Хелп!
1.Литературната дејност на Ј.Х.К. - Џинот
2.Анализа на проповедта ,,слово ёа празниците" -К.Пејчиновиќ
3.за Солунската печатница - Теодосиј Синаитски
ии 4. Смислата на животот во делото КАндид- Волтер ( највеќе ми треба)
нешто,некој за темиве?
фала однапред :*
Јордан Хаџи Константинов Џинот
Труд ми е името
Најсилно од сé човекот ја сака слободата и силно се бори против непријателот кој посега по неа. Борбата против поробителот е борба против неправдата во секаква форма. Немирниот и бунтовен дух не може да трпи неправда врз себе и врз својот народ. Таков борец со немирен и бунтовнички дух бил и основоположникот на македонската драмска литература, народниот просветител и филозоф Јордан Хаџи Константинов Џинот.
Роден е во 1821 година во Велес во семејството на клисарот на црквата Св. Спас каде и завршил келијно училиште. На 15 години бил испратен во Самоков да го продолжи школувањето, а потоа во Солун каде го изучувал грчкиот јазик и најновите наставни методи кои подоцна ќе ги применува во својата учителска работа. По завршувањето на школувањето ја започнал својата плодна просветителска дејност, најпрво во Велес, а потоа во Скопје и Прилеп. Заради своите заложби за воведување на народниот јазик во училиштата се судрил со владиците и бил принуден да замине на Света гора, Химос и Патмос. Наклеветен од битолскиот и велешкиот владика бил протеран во заточение во Мала Азија. По долги години во прогонство се вратил во родниот Велес каде се зафатил со просветителска дејност, но и со преводи на античката грчка книжевност. За потребите на училиштата и осовременување на наставата ја превел Доситеевата Ижица, а го напишал и првиот буквар наречен Таблица перваја Како автор на првите драмски текстови ги поставил темелите на македонската драмска литература. Тој е основач и на првата драмска дружина, составена претежно од неговите ученици. Оваа драмска дружина изведувала драмски изведби на народни приказни, како и драми напишани од Џинот. Покрај ова Џинот се занимавал и со пишување поезија. Иако неговата поезија нема никаква уметничка вредност и во основа е рационална , студена и без никакви поетски чувства значајна е по тоа што преку нејзе Џинот подучувал, воспитувал, а неговите песни се првите публикувани песни на македонски јазик.
Една од нјпознатите песни на Џинот е песната Труд ми е името. Основен мотив во оваа песна е размислувањето за човечките добродетели: мудроста, љубовта и трудот. Ова поучна песна без уметнички квалитети, но со воспитна улога е составена од 10 катрени. Содржински може да се подели на три целини. Во првата, во која влегуваат првите пет строфи Џинот настојува да им даде сликовита форма на поимите: мудрост, љубов и труд, претставувајки ги како убави девојки кои пеат и свират на флејта. Во наредните три строфи кои ја сочинуваат втората целина Џинот го искажува својот став кон мудроста, љубовта и трудот, нагласувајки дека ги сака сите, но кога би морал да бира би го одбрал трудот. Во последните две строфи ја искажува користа од трудот.
Џинот е човекот кој во мрачниот 19 век ги палеше светли огнови на сенародното просветување, го штитеше народот од туѓата асимилација и ги кршеше камењата на цврстата и заостаната турска империја.
можеби ќе помогни