Итно се бара лице од медицинска професија (лекар, сестра) за прегледување на превод од англиски на македонски. Лицето треба да е во активен работен однос во сопствената струка и да има најмалку две години искуство со пациенти со Алцхајмерова болест, деменција и слични болести. кандидатот не може моментално да биде на студии или на специјализација и треба да има поминато најмалку две години од последното образование (студии или специјализација). Се разбира, кандидатот треба да има одлично познавање на англискиот јазик. Заинтересираните треба да поднесат актуелно резиме и контакт-информации. Рокот за пријавување е до среда 17.12.14. Трудот ќе биде финансиски соодветно компензиран. За прашања, контактирајте ме преку профилот.
Последно уредено: