...ниедна институција во МКД не превзема мерки со претерано намножување на чавки, гаврани или што да се птици во градовите кои во ноќните часови ги завземаат високите дрвја покрај стамбени живеалишта со неподнослива ареа на птичојна од пердуви посебно кога е врнежливо или измет по паркираните автомобили и тротоарите испод.
...толку се намножени што прелетуваат цели јата кога ќе се стемни мислиш сме дел од Хичкок хорор филм „Птици“, а и во околината нема ниеден нивни предатор да би се плашеле и да не летаат во црни јата во градски населби, местото им е на отворено таму некае вон населбите, зарем нема доволно простор по парковите или каде нема луѓе, мора ли тука да ни пречат?
... па си помислив дали би вршело работа да ја земам ситуацијата во свои раце и да си обезбедам воздушна пушка, иако ми нудеа на заем, сепак си сакам сопствена, ама како што читам тука, одговорноста е исто како да се поседува оружје во смисол ако некој ме пријави дека во ниедно време со цевката од прозор ги елиминирам штеточините?
... јас сакам само да си ги бранам своите станарски права за мир и спокојство да спијам со отворен прозор и да дишам чист воздух, а не чавкојна?