меѓународните партнери се однесува како да е ној, и го нападна премиерот Еди рама велејќи дека го заменил владеењето на законот со "владеење на Рама".
("Kjo qeveri nuk ndjen asnjë lloj detyrimi të japi llogari edhe për shkatërrimin e armëve nga Siria. Bëjnë lojën e strucit me shqiptarët dhe partnerët ndërkombëtarë. Ky kryeministër po shkon shumë larg me zevendesimin e sundimit të ligjit me sundimin e Rames.")
Инаку, Албанија досега има уништено 16 тони хемиско оружје во 2007 година, вклучувајќи и сарин. Тоа беа старите залихи од времето на комунизмот.
.