Серија репортажи за Македонија на руската телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Серија репортажи за убавините на Македонија, за обичаите, традициите и за менталитетот на жителите на нашата држава ќе бидат емитувани во почетокот на идната година на каналот на НТВ - руска телевизија.

Оваа ТВ-куќа е втора по гледаност во Русија, со над 130.000.000 гледачи, а преку сателитскиот канал програмата се гледа и во Америка, Израел, Канада, Европа, Азија и во Австралија.

http://www.facebook.com/photo.php?v=3986653403191&set=vb.103396889694995&type=2&theater
 
Добро, зошто мора сите да се палите ако не' има на некоја телевизија низ светот...?
 
Добро, зошто мора сите да се палите ако не' има на некоја телевизија низ светот...?
Не те интересира како ке бидеме прикажани низ светот?

Се ти е исто ак Македонија биде прикажана како земја од Третиот Свет?
 
Само од која Македонија ќе почне емисијата.
Да се надеваме дека во време на емитувањето бар ќе биде оваа,оволкава колку што е.
Првата емисија треба да биде историска: Која е Македонија, каде е и од од кога е.
Повеќето гледачи тамошни знаат повеќе за Југославија, а нешто можеби и за нас.
Интересно ако се одвој една емисија и за 1913 год, и Букурешкиот договор за делење на Македонија. Ова е поважно да се осознае таму, него ли Охрид, Маврово и Матка.
 
не те интересира како ке бидеме прикажани низ светот? се ти е исто ак Македонија биде прикажана како земја од Третиот Свет?
И вака и така пак некој ќе не' прикаже како таква земја.
 
Само да не се прават Енглези ова Русиве како што знаат во повеќето нивни емисии за Македонија што сум ги гледал и да известуваат од божем неутрална гледна точка.

Треба да застанат во наша одбрана јасно и гласно и да кажат колку терористи од Косово ни накалемија Америте, да го спомнат државниот удар 2001-ва и сите глупости кои ги овозможија и озаконија истите од тогаш па наваму како и каква е реалната моментална ситуација со секојдневно тероризирање кое го спроведува малцинството над мнозинскиот народ нормално со поддршка од ЕУ и нивните "пријатели" Америка.

Е тоа би било емисија, а не да ми прават репортажа за туризам во стил село гори баба се чешла.... да, сметам дека имаат таква обврска према нас, а не да бидат пасивни. Па на крај и од нивен интерес е.
 
Добро, зошто мора сите да се палите ако не' има на некоја телевизија низ светот...?
Добро како да ти пречи на тебе тоа , демек треба да ни стане непријатно што некој ќе не прикажува на нацинална телевизија. :tapp:
 
Добро како да ти пречи на тебе тоа , демек треба да ни стане непријатно што некој ќе не прикажува на нацинална телевизија. :tapp:
Не ми пречи ама се прикажуваме како очајни... Ако сакаш да те сметаат за очаен, во ред, твое право, иди пали се на прикажувањата по телевизиите...
 
Не ми пречи ама се прикажуваме како очајни... Ако сакаш да те сметаат за очаен, во ред, твое право, иди пали се на прикажувањата по телевизиите...
Некој може да искоментира нешто во стилот „што се палите ако сме постигнале спортски успех и не гледала цела европа“ (на што секако дека ти ќе ми одговориш тоа е друго не мешај баби и жаби) ама едноставно некој го радува се што е во врска со промовирање на државата и тоа е апсолутно нормално.

Навистина не знам по кој критериум е тоа очајно еве повели објасни.

Плус не знам која е веројатноста некој странец да знае кирилица, да разбира македонски и да дојде на кајгана да прочита, па да си рече еј колку се очајни за банални работи теми отвараат и после тоа да се замара да ја прошири таквата вест. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom