Бидејќи пред да ја напраам операцијата, читав кој како поминал од вас, еве за оние кои ќе се решат (а највеќе препорачувам) искуство плус:
Прво, се оперирав во Дежавна на Клиника за пластична хирургија, кај др. Софија Пејкова (извонреден доктор/хирург). Операцијата беше со целосна анестезија и помина без проблеми. Траеше околу час и нешто со се будење. По зафатот, има мали болки (помали отколку кога ќе загнои).
Во болница лежев 5 денови, секојдневно инфузии (антибиотик и против болки), реално имав мали болки од лежење, можев да лежам и на грб, од втор ден сам на нозе.
Инаку сеуште сум со отворена рана, не сум шиен. Одам на преврски секој втор ден и тие ненормално болат , бидејќии е отворена рана и се чисти темелно со јод, ацири борици и некаков си раствор. Вака една недела, а потоа дома сам со туш ќе треба да го мијам местото и сам преврски.
Инаку не чекав да се затворат отворите за дренирање и да настанат болки за да отидам на операција. И тоа ви препорачувам на сите. Не е ништо страшно и не е многу болно.
пс. Коа ја бев примен во болница, цимерите од соба беа шиени и кажуваа дека 5 дена не се станати од кревет, со сокови и без тешка храна. Маки истрпеле. Потенцирам: шиени. Сестрите и докторите со кои разговарав тврдеа дека ако раната заздравува сама, можноста да се повтори истото е 10 проценти, а ако е шиена до 60 проценти.