Јас зедов Gamo Whisper X 4.5 mm. Пред 2 месеци одприлика, прво ја користев како што беше без оптика со механичките нишани. Малце потешкотија имав дури да ги наместам пошто беа скроз безврска ама после беше во ред. За кратко зедов и оптички нишан Norica 4x40AO и сам го наместив и после и центрирав. Пушката доби топ изглед баш онака како што сакав.
За јачина на пушката стварно е ѕверска дупи канта лимена од двете страни, дупка во знак прај ( не го пробива 3мм мислам дека е ) и слично.
Нишанот после да речам поке од 100 метци се изместува по малце, ама лесно е за центрирање повторно. Само ако е наместен на 15 м кога пукам на 25 - 30 м пука погоре малце или подолу. Иначе прецизна е многу. На 50тина метра имам пукано и е топ.
Метци имам и од Гамо и од Норика зедов. Гамото малце потешко ми влегуваа во цевката, а нориката си се таман. Ама од гамото често ми се случваше да ми се распрни метакот и 2 дупки ми праеше во метата. Изгледа дека е доста јака или незнам шо е работата. Со нириката не ми се има случено.
Се на се одлична е пушката. Се чека сега некој врабец да се скини ама слабо низ дворот а и не сум многу дома па си летат наоколу сеуште. Поздрав