Семејно насилство

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталин
  • Време на започнување Време на започнување
Некаде прочитав, што не мора да значи дека е вистина, дека семејното насилство се пренесува генерациски. Тоа беше спомнато погоре, но јас прочитав дека и жените (не само машките деца) чии родители биле насилни, доколку тие самите не се такви, бираат меѓу мажите некои со слични особини на нивните татковци. Ако е така, се работи веројатно за некакво мазохистичко застранување. Човек што го малтретира сопственото дете, сопружникот, сопствените родители или внуците не е човек.
За жал сум видел повеќепати семејно насилство, во разни форми. Физичката казна понекогаш не е ништо во споредба со психичкото злоставување, чии последици се потрајни, а тој тип на насилство многу потешко се докажува и казнува.

Да, и јас имам читано за овој феномен.
Лично мислам дека СИТЕ ние цел живот бараме начин да го оствариме моделот за живот кој што сме го научиле од околината т.е родителите. Едноставно, ако некој расте во средина каде што на пример мажот доминира тогаш неговата перцепција за односот маж-жена е таква без разлика дали е машко или женско-едноставно го превзема моделот и го живее, за подоцна да го пренесе и на своите деца, а тие понатаму. Не е важно колку е добар или лош тој модел и колку поединецот е свесен за тоа, битно е тоа што го научил. Тој можеби свесно знае дека тој модел не чини и го мрази и си ветува дека ќе живее поинаку, но потсвесно бара партнери со или врз кои ќе го оствари научениот модел. Заебана е човековата психологија.
 
Епа, тоа сум го чуствувал на своја кожа,и ете веќе 8 години си живеам со мајка ми(нејзината мајка и нејзиниот татко),све е ок,али процедурата кога треба да се договорање за поседок кај татко ми,беше најтежок период во мојот живот.Но,секогаш кога одев во петок,бегав во саботата,и така,значи никогаш не би сакал да бидам како него,не само да го уништам животот на мојата жена,туку и на моето дете.
 
Значит продолжив летово со гледање на несреќни случаи..3 сатот после полноќ фин дечко бара соба,јас му кажувам каде издаваат пошо во моја улица,девојката во колата сака да му избега ,ја фаќа и ја мава од волан ...
 
Еве и моја случка,одиме јас и моите братучеди во центар.. седнуваме на клупата за малку одмор,и што ќе видиме,до хамбургерницата Стоилко има една друга барака за хамбургери но беше затворена(ова се случи навечер бтв),дечкото ја пцуе девојката а истовремено ја држи за коса,оваа некако успеа да притрча,но овој ја фати пак за коса и ја пикна во една кола.. и отидоја,имаше неколку возрасни луѓе кои се шеткаја на околу и не и помогнаја на девојката,или пак да се разберат со дечкото... стварно жалосно..:toe::(
 
Хм... комплексна тема.
Мое мислење е дека за насилството на мажот врз жената е дека се работи за судир меѓу сексуалниот нагон на мажот и брачниот завет за верност.
Значи вака, бракот е ок работа, ама не сите луѓе се створени за него. За некои луѓе е исклучителни штетно да се во брак.
Кај дел од современите мажи, нагонот сеуште е ист како од почетокот: потреба да се биде со повеќе жени, да се освојат што повеќе девојки...

Кога едно вакво лице ќе стапи во брак, ваквата природна потреба и тежината од брачниот завет за верност, создаваат внатрешен конфликт.
Ова со тек на време, се собира и таложи, па по одредено време мажот потсвесно започнува да ја обвинува жена си за “робството“ и тоа што му ја ускратила слободата.
Па тука се јавува каење за стапувањето во брак и сл., се додека некој објективен фактор (најчесто беспарицата) не го потпалат фитилот и работата излезе од контрола...
 
Хахаха ха ха значи поголема глупост не сум прочитала на форум!
Баш тие мажи што ги вараат своите сопруги, се оние кои се цили-мили со нив послем, им купуваат цвеќе и поклончиња ситни, зашто совеста ги гризе и гледаат да им надокнадат на сопругите зашто додека они се шетаат по кафани и хотели со швалерките, жените нивни мораат дома да седат и да ги гледаат децата, за да некој маж има швалерки и жена треба и добро финансиски да стои, а мажите што не стојат добро финансиски и се борат за гол живот и опстанок, едвај се ожениле а камоли на швалерка да мислат, е тие се тие исфрустрираните мажи што ги тепаат своите жени, исфрустрирани се од својата неспособност, лоша среќа во животот и лоши моменти, едноставно незадоволни од својот живот и нервозни постојано таа нервоза ја истураат дома.
 
Хахаха ха ха значи поголема глупост не сум прочитала на форум!
Баш тие мажи што ги вараат своите сопруги, се оние кои се цили-мили со нив послем...

Ти благодарам за оценката на моето мислење.

Јас никаде не спомнав изневерување, туку конфликт меѓу потребата од повеќе жени и брачниот завет за верност.

Поздрав.
 
Ти благодарам за оценката на моето мислење.

Јас никаде не спомнав изневерување, туку конфликт меѓу потребата од повеќе жени и брачниот завет за верност.

Поздрав.
А тие мажи што се во брак многу се конфронтираат самите во себе, и имаат конфликт демек, и не бркаат други жени? Нема врска. Ова пробувам да ти го објаснам, дека и тие мажи што имаат потреба од повеќе жени се женат и имаат фамилија и плус имаат и швалерки, така што ем се во брак ем потребата за многуженство им е задоволена. Бракот не е никаква пречка да се има повеќе жени, кој како си е скроен така ќе си тера до карактерот е не е до бракот, денес си постои и развод, бракот го склучуваш своеволно, никој не ти става пиштол на чело и не ти врзува раце како ти што збориш и не те тера да мора само со таа жена да имаш секс и да ја сакаш, во било кое време можеш да се разведеш, да ја извараш, можеш швалерки да си бркаш ако имаш потреба ете тоа го прават повеќето богати мажи и воопшто си немаат проблеми и нервоза, баш напротив, презадоволни се од животот и не собираат фрустрации и немислат дека бракот е нешто обврзувачко и дека рацете им се врзани и не смеат да гибаат туѓи цицки, баш напротив...
 
Жалам што не се разбираме. Јас погоре дадов мислење за мажи во брак кои од различни причини не го прекршуваат брачниот завет, и покрај желбата за тоа.

И никаде не реков дека е тоа единствена причина за насилството на мажот врз жената.
 
Mene me ostai oti ne ja lupav samari dur ja ebev i nejkev da ja kubam oti neli masko ne udira zensko i sea jebg...
 
Бројот на малтретирани сопрузи во Македонија се зголемува секој ден се` повеќе и повеќе. Жените начисто споулавеа!
 
Бројот на малтретирани сопрузи во Македонија се зголемува секој ден се` повеќе и повеќе. Жените начисто споулавеа!

Не ми се верува сопруга да го тепа .... ццццц просто не ми се верува :pos2:
 
Не ми се верува сопруга да го тепа .... ццццц просто не ми се верува :pos2:

Ова воопшто не е смешно!!! Ако досега мажите ги млатеа жените, сега е обратно. Денес, кога го видов мажот на една комшика со помодрено око, ми се стемни! Па душичка уште кога ми рече дека му треба помош... Немаштијава ги уништи луѓето, ги направи нешто што не се.
 
Овде малите деца уште во градинка ,не знаат ни да зборуваат асално ама прва работа која ке ја научи е како се врти СОС телефон ...
 
Овде малите деца уште во градинка ,не знаат ни да зборуваат асално ама прва работа која ке ја научи е како се врти СОС телефон ...

Е овде мало дете не знае мама да каже, ама како знае да пцуе... Ние, овде на Балканов, почнавме да го живееме каубојскиот период на Америка. Си имаме и каубојци и индијанци, ама полиција и социјални служби, односно луѓе кои треба да се грижат за безбедноста, немаме!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom