Синус Пилонидалис | Sinus pilonidalis (внатрешни влакна)

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
A

Avenger99

Гостин
Епа, вчера мењав, и оп помалце гној.
Тоа тестото многу ефективно.
Еве пред малце пиев антибиотик, па сега ова да го извадам и да го сменам, очекувам пак помалце крв и восок извлечено.
Вчера сабаље, имаше повеќе за разлика од вчера вечер, а сега ќе видиме, мада очекувам ова да е последното што ќе се извлече.
Него, да прашам, можно ли е ова да ми извлече се, и да не одам на операција???
(Ако нема влакно, тогаш супер, ваљда вака ќе се среди, а ако имам, можно ли е да се извлече вака???).
Нема шанси, ќе гнои нон стоп, само можеш поголема беља да направиш. Само краток оперативен зафат е решението.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.550
Поени од реакции
931

Фала.
Иначе ја не чепкам ништо, само од тоа смесата ставам, и влече тоа. Доста ефективно е. Во споредба со пред 4 дена, дефинитивно се има намалено и веќе не ни боли толку многу.
Него, дали после операција ќе се оправи одма, или ќе искочи нешто друго?? И дали пак ќе има гној???
 
Антибиотици ти дале тебе веројатно за да ти се намали отокот и да може да те оперираат со анестезија, на воспалено ткиво не фаќа анестезија.
Кај мене јас имав големи болки и бев на живо сечење без анестезија, со цел да ми го продупчат тој дел да излезе гнојта, од тогаш 1 година после тоа кај мене цело време гноеше, постоеја 2 мали дупчиња на местото и течеше гној. Кога бев кај доктор Дуни ми рече дека единсствен начин е операција.
Нема што друго да ти се појави. Времето на опоравување зависи од начинот на затварање на раната. Ако докторот практикува шиење веднаш на раната тогаш целиот процес трае неколку недели и после си супер. Меѓутоа прочитај на нет па и овде на форумов ќе видиш дека има поголеми шанси пак да се врати тоа на тој начин.
Кај мене беше оставање на отворена рана, преврски секој ден и капење секој ден, значи се ставаат гази внатре во раната со една течност за дезинфекција ( заборавив како се викаше :D) со цел раната да не затвори површински и одма, него од внатре према надвор, што е доста долг процес посебно кај мене што имав голем рез околу 9 или 10 цм и доста длабоко.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.550
Поени од реакции
931
Еј добри вести :)

Моментално сум добар,и денес бев на контрола.
Дојде таа обочки,кажав како што,и кажа сега си океј,нема сега хирушка интервенција (барем засега),а и кажа дека ќе треба да мењавам пантолони на секои 3 дена, да не седам на компјутер повеќе од саат време, да носам памучни гаки, и да се мијам почесто (особено таму кај што ми беше гнојот).
дека има влакно има,сега за сега не е опасно,ама ќе дојде време кога ќе мора да се санира
за да не дојде пак до компликации ќе мора да се пазам. Друго чаре нема.
И да,повише искачање.
 
Член од
15 октомври 2019
Мислења
2
Поени од реакции
1
Бидејќи пред да ја напраам операцијата, читав кој како поминал од вас, еве за оние кои ќе се решат (а највеќе препорачувам) искуство плус:

Прво, се оперирав во Дежавна на Клиника за пластична хирургија, кај др. Софија Пејкова (извонреден доктор/хирург). Операцијата беше со целосна анестезија и помина без проблеми. Траеше околу час и нешто со се будење. По зафатот, има мали болки (помали отколку кога ќе загнои).

Во болница лежев 5 денови, секојдневно инфузии (антибиотик и против болки), реално имав мали болки од лежење, можев да лежам и на грб, од втор ден сам на нозе.

Инаку сеуште сум со отворена рана, не сум шиен. Одам на преврски секој втор ден и тие ненормално болат , бидејќии е отворена рана и се чисти темелно со јод, ацири борици и некаков си раствор. Вака една недела, а потоа дома сам со туш ќе треба да го мијам местото и сам преврски.

Инаку не чекав да се затворат отворите за дренирање и да настанат болки за да отидам на операција. И тоа ви препорачувам на сите. Не е ништо страшно и не е многу болно.

пс. Коа ја бев примен во болница, цимерите од соба беа шиени и кажуваа дека 5 дена не се станати од кревет, со сокови и без тешка храна. Маки истрпеле. Потенцирам: шиени. Сестрите и докторите со кои разговарав тврдеа дека ако раната заздравува сама, можноста да се повтори истото е 10 проценти, а ако е шиена до 60 проценти.
 
Ауу друже ти си поминал полошо.
Кај мене имаше на братучед баба ми даде една смеса (лек) и од тоа ставав, пукна гној а и крв течеше по малце. Смесата во најлон врзана, и кога ќе пукнеше се миев. Кога отидов кај Обочки последна пат ми кажа да водам подобра хиѓена, да мењавам гаќи и пантолони на секој трет ден, и не ме оперираа. Исто така кажа седење на компјутер повеќе од 2 часа не е препорачливо. Е сега она кажа, ако не води хигена тоа пак може да се појави. Ако е полошо ќе мора и со операција, ама во мојов случај имав среќа.
Е сега, секоја пат кога се туширам обавезно и таму со шампон се тријам и мијам.
 
Член од
6 декември 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво јас сум нова и имам проблем со ова веќе 2 години бев во штип повеќе пати да ме сечат последен пат бев вчера и ми правеа инцизија премногу ме болеше секој пат кога одев без анестезија ако има тука некој што е бил во штип јас се замолив за операција и тој докторот ми кажа дека операција се правело само на пролет-лето и бидејќи сум била женско поубаво да не ме правеле и тој немал време да сум си нашла друг многу лошо се понашаше спрема мене јас му побарав за во Скопје тој ми рече за ова ли ќе одиш во Скопје како да не е ништо страшно и сега не знам што да правам каде да барам помош
 
Барај ја доктор Обочки во градска болница Скопје. Поискусна докторка нема. Она ќе ти каже како што, за каде и кога.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.360
Поени од реакции
19.913
Здраво јас сум нова и имам проблем со ова веќе 2 години бев во штип повеќе пати да ме сечат последен пат бев вчера и ми правеа инцизија премногу ме болеше секој пат кога одев без анестезија ако има тука некој што е бил во штип јас се замолив за операција и тој докторот ми кажа дека операција се правело само на пролет-лето и бидејќи сум била женско поубаво да не ме правеле и тој немал време да сум си нашла друг многу лошо се понашаше спрема мене јас му побарав за во Скопје тој ми рече за ова ли ќе одиш во Скопје како да не е ништо страшно и сега не знам што да правам каде да барам помош
Аиии знам која си, јас бев еден од студентите кои присуствуваа додека те сечеше Стефан - вообразено копиле со God комплекс.

Во Градска во Скопје ме има оперирано Емилија Атанасова од истиов проблем, би ти ја препорачал неа.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
11
Поени од реакции
2
Колку време после операцијата не смее да се има физичка активност? Колку време трае операцијата и дали успиваат за време на операцијата?
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.360
Поени од реакции
19.913
Колку време после операцијата не смее да се има физичка активност? Колку време трае операцијата и дали успиваат за време на операцијата?
3 месеци, трае во зависност од длабочината на влакното, присуство на гној, искуство на хирургот, потенцијални компликации.. што знам еве 30 минути да ги ставиме во просек. Се прави со локална анестезија но ако не делува ондак целосна.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
362
Поени од реакции
810
Бев на преглед кај хирург и ми кажа дека имам синусно влакно. Не знам од што се појавува ама јас по природа сум влакнесто човече, па имам и влакна на задникот. Хирургот ми кажа никако бричење туку само депилирање на тоа место.
Мене не ме боли, туку ме чеша. Бидејќи немам никој познат кој се бафта со депилации сега за сега тоа место го бричам.

Прашање до машките кои веќе го имаат овој проблем - како го депилиравте местото? Сами или одевте некаде? Има ли салони во Скипјево кои депилираат на тоа место?
 
Јас првиот пат се избричив, па ми рече можеш да земеш од оние Veet кремите за депилирање. По маркетиве ги има за жени, а во DM има и за мажи. И сам се средував. Ми препорача ласерска депилација, али за таа претпоставувам дека треба да се дадат малце поголеми пари.
 
Veet кремана за мажи што само нанесуваш на местото и плакнеш со вода и демек сами паѓаат влакната?
Инаку да, ласерската е изгор.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.975
Поени од реакции
14.731
Ако е некој влакнест, нема чаре. 1 операција во ВБ НИш и 7-8 хируршки инте4рвенции имкам правено, и нема спас. На месец-два пак ме фаќа....

Интересно...кога почнува да загнојува местото, како нус појава ми се јавува надуван стомак...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom