Семејно насилство

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталин
  • Време на започнување Време на започнување
Дали сте биле досега сведок на семејно насилство?
Што треба да се превземе според Вас доколку постои семејно насилство во една фамилија?
Кои се причините најчесто според Вас за да дојде до семејно насилство во една фамилија?
семејното наследство се пренесува од генерации на генерации. Така најверојатно тој што врши семејно насилство истото и го трпел. Друга најчеста причина се дрога и алкохол.
Знам дека комшиката го тепаше син и ко мал со каиш, ама детево е жива злоба уште од мал. Што го знаеш може затоа и станал злобен, ама јас не верувам дека од тепање станал таков, таков си е човекот.
Треба да се пријави ви МВР. Кај нас не се пријавува пошо поише не интересира што ќе кажат комшиите.:tapp: Ќе сме се обрукале, ќе не знаело цело село/населба после.
 
Ne mozev ja da vikam policija koga zenata sekogas go kriese nasilstvoto na nejziniot maz.Pa da mi dojdat posle mene na vrata da ispadnam kriva za lazna prijava,kako mislis ti?

Се додека не викнеш полиција не си можела да знаеш како ќе реагира жената. А за тоа дека ќе ти дојдат на врата за лажна пријава нема шанси (освен ако не се јавиш едно пет пати кај нив па им падне сумнително). А немој и да мислеш дека полицијата пасе трева па не може да познае кога имало насилство.
 
Се додека не викнеш полиција не си можела да знаеш како ќе реагира жената. А за тоа дека ќе ти дојдат на врата за лажна пријава нема шанси (освен ако не се јавиш едно пет пати кај нив па им падне сумнително). А немој и да мислеш дека полицијата пасе трева па не може да познае кога имало насилство.
нив курот ги боли ,ако мажот и има пари ќе им фрли некое денарче и се ќе биде заборавено,
 
нив курот ги боли ,ако мажот и има пари ќе им фрли некое денарче и се ќе биде заборавено,

Не е така лесно да се подмити полицаец спротивно од општото мислење. Оди пробај ти да подмитиш полицаец па види дали оди така лесно тоа.
 
семејното наследство се пренесува од генерации на генерации. Така најверојатно тој што врши семејно насилство истото и го трпел. Друга најчеста причина се дрога и алкохол.

И јас верувам дека се пренесува од генерации на генерации.Оној што гледал како ја млатат мајка му утре крева рака на својата жена.За мене несфатлива појава,како може да го правиш истото што некогаш те повредувало?
 
И јас верувам дека се пренесува од генерации на генерации.Оној што гледал како ја млатат мајка му утре крева рака на својата жена.За мене несфатлива појава,како може да го правиш истото што некогаш те повредувало?

И мене ми е тоа чудна појава...ама мислам дека тоа дете живеело во такви услови каде ја млатат мајката и не знае со дуг начин да се разбере , туку го повторува она кое со години го гледал.Ете на пример моите гледаат се со разговор да решат.Па и јас земам пример од нив, и со луѓето околу мене решавам со збор, не сум дигнала рака.
 
Индивидуално е, немора да значи дека ако таткото е лудак и синот ке биде ист.

Сведок бев на тие срања можам докторат да напишам. Но што е тука е. :)
 
Кај нас многу споро ги решаваат ваквите работи, освен ако ти се погоди некој добар вработен иначе има многу незаинтересирани. И да сум била сведок.
 
Кај нас многу споро ги решаваат ваквите работи, освен ако ти се погоди некој добар вработен иначе има многу незаинтересирани. И да сум била сведок.

:kesa:
 
Да,сведок сум била и тоа многу пати...мајката на мојата братучетка...пошто се разведени со нејзиниот и маж и постојано она и беше крива...мојата братучетка кутрата таа постојано беше малтретирана од страна на мајка и,постојано ја тепаше...ја затвараше во соба,не и даваше да јаде.Еднаш кога бев кај неа пред мене ја претепа,посакав да ја докачам веке бившата ми вујна и да ја треснам од земја...:nerv:
 
Dali postoi nekoja organizacija protiv nasilstvo vrz zenata tuka kaj nas? I dali bi mozela da se zaclenam? :)
 
16 дена против насилството врз жената

Насилството врз жената не е веќе табу тема, но исто така се уште и не привлекува посебен интерес или внимание кај пошироката јавност.
Постојните институционални системи за заштита од насилството воопшто, па и за насилстовото врз жената, не располагаат со соодветна законска регулативе и институционална и стручна методологија за ефикасна и квалитетна превенција и заштита од насилството. Мал број невладини волонтерски организации, првенствено “женски”, низ алтернативни програми се обидуваат да го отворат ова прашање, за да укажат на неговата распространетост, да ги охрабрат жените да проговорат за проблемот. Но, сепак, тие се недоволно моќни комплетно да го апсолвираат овој проблем и да влијаат на неговата поуспешна првенција без широка општествена поддршка и без на владините институции. Мал е бројот на специјализирани истражувачки студии и публикации. Кај нас, во нашата земја, со сигурност можеме да истакнеме дека само последните години се забележува поголем интерес на стручната и истражувачката јавност за проблемите на насилството, првенствено на насилството врз децата.
Прашањето за насилството над жената се уште е на маргините на општествената и стручната јавност. Иако нема доволно базични научни, практични и апликативни сознанија за овој сложен проблем, некои невладини организации покренаа програми и спроведоа проекти за непосредни активности со жените жртви на насилство, како и програми за обука на волонтери за активности насочени кон првенција и заштита на жената од насилство. Меѓу првите, со овој проблем се зафати СОЖМ.
Со желба да им се помогне на жените жртви на насилство, во рамките на Организацијата на жените на град Скопје пред десет години е отворен првиот СОС - телефон за жени и деца жртви на насилство, а пред пет години, во рамките на СОЖМ е спроведен проект за психолошка, медицинска и правна помош на жените жртви на насилство. Мултидисциплинарен тим, составен од психолог, лекар и адвокатка, во текот на 1999-2000 година, нудеа советодавна помош на жените жртви на насилство.
Оваа активност тешко ќе се реализираше без финасиска помош од програмата ФАРЕ. Управниот одбор и другите структури, претседателството на СОЖМ, Женскиот центар и тимот на Советувалиштето за жени жртви на насилство и жртвите кои во изминатиот период добија непосредна помош и поддршка, и должат посебна благодарност на оваа програма. Без таа помош, не би се реализирала ниту оваа брошура во која се елаборирани основните прашања за насилството од сите негови аспекти (психолошки профил, медицински профил, различните форми и видови насилство, причните за насилството, семејното насилство, и начините за превенција од насилството).
Во брошурава, покрај теренските сознанија, читателите ќе користат и практични совети за тоа како да се препознае насилството, да се заштитат себеси и да им помогнат на жртвите. Во брошурава се поместени и искуствата од СОС - телефонот и Советувалиштето за жени жртви на насилство.

Претседателка на СОЖМ
Савка Тодоровска

Превземено од НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ НА ЖЕНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

-----------------------
Не сум доживеала нешто вакво, ама сум била сведок на улица ... :toe:
 
Пред 4 години официјалната статистика велеше секоја 3-та жена во Р.М има претрпено семејно насилство.

Полека алкохоло и овие серииве на ТВ + црн бумбар.

Мерки треба да се преземат.
 
Од мали кога машките ги учат дека се господари на планетата и жената (посебно кога се женат, тие ја поседуваат), а девојчињата дека треба да веднат глава...што друго да се очекува :toe:
 
Некаде прочитав, што не мора да значи дека е вистина, дека семејното насилство се пренесува генерациски. Тоа беше спомнато погоре, но јас прочитав дека и жените (не само машките деца) чии родители биле насилни, доколку тие самите не се такви, бираат меѓу мажите некои со слични особини на нивните татковци. Ако е така, се работи веројатно за некакво мазохистичко застранување. Човек што го малтретира сопственото дете, сопружникот, сопствените родители или внуците не е човек.
За жал сум видел повеќепати семејно насилство, во разни форми. Физичката казна понекогаш не е ништо во споредба со психичкото злоставување, чии последици се потрајни, а тој тип на насилство многу потешко се докажува и казнува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom