Се’ е исто, како да избереме? :)

Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Нивеа помадата каква амбалажа има со години, а колку се купува?
Нивеа има сто години стара амбалажа, а пак е најпродаваниот продукт од козметичките производи.
Не треба воопшто да се земе како критериум амбалажата на еден продукт при оценувањето на вредноста на некаков продукт.Треба да се насочува вниманието повеќе на квалитетот.
Еве јас на пр. имам дома книга од седумдесетите години која ја читам во моментов, дизајн нула а квалитетот е супер во споредба со книгите кои се продаваат денеска, оние лепени со лепаците кои ги користат денеска саридикинела за дување.
И јас го делам истото мислење, за квалитетот, но многумина од народот постојано ги залажуваат производи со некој просечен квалитет ама со убава амбалажа која ја производителите ја наплаќаат убаво, и цената на производот достигнува со цената на оној е навистина квалитетниот производ а кој да кажеме има нетолку убава амбалажа.
И тука ние сме збунети и од толку многу шаренило не можеме да го избереме најубавото. И затоа сите компании гледаат да создадат поефтино шаренило, за да имаат поголем профит. Џабе му е на некој да создаде нежто најквалитетно, кога пак овие просечните со добар изглед ке го изедат у продажба.
Тоа му доаѓа како онаа мисла: -Од шумата не можеме да ги видиме гранките.
Пример, направи го најубавото чоколадо со најквалитетно млеко и надобра класа на какао и завиткај ја во некоја кафеава амбалажа на која пишува "вкусно чоколадо", ама ништо друго не додавај во графиката на амбалажата.
Тебе, за да го направиш првокласното чоколадо ке те чини многу пари труд и време, амбалажата ке ти биде ефтина, и проблемот е тоа што народот нема толку да ти ја купува твојата чоколада, без разлика што таа е највкусната во светот. Причината е непривлечната амбалажа.
Еве конкретно, купи 100 милка чоколади, отвори ги ,фрли ја убавата лилакова милка амбалажа и напрај своја амбалажа како таа погоре што ја пишав,некоја проста, стави ги чоколадите во твојата амбалажа и пробај да ги продадеш истите тие милка чоколади со друга амбалажа, па еве нека биде и по истата цена, набавната цена. Нема да имаш профит од тоа знам, у длабок минус ке бидеш, ама ке знаеш колку успешен ке ти биде производот, т.е неуспешен.
Значи народот сака да купува на око убави амбалажи, внатре производот за кој даваш пари, е доволно да е просечно убав, за да биде многу продаван.

Тука навистина како кривец го гледам народот поради тоа што неправилно размислува. Тој не би требало да купува чоколадо (храна која треба да ја јаде и да му создаде некакво задоволство), поради неговата убава обвивка, туку поради самиот вкус на чоколадото, задоволството.
Но причинителот на проблемот се медиумите.
Рекламните компании секојдневно многу вложуваат во психологијата на купувачите што создале клима да амбалажата ја користат како алатка за манипулирање со чувствата на купувачите,и уствари баш тие, медиумите се тие што успеале да манипулираат со човековата психа и да вештачки да создадат потреба за некој производ.
Постојано не бомбардираат со реклами за детергенти, за компјутерски делови, трејлери за филмови, пијалоци и тн, и сите во своите реклами велат дека нивниот производ е најквалитетен најубав се нај нај, а уствари можеби е нешто просечно што после неколку пати гледање на истата реклама тебе ти влегло во глава дека тоа е она што навистина ти треба, бидејки си го видел на тв и дека тој чичко во позадина што збори дека е најубав тој производ кој го рекламира, навистина ја збори вистината.
Помалку и чудно е како така си дозволуваме све и свашта да ни влегува во глава и да предвреме да одлучиме дека тоа е добро а во суштина никогаш не сме ни го пробале тој производ.
ЗНАЧИ ОСВЕСТЕТЕ СЕ, НИЕ КОГА КУПУВАМЕ, ТРЕБА ДА ГО КУПУВАМЕ ТОА ШТО Е ВНАТРЕ, ДАВАМЕ ПАРИ ЗА ЗАМЕНА ЗА ОНА ШТО Е ВНАТРЕ, ТОА Е ПРОИЗВОДОТ КОЈ НИ ТРЕБА, АМБАЛАЖАТА НЕ Е ПРОИЗВОДОТ,РЕКЛАМАТА НЕ Е ПРОИЗВОДОТ, НЕ ТРЕБА ДА ГО ГЛЕДАМЕ ЦЕЛОФАНОТ СО КОЈ Е ЗАВИТКАНО ТОА ВНАТРЕ ШТО ГО КУПУВАМЕ.
 

P.Eskobar

Лева рака на Десницата!
Член од
2 септември 2011
Мислења
95
Поени од реакции
37
А ако не го знаеш брендот оди по цената, поскапото мора да е поквалитетно! (кој сака нека збори)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
И јас сам се чудам по 2-3 пива веќе грешам и не гледам,т.с. ги мешам ,
дали земам од фрижидерот ЛАШКО - КАМЕНИЦА - или ЗЛАТЕН ДАБ
сите ми се исто зелени но сите подетнакво тераат на брзо мочање.
 
Член од
28 октомври 2012
Мислења
272
Поени од реакции
39
POSKAPOTO MOZNO E I DA NE E PO KVALITETNO MOZEBI E POSKAPO ZARADI DALECINATA NA PROIZVODOT KOJ DOAGA.POZ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom