Да ти се живи и здрави децата. И точно никој да не се најде во таква ситуација.
НО, те молам немој да си бараш оправдувања. Туку треба да си бараш решенија.
Да, ќе го пријавиш кај колегите. Колегите нема што да ти веруваат тебе или нему. Доколку пријавиш во надлежен орган. Тие по службена должност МОРА да направат записник. Записникот не се прави по нивни верувања, туку според тоа што ТИ ќе го кажеш.
Утре баш тоа пријавување ќе ти биде евентуално покритие (како што ти кажа и gurman2) за понатамошна судска постапка.
Кога имаш два ангели до тебе, треба да се бориш за нив. Твоите деца се твојата најголема поткрепа, за нив треба да живееш и за нив треба да се бориш. Тие те имаат тебе, ти ги имаш нив.
Нема „после што да правам и да дигаш раменици“, туку ќе си ги земеш работите во свои раце.
Ќе си најдеш работа. Побарај по огласи, имаш многу огласи кои бараат помош за нега на стари луѓе. Децата им се во странство, тие останале сами, па бараат некој да им помага, пазари, за нив се грижи. Ем можеш да се договориш за помалку пари да живееш кај нив. Ем ќе имаш кров над глава, ем ќе земаш плата.
Има луѓе кои им треба помош за чување мали деца. Платата е солидна.
Има огласи за да чистиш по куќи. Исто плата солидна. Распрашај се по локални маркети секогаш некаде бараат продавачки. Имаш многу отворени опции. Седни и размисли си со ладна глава.
Знам тешко е. Ама уште потешко ќе ти биде доколку дозволиш твоите деца да ја гледаат сопствената мајка како е физички и психички малтретирана.
Од мене толку, одјава