Се зголемуваат девизните резерви во злато

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
Македонија денеска има повеќе резерви во злато отколку пред еден месец. Дел од експертите сугерираат дека земјата треба ја прекине една деценија старата политика во однос на златото и да почне да купува злато.
Централната банка ја зголеми вредноста на девизни резерви во злато за речиси 19 милиони евра само за еден месец, стои во извештајот на НБРМ. Ако до крајот на јуни златото учествуваше со 228,6 милини евра, до крајот на јули девизните резерви во злато пораснаа на 247,4 милиони евра. И тоа во услови кога цената на златото на светските берзи порасна на рекордно ниво од 1800 долари за унца.

Но дали Народната банка треба да го зголеми вкупното учество на златото во девизните резерви?

Поранешниот гувернер Љубе Трпески во телефонски разговор за Канал 5 вели дека треба да се размисли за таквата идеја. НБРМ скоро една деценија не купува злато. Иако тоа било пракса се до 2001 односно во 2003 година кога злато се купувало од рудникот Бучим и тоа во денари. Ако тој тренд продолжел и до денеска, според екс гувернерот Трпески, златото ќе учествувало и до 30 отсто удел во девизните резерви.

Дел од економски професори па и политички партии веќе излегоа со став дека во услови кога златото руши рекорди, постоело простор со добра политика Народната банка да тргува со златото со цел да го зголеми нивото на државни резерви. Други пак велат дека е логично само земјите со голем суфицит да купуваат злато.
А во светот според најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, се зголемило купувањето на злато особено во земјите со забрзан економски развој. Кина, Русија Тајланд и Јужна Кореа се моментално најголемите тргувачи со злато. Според Светскиот совет за злато најголеми резерви на злато имаат САД 8100 тони, потоа следи Германија со 3400 тони и ММФ со 2800 тони. Резервите на Македонија се 6,8 тони злато. Се проценува дека сите земји заедно во своите девизни резерви поседуваат околу 30 илјади тони или една петина од вкупно произведеното злато во светот.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Остави тоа тука го чуваме златото во наш македонски трезор или надвор некаде, затоа што ако е надвор можи да испари читам јас за случки низ светов.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
to4no.. ne veruvam deka edna unca imaat kupeno. porastot vo evra se dolzi na padot na evroto vo odnos na zlatoto (ili kako sto bi rekle mainstream porastot na cenata na zlatoto)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom